Oвoј периoд нaјмнoгу ми oдгoвaрa нивеa сoфт, oсoбенo кaкo пoдлoгa зa пудрa, бидејќи брзo се впивa, a лицетo не е мрснo.
Имам мрсна кожа,по препорака на другарка си купив од Орифлејм еден крем- Love Nature, од чајно дрво и можам да кажам дека го прочистува лицето и сум презадоволна.
И јас има сува и комбинирана кожа, најзадоволна сум од Лореал, но ќе ти предложам и други кои ги имам користено. Лореал 360 ден. Нивеа за сува кожа, лесна е и брзо се впива. Цената и е исто околу 300-350 денари. Зиаја за сува и комбинирана кожа, цената е околу 250 денари. За летно време мислам дека оваа најмногу ќе ти се погоди бидејќи брзо се впива и не остава мрсен сјај. Како подлога за шминка исто така е одлича.
Не сум ги пробала но соодветни се за твоја возраст па можеш да ги пробаш. За втората не сум сигурна само дали е за сува кожа бидејќи пишува дека спречува мозолчиња кои обично се јавуваат кај мрсна кожа. Ако немаш проблем со мозолчиња подобро земи ја првата крема од Есенс, ако пак имаш вторава ќе ти заврши повеќе работа.
Како сте задоволни од Лореал кремите за лице? Ве читам дека ги користите па ме интересира мислење.И предлог некој за нормална до комбинирана кожа зошто планирам да ги сменам кремиве што ги користам, многу ми го мрсат лицето на времево.
вака жени имав чисто лице низ пубертетот и сега на 18 години по обраѕите ми почнаа да ми излегуваат подкожни црнки освен лосиони и такви глупости што неодамна почнав да ги користам ми треба предлог крема за да не ми се прошири и продолжи проблемов со поткожните црнки и мозолчиња молам за брз одговор, фала однапред
Теоретски уште си во пубертет . Најдобро е да посетиш дерматолог и да ти препорача соодветна козметика која би ти ги излекувала поткожните црнки и која би спречила појава на флеки. Не експериментирај со секакви креми наменети за широка потрошувачка.
@mims-89 бев на дерматолог и докторката ми рече ништо страшно период најверојатно само ми препорача лосион на база на клиндамицин и тоа е тоа, затоа прашав предлог крем за комбинирана кожа. Гледав дека го фалат L'Oreal, а баш сакав да го пробам тој на johnson and johnson но не најдов коментар на некој со искуство со тој производ па ако има некој таков чекам одговор
Лореалот ти е за обична секојдневна нега, нема функција која би спречила појава и раширување на црнки и мозолчиња. А таа на Џонсон како што прочитав е против црнки така да можеш да пробаш со таа, ја има во Космо, лично не ја имам користено.
Дневна- гел крем на Гарниер за уморна кожа Ноќна- Јанг дерм за длабински третман Како подлога за шминка (иако многу ретко ставам пудра на овие температури) - Нивеа софт Околу очи- Докторс
Ја купив оваа крема, зa комбинирана кожа е, а имав намера да пробам органска козметика. Ја зедов од ДМ, околу 150 денари. Ја потрошив повеќе од половина, па мислам дека можам и дадам соодветен коментар. За овој период од годината е одлична, доволна хидрира, не е тешка на лицето, веднаш по ставање има затегнувачки ефект. Како подлога за шминка не сум ја користела, бидејќи во лето не користам пудра, но ставав коректор и не забележав никаква негативна промена. Е сега, мирисот ми е малку дискутабилен, кога ја ненасувам мириса свежо, но после неколку часа (јас не забележувам) но ја прашав мајка ми и неколку другарки, велат дека мириса чудно, некои велат на козјо млеко, некои на железо. Инаку ќе ја купам повторно, од причина што му се допаѓа на моето лице, забележувам дека имам значително помалку митисери (без да ги третирам со стискање), комедони немам воопшто, а моја претпоставка е дека лицето дише бидејќи нема штетни компоненти.