@jovanovska94, јас ја користев и како подлога за пудра, меѓутоа не ми ги задоволи ниту очекувањата, ниту потребите. Ми се појавуваат лушпи кај носот и изгледа ужасно во комбинација со пудрата. Не ми се допадна така, па затоа се вратив на Eucerin Aquaporin за подлога, а оваа како дневна крема. Нема да ја купам пак, затоа што во постудените периоди лицето ми е многу осетливо и нема да ми биде потребен толкав матирачки ефект, па ќе се преориентирам кон нешто друго, оваа ќе остане број еден дневна крема за во лето, многу ми се допадна и мене.
@Mishela и јас го претпоставив истото, дека во комбинација со пудра, лицето би ми било премногу суво, така да, се согласувам дека ми е фаворит за вакво време. Доволна е мала количина на крема за цело лице, па можеби и додека да завршат горештиниве, ќе ја потрошам и ќе барам замена за постудено време. Исто така, заборавив да напишам дека ми се допаѓа пакувањето, ептен е практично, а производителите мислеле и на хигиената, каде оние класични кутии со капаче се крајно одвратни што секогаш мора да пикнеш цел прст за да земеш крема, а не сакам ни да коментирам што се случува со девојките со долги нокти.
Моментално ја користам кремата на Биотен за комбинирана кожа, мене ми е одлична, лесно се впива, ми ја хидратира кожата. И одлична ми е како подлога за пудра. А и цената поприлично ми одговара.
Јас го користам хидратантниот дневен крем со ЗФ 15 од АВОН Nutra effect идрирачката линија на Nutra Effects е врз база на Active Seeds комплекс со чиа семе. Чиа семето е моќна состојка, богат извор на омега 3 и 6 масни киселини, витамини и антиоксиданти. Ова семе може да апсорбира 12 пати повеќе вода од сопствената тежина, па затоа и кожата е хидрирана долго време. Формулата ја зајакнува кожата при заштита од еколошките фактори, како ветер, ладен и сув воздух и овозможува интензивна хидратација и потхранување 24 часа, со што кожата изгледа повторно здраво. Одговара за сите типови кожа и возраст. Се препорачува за кожа подложна на сушење.
Дајте предлог -мислење за крема за сува и комбинорана кожа, да е против брчки, за над 35. Може и дневна,ноќна и околу очи, ама што сте ја користеле.
Јас имам страшен проблем кога станува збор за бирање на крема за лице затоа што секоја крема на почеток ми е ок па после тоа како да се презаситува кожата не ја осеќам ич убаво на лице.Имам комбинирана кожа склона на акни.Користев долго време на Афродита,па земав Биотен ни таа не ми одговара веќе,пробав на Нивеа за мат изглед,бетер ме воспалува,ко маст да ставам на лицето и никако не ја бива.Незнам веќе што да земам.
Веќе некое време користам дневена крема на Лореал за сува и осетлива кожа и сум презадоволна. Ми одговара на кожата, го хидратира лицето а воедно и лесно се впива.
Женски го имате ли испробано DermoPurifyer Дневниот хидратантен крем од зелената линија на Еуцерин? Многу ја фалат исто и ноќниот од оваа линија, ја имате користено и колку кошта?
Зимово многу ми беше суво лицето и ја користев кремата со 5% уреа. Мене ми беше одлична. Мрсна е, но не е тешка. Еден дерматолог ( да не именувам) ја препорачува и на луѓе кои имаат како лишаи поради сувост на кожата, исто и на деца со многу суво лице. Престанав да ја користам во Април-Мај, па незнам како би се однесувала како подлога под пудра на оваа жештина.
Ги користи ли некој кремите на Балеа Soft&clear? Гледам има дневна и ноќна. Па сакам да слушнам искуства околу нив.
@velesanka кај ги користев двете, во комбинација со плавиот лосион за комбинирана кожа и бев задоволна, ми го чуваа лицето мат, но не ми го исчистија кој знае колку. Сега се префрлив на clean & clear кремата oil control и мноoгу повеќе ми се свиѓа. Можебиќе си ја купувам само ноќната од Балеа.
Јас ја користам ноќната, мене ми ги смирува акните и ми ги држи под контрола, веќе второ пакување трошам, и баш периодот кога не ставав зошто ми се потроши првата, тие акни што ми излегуваа ми беа црвени и големи, а откако ја користам немам таков проблем.
Моментално ја користам кремата Gerovital(stop acnee), за контрола на себумот и за кожа со тенденција за акни.. Ја купив неодамна и бев многу скептична, бидејќи имам мрсна и проблематична кожа, па ми беше страв да не ми направи поголем проблем...од повеќето креми кои досега сум ги користела, сум добила спротивен ефект...од мрсна кожа, на крај премногу ми ја сушеа, и ми излегуваа дупло повеќе акни.. Искрено од оваа крема сум многу задоволна, за разлика од другите е хидратантна и не го пресушува лицето...има многу природни состојки, кои имаат смирувачки ефект, па приметувам дека за кратко време ги намалува акните , а исто го намалува и црвенилото...ја препорачувам
Имам норманала-комбинирана кожа. Може да се каже дека ми е чисто лицево, но за време на менс ми излегува по нешто. Досега не сум користела многу креми, освен млеко за чистење, затоа што досега се нешто ми излагало, имам мн.осетлива кожа. Сега се мислам помеѓу овие креми, ако некој ги има користено, ќе ми биде мило ако ми помогне.