Девојки препорачајте ми некоја крема за лице, за комбинирана кожа, но со заштитен фактор. Кога ќе излезам преку ден, чувствувам дека лицето почнува да ми гори, а овие кремите за сончање ми се премногу мрсни, за да ги користам секој ден.
@jovanovska94, зошто не си земеш матирачки флуид од Еуцерин? Второ лето по ред ќе го користам, матира и не го оптеретува лицето, го има со факор 30 и ф. 50. Инаку, гледам дека и Sundance имаат матирачки флуид, но не знам дали е достапен во ДМ маркетите кај нас, тоа треба да се провери.
^ Евтино е, околу 2,5 евра, проверете во дм во штандот на essence можеби го има. Не помага многу, колку пари толку музика.
Jas do sega (25god imam) od kremi za lice sum koristela samo becutan no sega sakam da zemam nesto kvalitetno i hidratantno soodvetno za godinite btw ne deka ne sum zadovolna od becutan bi si ja koristela uste ama mislam vreme e da smenam Predlog za dobra hidratantna krema ?? A inace imam kombinirana nakaj mrsna koza koja mnogu se poti letniov period i problem so po nekolku mozolcinja na celoto
Јас имам исто 25 год и досега најзадоволна сум од кремата на Alverde со лимета и зелено јаболко , кожата ја прави 100% мат , идеална е за мрсни лица , и од Clinique superdefence 25 spf која не остава мрсни траги , ми исчезнаа сите црвенила од неа на лицево што ги имав и кожата ми блескаше цел ден, од оваа има и за сува и мрсна кожа , околу 2100 ден е ама вреди. Сега ја користам кремата за мрсно лице на Estee Lauder Day wear но уште немам некакви забелешки за неа освен тоа што прекрасно мириса. Овие две ти ги препорачувам. Е сега кремава на Клиник исто така е намената и да се бори против првите знаци на стареење
Ti blagodaram za sovetot i samo ako moze da mi kazes cena za kremata alverde i kaj mozam da gi najdam dvete pa ke se odlucam za edna, da probam
^^Клиник ја имаш по парфимерии сигурно, Космо, Шатци, Еликсир, цена не знам да ти кажам, ама сигурно под 20 евра не е (ако сум грешка, нека ме поправи некој), а кремот на Алверде го има само во ДМ маркет, чини 139 ден. (го купив пред некој ден). За тоа и дојдов на темава, дека го купив матирачкиот крем на Алверде за овие летни денови кога нема да користам ЦЦ крем, вака засега ми е погоден затоа што имам комбинирана кожа, не светам воопшто и покрај топлото време. За среќа, во лето немам голема потреба од пудра/тониран крем затоа што кожава ми се чисти прилично, ама тониран крем користам поради СПФ.
еве @Annath ти одговори за Алверде кремата , и јас толку ја земав , а на Клиник чини околу 2100 ден 30 мл
Јас не знам што кожа имам... Мислев дека конечно ја најдов вистинската крема - пак разочарување. И од кремата на Алверде засветувам брзо, 1 час максимум. Кожата не ми е толку многу масна, не ми е нечиста, ама ете, која крема и да ја ставам, одма светам на Т зоната. Не ја третирам со милион препарати па за да ми прави вака, пијам вода, пијам витамини, и џабе. Да ја тапкам со камена пудра не сакам, едноставно чувствувам дека не ми дише кожата... Сакам да купам некоја поскапа крема, ама ако не ми одговара, џабе сум ги фрлила парите. Инаку, кремата на Алверде мириса преубаво, лесна е и не ја задушува кожата, пријатна е на лице - ама ете, мене не ми одговара. Ако не друго, барем знам дека не ставам толку штетни хемикалии кои ги содржат другите креми...
^ Прoбaј јa нa еуцерин ph5. Леснo кремче, брзo се впивa, не мaсти, не иритирa. И требa дa е мaлку пoевтинa oд oстaнaтите креми.
За тие што ја употребуваат на Зиаја козјо млеко има добар попуст во Космо,двете дневна и ноќна околу 200 денари.
Феминки ако не е соодветната тема, извинете но мислам дека нема да има проблем. Значи бев во Зегин денес да земам апчиња едни, и здигледав нова колекција производи-француска е Fleurance nature Аптекарката ептен ми ја испофали, дали се на процент од продажба, дали стваро е убава незнам.Ми даде тестер само од дневен серум со еделвајс за сите типови на кожа. Инаку еве гледам на декларацијата пишува:Органса козметика Не содржи парабен, феноксиетанол, силикон и фталати. 98,5% од вкупните состојки се од природно потекло 13% од вкупните состојки се од органско производство Дали некој користи нешто од оваа колекција, да сподели искуство
Фармацевтската индустрија е таква, секогаш има некое ново кремче или карминче што сакаме да го пробаме. Не сакам да експериментирам со козметика и се држам до познатите брендови. Не ни сакам да пробам од Балеа некој прозивод, иако многу женски ги фалат. Можеби фармацевтката ти го пофали, а да не вреди за ништо. не знам фарнцуски ама мислам дека во коментарите имаат пишувано нешто
Така е во право си Оваа била природна, органска.. А јас барав тестер од avene и баш така и стана муабет да ми ја испофали, а avene била полна со хемикалии
кога сме кај еуцерин, на сите со сува и многу сува кожа им ја препорачувам нивната крема за лице со 5% уреа. Кремта е спас за секој со сува или мн сува кожа,не е мн скапа, а резултатите ќе ги забележите уште веднаш. Јас ја употребувам неколку недели и луѓето околу мене ме прашуваат што ми се случи со кожата, не изгледа суво и уморно туку свежо и здраво. Предобра е, ви ја препорачувам.
Здраво на сите, јас веќе три недели користам една крема за избелување на флеките и дамките од лицето од Gamarde и презадоволна сум. Користам дневен, ноќен крем и серум од истата линија. Нека помине уште малку време па ќе направам една рецензија, ама вака како што гледам одлична е и има ефект.