Девојки еве и јас да напишам за кремата на Avene spf50 емулзијата. Ја користам околу 10тина дена. Ја употребувам секојдневно како подлога за пудра. Но некако чуствувам како да не ми легнува убаво на лицето. Имам чуство како пудрата да добива изглед на брашно кога ќе ја нанесам врз кремата. До пудрата да е не верувам.. Инаку ја користам maxfactor facefinity 3 in 1. Ќе ја ставам уште една недела, ако не толку ќе е. И повторно проблем околу изборот на крема како подлога
@Love86 да ти одговорам јас ја користам пената за миење лице од оваа козметика и многу сум задоволна )) оваа козметика е органска па би требало и кремите да им се супер
@Penkalce а мене како ме изнервира во зегин продавачката. Фалејќи ми друга козметика, рече дека avene била полна си хемикалии
Заборавив да те прашам, дали пената ти ги суши лицето и дали ја употребуваш за одстранување на пудра? Јас го имам гелот, мене ми го суши лицето но сепак се е индивидуално..
Некој совет за крема за лице која ке ми помогне во изедначување на тенот и избледување на ситни флеки? Инаку кожата ми е нормална до комбинирана...
Во Космо, околу 700 денари. Јас ја користев пред некое време, во зима, кога кожата ми беше премногу сува, иритирана и црвена, ми перуташе и ме чешаше, кремава многу ми помогна. Исто и на сестра ми многу и помогна, она пати од дерматитис и ептен и помогна.
Денес овој крем го зедов, и се надевам дека не погрешив до сега немам ништо користено од Еуцерин. Некоја од вас го има користено и дали сте задоволни?
Здраво за избелување на ситни флеки и изедначување на тенот јас ти ја препорачувам оваа од Гамард. Моментално ја користам јас и многу сум задоволна. Лесна е како флуид, воопшто не масти и веднаш се впива, а кожата е мазна и хидрирана.
Чие производство е? Не сум чула за брендов порано Прашувам затоа што не сум во Македонија, да знам каде да ја барам, или каде да им кажам на моите да ја бараат Фала ти на одговорот @Biodevojka
Здраво ова е француска органска козметика, марката е Гамард. Во Скопје ја има во Еурофарм аптеките, таму сигурно ќе ја најдеш. Многу е чиста како козметика, 100% природна и како база има термална вода од Гамард (од тука и името на козметиката). Јас сум презадоволна, пробај па види дали ќе ти се допадне. Поздрав и во секое време.
l'oreal triple active, супер е, јас имам сува кожа и задоволна сум, и како подлога за пудра одличен е
Сите креми, лосиони и слично, без разлика од кој бренд се, макар биле и најорганска козметика, ако содржат спф 50, се чиста хемикалија. Мислам дека оние навистина природни, органски производи не содржат спф 50, туку одат до спф 20, максимум 30. Затоа и донекаде е во право фармацевтот што ти кажува дека има хемија во некои производи. Едноставно, тебе не ти одговара тој крем на Авен, па може да го смениш со друг.
Која крема од Зиаја е погодна за мрсна кожа? И каде може да се најде? Ја користев таа со козјо млеко али погодна ми беше само за во зима кога ми требаше поголема хидратација.
Здраво драга, не се согласувам дека високиот фактор пред се значи чиста хемија. Она што ја одредува природноста или хемијата на една крема пред се се филтрите, а потоа и останатите состојки во кремата. Филтрите за заштита од сонцето може да бидат физички и хемиски. Физичките филтри најчесто се употребуваат во органската козметика и се минерали во прав за кои е потребна голема стручност од страна на производителот при нивно вметнување во една формула затоа што ако не се микронизираат или обложат оставаат блага бела трага на кожата и тешко се размачкуваат (а никој не сака крема која ќе го направи да личи на Каспер). Хемиските филтри се хемија и им дозволуваат на сончевите зраци да пенетрираат во кожата, голем дел од нив се фотонестабилни, а некои пак прават хормонска промена во организмот и се сметаат за доста токсични. Верувај ми постојат креми и со фактор 10 кои се чиста хемија, а и оние со 50 кои се фантастично избалансирани. Потоа имам видено и креми *не органски) на кои пишува само физички филтри, а помеѓу филтрите како останати состојки еден куп на силикони, нафтени деривати ПЕГ и што се не. Во овој случај џабе им се сите физичките филтри ако истите се затруени од други штетни состојки. Затоа гледајте ја декларацијата, таму лежи целата вистина. Производителот може да напише што му душа сака, и дека кремата е неалергиска и дека е медицинска и дека филтрите се физички, ама декларацијата ја одредува вистината. Затоа при изборот информирајте се за состојките, гледајте го сертификатот за органско на самата крема, прашувајте луѓе кои ги познаваат состојките и кои ќе знаат да ви објаснат. И за на крај, точно е дека секоја крема не одговара на секого. Може да станува збор за најдобрата крема најскапа, со најдобри состојки и најорганска, а сепак да не одговара на некое лице. Сите сме различни. Поздрав
Така е, сесогласувам со @Biodevojka не мора да значи дека ако има фактор 50 е полна со хемикалии. Ете мене едноставно не ми се погоди avene со spf50, чуствувам како да не ми се впива во лицето. И сега незнам веќе каква да земам. Имам нормална до комбинирна кожа склона на акни
Драга лове ако ти е од помош, јас би ти го препорачала флуидот за сонце кој сама го користам секојдневно со фактор 50 од Гамард. Јас сум презадоволна, лесно се впива, не остава воопшто трага на кожата, не ја масти и одличен е за под пудра. Најважно од се е органски и само со физички филтри без никакви штетни состојки. Имаме сличен тип на кожа и според мене би ти одговарала многу. Поздрав
Благодарам на препораката. Каде можам да ја најдам оваа линија на производи, бидејќи во нашиве аптеки или поголеми супермаркети ја немам видено. Инаку не сум од Скопје Поздрав