Оф,оф,оф нема спас за настолку фалење за џабе,мислам дека и ја зголемивме продажбата Инаку мене лушпи ми се прават на носот,претпоставувам од неа бидејќи минатата недела паузирав т.е дома бев,не употребував никаква пудра само крема и се беше во најдобар ред. Само кажувам лично искуство и како делува на мојата кожа,не мора да значи дека кај сите е така.
Инаку, еве една позитивна работа - мене прекрасно ми одговара кога одоздола нанесувам Афродита со невен, дневната варијанта. Ама, секогаш мора да има едно „ама“ - не знам колку би ти одговарала за во лето, малку е похранлива, па не би можела да кажам ништо повеќе околу тоа.
Фала ти ќе мора да ја земам,и онака ја потрошив маслинка дневната.Јас ја имам употребувано претходно таа невен дневната мислам дека добра ми беше,а ноќната не ми одговараше некако мн мрсна.
Најдобра крема за лице Vichy aqualia и серумот исто така. Цените им се околу 3000 вкупно за двете. Ги имам од аптеката кај тинексот во Ченто и многу сум задоволна. Штом ги потрошам си зимам пак. А имаат и едно средство за чистење лице од таа фирма што вади и шминка и стварно е преубаво. Кремот и серумот ги имам веке два месеци и уште има, а тоа средството за чистење е околу 1000 ама сигурно ќе трае 5-6 месеци зошто е стварно големо.
За пеги и флеки не се користат сега кремите, тие се повеќе за зимскиот период. Летниот период само крем со фактор 50+ а тие креми штом се залади тогаш. Имаат нешто во составот што ако излезете на сонце само со таква крема а немате фактор 50 ставено лицето уште полошо ќе ви стане.
@kala21 мислам дека ти имаш пишано дека сакаше да ја земеш дневната невен крема на afrodita. Ја видов во Тинекс беше намалена на 162 ден(оваа на сликата) А која е подобра и што е разликата меѓу онаа во лимената кутија и таа на сликата
Фала оваа е за лице само,а таа универзал за лице,раце и тело,оваа 50 мл за 160,таа 150 мл за 120 ден.,инаку не сум ја употребувала.
Женски,дали освен кремот со заштитен фактор,ставате и обичен(дневен) крем? Јас ставам од Авенот 50+ тонираната,па пудра мат + од Севентин и камена ...и пак светам бе Не можам да си погодам комбинација,за жал.
Да не случајно го имаш кремот ти за сува кожа? Има емулзија со spf50 за комбинирана кожа но не е тонирана
Не.Баш таа поновата Tinted cream за осетлива кожа ја имам.А,имам тестерчиња од сите сончеви,па можи и да пробам со нив како ќе биди.
Па изгледа.Јас пред некој месец првпат ја видов,т.е претставникот на Авен ми ја даде.Има кафеава боја,како пудра,ама кога ќе ставиш,не остава толку боја,се упива.Јас дека осетлива кожа,не можам се да користам,ама сите што ги имам користено од Авенот,стварно заштитуваат.Според мене бр.1
Девојки, може некој да ми препорача крема за лице што би ја ставала навечер? Гледам дека имам предиспозиции за брчки меѓу вегите, мајка ми ги има, и ја прават да изгледа постојано намрштена. Имам 25 години, па мислам време ми е превентивно нешто да ставам. Дали би било ОК да земам баш крема против брчки или има нешто за помлада кожа што може да го спречи појавувањето?
Девојки, дај кажете искуства за кремата за лице со матирачки ефект од Алверде? Знам дека имате пишувано за неа, но ме интересира дали некоја ја има користено како подлога за пудрата на Bourjois 123 Perfect? Единствено имам проблем со носот, ми светнува за мн кратко, па сакам кремава да ја пробам да видам дали ќе ми смени нешто.