Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    @rainbowec кремава што ја постираше ти не сум ја пробала, ова ми е уствари прва крема на биотен што ја користам и стварно сум одушевена. мене баш ми ја хидрира кожата оваа а имам огромен проблем со тоа пошто ми е мрсна кожата а уствари одозгора ми е како исперутана и многу ствари ми засметаа одеднаш на лицево. Од нив имам пробано пилинг, тоникот за мрсна кожа и кремава и сите три ми се супер. Мене искрено многу ме изненадија пошто порано не сум обрнувала внимание на нив може да се каже и дека сум ги избегнувала и затоа ми беа откритие на месецов.. :)
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    5.151
    Пол:
    Женски
    @lolanomnom да ја потрошам оваа мојава па ќе и дадам шанса на таа Skinnergy ти што ја користиш.
    Мада... секоја кожа си е различна и различно реагира, така да може мене ни таа нема да ми се погоди.
    Сепак ќе ја пробам понатака... :)
     
    На lolanomnom му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    А ги има овие од Биотен кај нас? Не сум ги видела до сега.
     
    На rainbowec и plava.90 им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    20150407_173403.jpg
    Denes ja zemav,mi ja pofalija pa ja zemav dnevnata na nivea za site tipovi koza,se nadevam ke odgovara :)
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  5. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Девојки, едно прашање и од мене: користел некој продукти од Vichy Normaderm линијата и од Bioderma Sebium или La Roche-Posay Effaclar, за да направи споредба?

    Искрено, се изгубив тотално од толку прочитани рецензии и проучување на состав.8-|

    Инаку, планирам комплетна колекција да земам (уште да дознаам која:rofl:), значи и средство за миење и тоник и крема, па би ми била од корист кратка информација и искуство за било кој од овие производи, од било која од триве марки.:$
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Од Vichy Normaderm ги имам користено течната пудра, кремата (Total Mat) и еден гел за миење со микрогранули.
    Од кремата сум презадоволна; имам комбинирана кожа која на периоди станува мрсна, а поретко нормална. Ги користев во период пролет-лето, убедена сум дека не би ми одговарале во друго годишно време.
    Кремата е доста хидратантна, баш имаш чувство како длабински навлегува во кожата, добро матира и не го затега лицето. Одлична е како подлога за било која пудра.
    Единствена негативност е цената - не ми текнува колку точно ја купив, но беше околу 1000 мкд и тоа ми е навистина скапо за количина од 30мл. Да беше барем 50мл, ќе беше далеку поисплатлива опција.

    Со пудрата сум на on-off; на периоди ми е одлична, а некогаш ми прави и лишаи, кога кожата ми е понормална и не ми се мастат критичните зони.
    Ја имам најсветлата, има многу изразен жолт подтон и додека не ја избледнам убаво мава и на портокалово и изгледа смешно, но кога ќе се стопи со кожата, станува нормална и не се приметува. Она на кое „паднав“ кај пудрава, е тоа што изгледа многу природно и не се познава дека имам нанесено пудра дури и на дневно светло.
    Негативно - има алкохол во составот и мириса многу нападно, на некои цветови (најверојатно има и парфеми), па постојано кивам додека ја нанесувам. Не исчезнува мирисот, некогаш луѓе ме прашувале каков парфем имам, а јас кутрата, не знам како да им објаснам дека тоа е всушност мојата пудра. :lol:
    Mислам дека тоа е и причината поради која ми прави лишаи на носот, во периодите кога кожата во тие зони не ми е толку мрсна.

    Гелот ми беше сосема во ред, но истиот ефект го добивам и со вакви гелови на Нивеа, Балеа, Гарниер и ним сличните, па покрај фактот што ми е прескап, тоа е и една од причините поради која не му се вратив повторно - ми беше нешто веќе видено.

    Од Биодерма зелената колекција, имам користено крема (Sebium Hydra) и мицеларна вода.
    Од мицеларната вода сум презадоволна, ја купив уште многу пати, дефинитивно е рај за ваква шекната кожа како мојата и многу убаво вади шминка. Дури и Ревлон Колорстеј и Клиник ги вадам во рекордно време. Малку е скапа, шише од 500 мл е околу 900-1000 мкд, но мене ми трае максимум 4, понекогаш и 5 месеци со секојдневно користење наутро и навечер.
    Многу малку течност е потребно за да се исчисти лицето убаво, неверојатно добро ја освежува кожата, дава минимален мат ефект, без да го чувствуваш лицето затегнато.
    Предобар производ е, посебно за оние со комбинирана или пак мрсна кожа. Прв пат после долги години наидов на моќен, а сепак нежен производ.

    Од кремата и не сум толку задоволна, зашто иако е наменета за тој тип на кожа, мене лицето ми блескаше веднаш по нанесувањето и по некое време од тоа. Изгледаше како да не е впиена, иако јас чувствував дека е ок и дека лицето ми е во ред.
    Не затега, не матира, доволно е хидратантна, меѓутоа не ми одговараше како подлога за некои од пудрите кои ми се наоѓаа по дома, ми делуваше како некој прајмер (не ги сакам толку многу) и имав нелагодно чувство дека пудрата ќе ми се „лизне“ од лицето.
    Во однос на хидратантноста сум сосема задоволна, ама некако не ми ги исполни очекувањата со останатото и многу ме нервираше тоа што лицето ми изгледаше неуредно и масно во Т-зоната.

    И јас сакам да пробам некои продукти од La Roche Posay, некако убедена сум дека најмногу ќе ми одговараат и ќе ми се допаднат. :wasntme:
     
    На Giovanna и do-re-mi им се допаѓа ова.
  7. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Денес се подновив. Само колку за инфо има попуст во Зегин ... ја имате цената со попуст колку е ...Прв пат ја користам, а ми е препорачана од искусен дерматолог. За мои искуства ќе споделам после две до три недели :) но верувам дека е прва лига a2abda9c512398cdf61e3fc1dbbaf53f1613a604b751b7b82a63fc4ead446746.jpg
     
    На Ygritte и rainbowec им се допаѓа ова.
  8. Hija.de.la.luna

    Hija.de.la.luna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Јас ја земав од еден колонијален маркет ... Сигурно ја има во tine, vero а може и во аптеки . До кај 200 денари е , има и ноќна крема иста таква
     
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    За разлика од повеќето, јас сум задоволна од Биотенот со дуња за нормална кожа. Ја користам заедно со тоникот од истата линија на производи и немам некои замерки.
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Ја земав на Афродита кремата, за хидратација.
    [​IMG]

    Кремата е за нормална, комбинирана кожа. 50 мл е и мислев дека на 3 пати и ќе ја потрошам.
    Доволно е многу малку за да се впие, а лесно се впива. Кремаста и лесна структура, пријатен мирис.
    Потребна ми беше ваква крема за хидратација на лице, бидејќи ми стана сега пак кожата сува. Планирам да пробам и останато од колекцијава на Young & pure, ама тоа во соодветна тема.

    *Иначе прочитав на декларација и по рецензии, може да се користи и како подлога за пудра. :)
     
    Последна измена: 17 април 2015
    На Оленка*, Sexybaby86, naturally и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Користам две креми, Леа Хербал ја користам за пред пудра, а другата откако ќе го измијам лицето со гел..
    Иначе имам комбинирана кожа :)
    Screenshot_27.png
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    @Miss.N, колку ја купи Леа кремата? Мајка ми ја има онаа другата за зрела кожа и многу ми ја фали, па баш се мислам дали да и` дадам шанса на оваа, вака како што читам, мислам дека би ми одговарала.

    Повеќе не ми одговара Афродита од невен, па ја користам само ноќе, а Зиаја со екстракт од краставица ми е многу мрсна и тешко ми се впива.
    Се мислам меѓу оваа и таа погоре постираната на Афродита. Иако, периодов ќе ми треба нешто баш за комбинирана кожа зашто ќе ми блеснува Т-зоната многу почесто.
     
  14. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Добра е јас можда година ја користам и не е ни скапа 350 денари, а ќе ја користиш подолго време.. Проба ја мислам дека ќе те бендиса и антиакни е..
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба некоја крема за секој ден, за комбинирана/ масна кожа...? Порано имав акни, ги користев AVENE & EUCERINE, ама сега ми се некако скапи за секој ден :/ каква е козметиката на AFRODITA? И која цена се нивните креми одприлика? :)
     
  16. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски

    Мајка ми ја користи оваа крема, и јас крадам понекогаш :wasntme: супер е ... Таа кажува дека е задоволна ;)
     
  17. Heart *21*

    Heart *21* Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2015
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    [​IMG]
    Крема за комбинирана кожа, која мене ми беше сосема пријатна на лицето. Доволно хидратантна, но не и премногу мрсна, па во ниту еден момент не светнав на Т- зоната. Цената и беше околу 300 денари.

    [​IMG]
    Ја користам некое време и имам само пофални зборови. Барав дневна и ноќна крема, но се предомислив за оваа 24 часа и не погрешив што ја купив. Лицето ми е неверојатно меко, хидратацијата е исто така одлична и не е воопшто мрсна. Исто така и мирисот е навистина пријатен. Ја купив 166 денари во Космо.

    Не практикувам да го читам составот (доколку некој го направил тоа и кај двете креми нека ја каже разликата), но во однос на квалитетот, оценувајќи според тоа како ми прилегаат на лицето, двете креми се на исто рамниште, а разликата во цената не е занемарлива.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.940
    Допаѓања:
    81.252
    Пол:
    Женски
    Биотен се прокламираат како козметика без парабени, силикони и штетни состојки, ма да мене кремава не ми е ништо посебно, дури би рекла дека нивото на хидратација не е ниту половина од она на Нивеа од сликата погоре.
    Нивеа си е Нивеа, барем мене повеќе ми одговара, кренав раце од кремите на Биотен и продолжив да ги користам тоникот, млекото и средството за вадење шминка околу очи, од зелената колекција.
    Одлични се!
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Ве молам некој што се разбира нека ми препорача, дневен крем за лице за комбинирана кожа и нешто против брчки ноќен крем, серум што треба да користам, иначе имам 24 години. Фалаа