Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    10.585
    Пол:
    Женски
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    јас го имам користено гелот wake me up и бев задоволна. Го користев летно време. Имам комбинирана кожа. На почетокот кога ќе се нанесе гелот некако се зацеметува лицето, ко маска на лицето, на по некоја минутка тоа чувство исчезнува. Убаво го прави лицето, мазно, и не го мрси дополнително.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  3. queen13_

    queen13_ Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    користам DOVE крем за лице,многу ми одговара бидејќи имам проблем со премногу сува кожа и со проширени пори .8)
     
    На love-14 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.561
    Допаѓања:
    106.290
    Пол:
    Женски
    Ај да пишам и јас нешто во врска со две креми кои моментално ги користам :)
    првата е на Alverde со јаболко и лимета
    [​IMG]
    кремава ја земав уште во јануари месец па дури сега ја отворив и по едно неделно тестирање можам да кажам дека е од-ли-чна! наменета е за нормална и мрсна кожа , не остава мрсни траги и кожата ја прави 100% мат. За тие пари мисалм околу 140 ден , не очекував да е толку добра кремава.Во врска со возраста , незнам колку би помогнала во врска со првите брчки :wasntme: баш некоја ако знае нека каже јас ништо не читам на кутијата во врска со тоа. Мириса прекрасно , освежително :inlove:(y)

    и за кремата на Sephora instant moisturizer
    [​IMG] Иако на почетокот реков дека многуми се допаѓа кремава , сега кога се затопли времето гледам дека некако многу ми го мрси лицето , а иако е за мрсно лице кога ја нанесувам не се впива брзо , па затоа и почнав само навечер да ја користам. Ок крема е но не би ја купила повторно :)
     
    На beatriz, Sexybaby86, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Моментално оваа. :)
    [​IMG]
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SoNreir

    SoNreir Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Бидејќи многу ми се мрси лицето, наместо крема да ставам гел како подолга?
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    За мрсна кожа баш гел крема/флуид се користи и само тоа а не крема (ова од козм.).
    Туку јас со масна Т зона да си земам од флуидот со Q10 за комб. кожа од Еуцерин, ваљда нема да светам ко лампион ?!?! Мразам да бирам крема за лице, пудра и маскара кога ќе ми се потрошат
     
  8. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    За летниов период најпогодени ми се кремите на Балеа. Последно ја користев кремата на Зиаја од краставица за комбинирана кожа, но не бев задоволна од негата и мн. споро се впиваше. Вчера ја испробав кремава и задоволна сум, брзо се впива и солидно хидрира дури и сува кожа, а најмногу ми се допаѓа што има UVA и UVB филтер, таман за летово. И морам да напоменам дека мирисот е пресладок :) :)
     
  9. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.773
    Допаѓања:
    17.580
    Пол:
    Женски
    Од Орифлејм е за мрсна кожа. Многу е погоден за мрсна кожа, јас наутро ставам и после цел ден немам никаков проблем. Само што ми здосади веќе, имам потрошено околу 10 кремој и уште овај да го потрошам, па ќе го сменам.
    [​IMG]
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас веќе третпат ја купувам на Нивеа Q10 Plus Anti-wrinkle Pore Refining Day Cream SPF 15 за нормална и комбинирана кожа.
    [​IMG]

    Чудо колку ми се погоди кремов, а првиот го купив чисто онака за проба, бидејќи ми фати око веднаш - ем е против брчки, ем со СПФ, ем за намалување на пори, ем за комбинирана кожа. Долго време го користев Clinique Superdefense, кој патем е 6 пати поскап, а ги извршува истите функции како Нивеава. Битно ми е што кремава е anti wrinkle бидејќи 29-тата ми е на праг, а што е сепак за комбинирана кожа, што ретко се наоѓа, а практично и не постои кај drugstore креми. Ова е првиот и единствен крем што сум го нашла освен Клиник кој делува против брчки, а е наменет за комб. кожа. Обично кремите против брчки се доста мрсни и повеќето се за сува кожа.
    Кремава е екстра лесна, има гел структура, се упива за 30 секунди и е совршена подлога за шминка. Не светнувам ни со пудра, ни кога го носам самостојно. За летно време ми е подобар дури и од Клиник, тој малку ми го „поти“ лицето на топло време. Во врска со намалувањето на порите, не сум забележала некоја драстична разлика, мада сега кога ставам пудра врз кремов воопшто и не ми се познаваат порите, додека порано со други креми пудрата ми навлегуваше во секоја пора. Како и да е, чуда не очекувам, така што делот со порите ми е мање-више небитен. Последно ја земав Нивеава од ДМ на акција за 588 денари, инаку е 600 и нешто, што сепак е драстично помалку од 3.500 за Клиник.


    Исто, кога сум веќе на темава, пошто одамна не сум пишала, да го спомнам и Афродита Hydra Thermal 24Hour Ultra Moisturizing Cream исто така за нормална и комбинирана кожа.
    [​IMG]
    Презадоволна и од оваа крема, моментално ја користам како ноќна, бидејќи е 24-часовна. За под пудра ми е маааалку мрсничка сега на топлово време, па затоа, инаку зимно време ми е одлична како подлога за шминка. На база на вода е, убаво го навлажнува лицето, содржи природен хијалурон и термална вода и ја снабдува кожата со потребната хидратација. Исто е со лесна, гел структура, многу лесно се размачкува и многу малку е доволно за цело лице. Од фебруари ја имам и не е ни една третина потрошена, а ставам секој ден/вечер. Цената не памтам точно колку беше, околу 700, па може и накај 800 да беше, ама со оглед на тоа колку малку е доволно за едно ставање, се исплати.

    Тоа е тоа, до следното мое откритие :D
     
    На Artemission, A-j-a, blueberry93 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас за ништо живо не би ја сменила кремава долго време ја користам:inlove: За неколку дена ми излечи изгореница(флека)на лицето која ја направив со преса за коса:(И денеска немам ни мала трага ни лузна апсолутно ништо:o:D..Исто така секогаш кожата ми е свежа како никогаш да не сум ставила пудра на лицето(природно имам сува кожа,како што си користам нонстоп пудри и ако не ставам крема ужас би била) но со помош на кремава лицето ми е меко како на бебе:nod::) http://www.galafarm.com.mk/proizvod.asp?id=27
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Sexybaby86 беше главниот виновник да ја земам и јас Нивеата. Едно големо благодарам за постот и само пофални зборови за кремата, да не се повторувам. Навистина е лесна структура, + заштитен фактор + Q10 и најбитно не светнувам за брзо време во Т зона.Кој има комбинирана кожа слободно нека ја земе.
     
    На Mrs.Bass, MiloMalo, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Девојки да ми препорачате убава ноќна крема за 23 годишна возраст? Размислувам како полесна варијанта за летово да го земам серумот на Балеа, го користи некој како замена за ноќна крема и како делува? Фала однапред :)
     
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    @UnordinaryOne jaс го користам розевиот Балеа серум и многу ми се допаѓа. Пишува дека содржи Е витамин и Б5. Има многу лесна структура што веднаш се впива. Си го користам и под пудра и како крема. А и цената е доста прифатлива, 150тина ден. Сега мислам за навечер да го побарам тој со Q10 доколку го има.
    Патем, знае некој дали го има и која цена е?
    [​IMG]
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.936
    Допаѓања:
    81.244
    Пол:
    Женски
    Елена, не ти е рано за ваков серум? Мое годиште си, некако не ми е толку веројатно дека на 22 би имала толкава потреба за овој коензим, кожата е се` уште млада и енергична, но тоа е твое.

    Не знам дали го имам видено, не погледнувам многу често накај делот со оваа козметика за жал. И онака ми е во план да поминам накај ДМ, ќе ти кажам дали го има.
     
  16. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Елена, на ова мислиш? :) Фала многу за предлогот, се мислев помеѓу овој флуид и серумот, ама страв ми беше флуидот да не не е доволно хидратантен. Сепак може да му дадам шанса. Инаку, го има тој серумот што го имаш постирано, но ако добро се сеќавaм е за малку повозразни. Знам зошто и го земав на мајка ми. Цената е околу 250 ден, не се сеќавам точно. Можеш да го земеш плавиот серум за хидратација на Балеа, овој:
    [​IMG]
    Пристапна е и цената, околу 250 ден. :)
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.936
    Допаѓања:
    81.244
    Пол:
    Женски
    Патем, флуидите (розевиот и зелениот) мене не ми се доволно хидратантни за да ги користам како замена за крема, затоа внимавајте ако имате намера да не ставате крема. Повеќе ми се освежувачки отколку хидратантни, имам комбинирана кожа и повеќе ми се допаѓа розевиот, зелениот почна да ми матира премногу откако ми се промени кожата.

    П.С. Не одговараат како подлога за секоја пудра, тоа имајте го на ум исто така.
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    @UnordinaryOne фала многу за предлогот, јас гледајќи го пакувањето не забележав дека едното е серум, а другото флуид.
    @Mishela сакам да купам некоја крема како превентива за брчки, но да не биде многу тешка и агресивна како за 30-годишни. А бидејќи мислев дека структурата е како на тоа розевиот флуид (не забележав дека ова е серум) очекував да е нешто како што барам.
    Изгледа на крај ќе се одлучам за тоа AQUA. :)
     
    На UnordinaryOne му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.936
    Допаѓања:
    81.244
    Пол:
    Женски
    Аква серумот е прекрасен, одличен ми е како подлога за пудра, меѓутоа го користам само за таа намена, навечер си нанесувам само од дневната крема на Афродита со невен, таа најмногу ми одговара затоа што не е мрсна и ми годи на кожата.
     
  20. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Задоволна сум од кремата за лице на Алверде со јаболко и лимета , еве и рецензија .