^ВИТАМИН А Овој витамин ги намалува брчките, ги отстранува тврдите делови од кожата и ги избелува темните дамки. Во кремите е познат како ретинол. Тие најчесто треба да се нанесуваат ноќно време затоа што сончевата светлива има негативно дејство врз овој витамин и го намалува неговото дејство. Доколку се појават некакви иритации од овој витамин, не го нанесувајте секој ден, туку преку неколку дена.
Лив ботаникалс ги земав како што и најавив. И искрено...предобро ми реагира кожата.Ми светна на здрав начин,месец дена претходно кремичето за околу очи,сјајот и кремата за чистење ги имав земено,па вака сега во комбинација сите се одлични.
Мене ми беше за само полесно да се размачкува дека имам дома такви капки, ама подобро да си набавам и витамин Е. Море како сум почнала за во аптека ќе ми треба доста парички.Ампули за коса, витамини , такви пасти вакви четки.. Инаку фала за инфото Сеси А витаминот Е колку чини
Па и ние баш зборуваме за Медико идеал, истата фирма само жолтата .Може да ставиш, мене ми е дека не се размачкува убаво, а и Е витаминот е еден од клучните фактори за убава кожа.
Јас си користам моментално повловичева за бебенца и супер ми одговара. . . некако го матура и чисти лицето...барем мене
^^^фарфела, убава е павловичевата, ама си пишала дека имаш проблем со порите и црнки мислам Не ставај толку мрсна крема, таа уште повеќе ги полни порите, бар јас кога ставам помрсна крема, после неможам чаре да им најдам.
Девојки ајде дајте ми совет, пошо ме нервира ужасно лицево. Пишав пред некое време, дека имам мрсна кожа али ептен сува. Па некои од девојкиве ми објаснија дека уствари ми е мрсна кожата нели, али дехидрирана. Дали има некоја прекрасница вака со исти проблем како мојов? Не знам дали да купам крема за сува кожа, или за мрсна. Која би ми помогнала повеќе? Хеееелп
Лакримоса, пробај со Лала кремата убава е влажна крема. Јас таква си ставам, имам нормална кожа А и баба ми става редовно секое утро, лицето и е мазно ниту една брчка нема. Плус спречува пеги и флеки
Офи од аптека ли ја купи Лала кремата ?Сестра ми сакаше за пеги да купи, бидејќи има неколку пегички на носот.
Можеби еднаш веќе сум се изјаснала на темава (не паметам) али јас користам крема од Гарниер за нормална кожа и ептен сум задоволна и покрај тоа шо имам митесери и акни и разни чуда..оваа крема ми го прави лицето перфект..едноставно кога ќе ја нанесам го снемува сјајот (мрснотијата) од кожата..супер е
Јас имам испукани капилари на неколу места на лицето. Одвратно ми изгледаат, не се познаваат многу, но сепак ставам пудра заради нив. Дали знаете некој крем за да се реши ова? Инаку јас имам комбинирана кожа, и во моментов го користам еден на Авон од краставица мислам дека беше, не е лош.
Лакримоса јас мислам најдобро е да земеш лесна, но квалитетна крема, како на пример Пиј мнооогу вода, изгледа му недостига на организмот, па тоа се демонстрира преку кожата. (И јас го имам истиот проблем по некогаш, само не ми е мрсна кожата, па користам похранливи креми. Тие можат да те измрсат дополнително, мислам дека погорниот Еуцерин би ти бил одличен).
Незнаев каде да го ставам прашањето па пишав овде. Дали некој го има користено овој производ за покривање на несовршеностите? Го користам гелот за миење и одличен е доколку ми се појават некои бубулици или поголеми акни се мијам 3 4 дена и ги снемува! Под него го пишува ова: овој производ за покривање на несовршеностите помага веднаш да се камуфлира нерамниот тонус на кожата и видливо ја намалува видливоста на црвенилото. Помага да се намалат знаците од минати несовршености и акни. На секому му е потребно добро прикривање. Се користи како коректор или нешто како крема или основа за пуда, ве молам за одговор.
Лакримоса, и јас мислам дека имам некој сличен проблем со лицето како тебе, некогаш ми е мрсна, комбинирана некогаш кон сува( дехидрирана ако не пијам доволно течности). затоа ја зедов кремата од Green Line што ја постирав мислам дека ќе ти биде погодена
Леле луѓе дури сега гледам дека сте ме прашале Незнам баба ми ја купува, а јас користам Најверојатно од аптека е, мислам дека на друго место и ги нема.
Лала кремата ја има и во обичните продавници и маркети, мислам не е скапа до кај 80 денари да е, повеќе не е.