Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    Ставај си ја таа од Еуцерин слободно, многу е добра оваа - ја користев и јас извесен период, ми се допадна. Како и сета останата козметика на Еуцерин. :)
    Во лето пробај ја онаа од зелената колекција - dermopurifyier, предобра е за нашиот шлакнат тип на кожа. :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Јас ја имам користено за комб. кожа имам пишувано во темата, да не се повторувам. Презадоволна бев но по искористени 3 кутивчиња како да ми се засити кожата и сменив, но пак би ја купила.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DoktorkaOz

    DoktorkaOz Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам користено оваа крема од Avene, i баш како што пишува МАТ и дава на кожата мат ефект, во комиација со оваа крема го користев и Cleanance гелот за миење на лице од Avene, и сум презадоволна само со оваа комбинација успеав да го регулирам "зејтинот" на моето лице. :)


     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како ви изгледа следниов состав на една дневна крема: вода, исохексадекане, течен парафин, етилхексил стеарат, глицерин, цетил ПЕГ/ППГ 10/1 диметикон, каприлна/каприк триглицериди, парафин, С10-С18 триглицериди, цера алба, стеаринска киселина, полиглицерил-4изостеарат, прунус, Амугдалус дулцис масло, арганиа спиноса кернелот масло, токоферил ацетат, пантенол, хидрогенирано рицинусово масло, натриум хлорид, тетрасодиум ЕДТА, 2-бромо-2 нитропропане-1, 3-диол, дихлоробензил алкохол, хексил цинамал, хидроксиисонекси 3-циклохексане карбоксалдехид, исоеугеноп, линалол.

    Не сум запознаена воопшто со тоа што една крема не е пожелно да има во својот состав. Би замолила, доколку може некој по упатен да ме просветли . Можеби @Biodevojka би можела да ми помогне? Благодарам :*
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дури да ти одгововори Биодевојка, можеш да провериш и ти сама некои состојки на странава : www.cosdna.com
    Само впиши го името на кремата горе и ќе ти го даде составот, а доколку ја нема кремата, напиши го составот и ќе ти даде која состојка е штетна и колку, и која не е.
     
    На softy1 и Avery им се допаѓа ова.
  6. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мноооогу :) баш корисна страница
     
  7. softy1

    softy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Некоја да ја побара,и уште подобро,да ја најде козметиката на La Roche -Рosay во Македонија? :?:
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга Avery еве ме. Не знам за која крема станува збор и не е ни важно, ама според декларацијата која ја гледам како база има синтетичко масло, нафтени деривати, и како силикон присутен е диметикон. Веќе е добро познат мојот став спрема нафтените деривати и силиконите (штом ги видам бегам на друга страна :), ама еве ќе повторам дека даваат лажен ефект на мазна и негувана кожа, а всушност ја сушат или пак предизвикуваат други промени на самата кожа. Со еден збор не се воопшто дермокомпатибилни и кожата не ги препознава. Може да најдеш многу други убави и природни производи, ако сакаш совет или помош при изборот ти стојам на располагање. Поздрав
    п.с. ти оставам два прекрасни сајтови за проверка на состојките кои лично јас ги користам. Едниот е http://biodizionario.it/ кој е сајт на еден од најпознатите хемичари во Италија каде може да прегледаш состојка по состојка, или пак доколку сакаш да разгледаш цел производ тогаш оди на http://in-gredients.it/ во прозорчето каде пишува "un cosmetico"
     
    На rainbowec, simoncelicius и bella.s им се допаѓа ова.
  9. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу што одвои време да ми одговориш. До пред некое време воопшто не го гледав составот на производите што ги користам, но полека почнувам да внимавам. Не сум доволно запознаена, но учам по малку :)
    Конкретно за кремава, случајно ја пробав и многу ми се допадна, но навистина е евтина и се сомневав дека има лош состав. И не сум се излажала...
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга, да знаеш колку изгор скапи креми ја имаат истата силиконска и нафтена база...а коштаат цело богатство!!! Некогаш кога ги разгледувам производите за глава се фаќам. Баш пред недела дена разгледував две пудри едната скапа од реномирана марка а другара поевтина исто од реномирана марка. Составот беше скоро ист, со некои измени меѓутоа квалитетот на состојките горе доле беше скоро идентичен. Епа немам зборови, а башка и двете беа силиконски!!! Понекогаш цената не е мерило, она што е важно е декларацијата, само таму може да видиме што се ставиле во производот. Поздрав и за било што прашај или пиши ми.
     
    На rainbowec, Avery и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, што мислиш општо за Bioten како бренд?
    Ме интересира, зашто наводно сите производи ги претставуваат како органски, без силикони, парабени и штетни состојки, а цените им се баш пристапни за сечиј џеб.

    Јас лично многу често купувам производи од оваа козметичка линија и веќе долго време сум и' вернa на нивната препаративна козметика, па ме интересира твоето мислење. :)
     
    На rainbowec, koritsaki и Avery им се допаѓа ова.
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka би сакала уште нешто да те прашам :) Што мислиш за кокосовото масло како замена за крема? Нема дилеми околу неговите благодети, но дали може на лицето да му ја пружи целосната потребна нега?
    И последното прашање ми е од каде купуваш етерични масла, освен во Био култ? Немаа многу избор, а од она што имаа ништо не ми се допадна.
     
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y му/ѝ се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.545
    Допаѓања:
    106.260
    Пол:
    Женски
    На sia.bella, softy1, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, сега ќе одам на нивниот сајт да ги видам декларациите. Не сум ја користела оваа козметика и не можам ништо да ти пишам вез да ја видам декларацијата. Сега ќе ѕирнам...Coming soon :D

    Здраво драга, мое лично мислење е дека може слободно да го користиш. Ова ти го кажувам од искуство затоа што јас самата го имам користено за време на зимските месеци наместо крема и кожата никогаш не ми била поубава, а како што имам и многупати напоменето ми ја исчисти кожата на лицето. Многумина велат дека е комедогено, меѓутоа кај мене се покажа одлично. Зависи од самата кожа и за секој е индивидуално. И сестра ми го користеше наместо крема и сега моментално го користи и многу е задоволна.

    Што се однесува до етеричните масла во биокулт се најчисти, јас обично земам лимон, лаванда, рузмарин и сладок портокал и тие ги има секогаш. Ако сакаш масло од чајно дрво одлично е она на ЕСИ го има во Зегин и во Ани Фарм т.ц. Капитол. Најдов и друга марка етерични масла од рузмарин и лаванда ама не сум ги пробала, да ги истестирам па ќе ви кажам дали се ок. И Ла Сој имаат етерични масла, имам земено едно од лимон и се покажа добро. Кога го направив тестот за чистота на маслото се покажа чисто етерично. Мислам дека Ла Сој имаат поголем избор, зависи кое етерично масло го бараш. Е сега нивните масла не се органски, додека тие во биокулт се органски. Поздрав
     
    Последна измена: 15 октомври 2015
    На Avery, jovanovska94 и Mishela им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    Те очекуваме сите со нетрпение. :D
     
    На Doozy, Avery, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.412
    Допаѓања:
    38.373
    Пол:
    Женски
    А за афродита какво мислење имаш? @Biodevojka јас претежно ја користам нивната козметика за лице во зима, а еуцерин во лето. А за биотен многу пати имам размислувано ама цените ме бунат, многу се ефтини, а наводно природни.
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга Мишела на нивниот сајт нема листа на состојки на кремите односно декларацијата на самите креми (многу мразам кога фирмите не ставаат декларации на сајтовите како топ сикрет да е формулата). Доколку имаш при рака некој производ (било кој) и ако не ти е тешко ај сликни ја декларацијата и прикачи ја овде да ја видам? Фала драга.

    Дали те интересира некој производ посебно од двете колекции за да го разгледам баш тој или било кој производ да најдам декларација на интернет и да ти кажам каков е составот?
     
    Последна измена: 15 октомври 2015
    На kristina.k и rainbowec им се допаѓа ова.
  18. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Еве од едно кремче за раце, не знам колку е јасна сликата.
    8) WP_20151015_21_17_49_Pro.jpg
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.235
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, еве слики зајмени од блогерки, зашто немам во моментов соодветна камера за јасни слики. Јас лично анализирајќи ја декларацијата имам поделено мислење, но за таа цена има далеку полоши производи на кои имам наидено.
    Онака, ме интересира што имаш ти да кажеш. :)
    ЦЦ-крема;
    [​IMG]

    Средство за вадење шминка околу очи;
    [​IMG]

    Тоник
    [​IMG]
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.412
    Допаѓања:
    38.373
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka за афродита ме интересираше ама вака како што гледам на страната немаат состав на производите, само дека не содржат парабени, бои, силикони и вазелин и наведени се главните активни состојки. Јас моментално ја користам колекцијата од камилица sensitive.
    http://www.kozmetika-afrodita.com/ser/beauty-care/proizvodi/linije/nega-lica/