Koja krema bi mi ja preporacale za mnogu suva koza dali da zemam nekoja na bioten,nivea ili pak nutra efects
Бекутан се препорачува за бебешка кожа, не гледам никаква хранлива вредност или било какво добро за кожата од тој аспект, кај било која „повозрасна“ кожа. Не ти ја знам состојбата на кожата, но и јас сум исто годиште па не гледам потреба од ноќна крема толку рано, но пак ќе кажам, не знам какви потреби и какво лице имаш. Не дека може да се случи нешто лошо ако продолжиш да користиш Бекутан, ама твојата кожа не добива соодветна нега каква што и е потребна. Тоа е мое мислење, не мора сите да се согласат со мене, нормално. За овој тип на кожа ми се допаѓаат кремата со роза на Алверде, Нивеа за нормална кожа со плава линија на кутивчето, или пак онаа со розе линија, во периоди кога лицето го чувствуваш посуво од вообичаено. Фина е и сината Nutra Effects од каталозите на Авон, ако ти се „ризикува“ со нарачка од таму. П.С. Јас како замена за ноќна крема ја користам Nutra Effects, или евентуално нанесувам кокосово масло.
Знам дека рано е за ноќна затоа и не користам стриктно ноќна него пошто гледам дека апла сува ми е на некои места посебно пределот кај образите и затоа од бекутанот ставам дека понеутрална крема ми е, колку толку да ми ја потхрани кожата, али и тоа што викаш нема некоја хранлива вредност. Онда ќе пробам со таа од роза на Алведере па да видам ефект. Фала за советот.
@Mishela Мишелке закон си маааааааа, и да не ми треба ништо, вака кога те читам, од мерак ми иде да си купам нешто. Можеш салон некој за убавина и советување, ќе ти се испонаредат момички пред врата, значи врховен експерт. Пу ама тешка на убедување сум, ајде ќе пробаме некоја нова кремичка, од прва ме убедуваш значи.
@Doozy, не си прва која ми го свртела овој муабет, во вакви кризни моменти, многу малку ми фали за сериозно да почнам да размислувам за смислата на мојата професија. Ама штом тебе сум успеала да те убедам, ондак вајстина сум преминала на некое upper intermediate ниво. Не знам што користиш во моментов, ама пробај нешто, дај и шанса на некоја нова и надежна крема.
Јас не знам веќе што да правам. Знам дека не е најсоодветна тема ама не најдов каде да пишам. Што не пробав веќе, преку глава ми е. Аман. Последниов период ги пробав овие што ми се постирани подоле. Да напоменам дека имам комбинирано лице. На места нормално, на места суво, а неретко знае и Т-зоната да светне, додадете на сето тоа и ладно, суво, зимно време, знаете еднакво на што е тоа. Нервен слом. Тие гелови од првиот спојлер убаво ми го мијат лицето, моментално е супер, ама многу ми го пресушуваат, а се за нормална и комбинирана кожа. Ајде викам да пробам поблаг гел, па го земав розевиот на Балеа, тој во вториот спојлер, супер ми го правеше лицето на почеток, не ми го иритира, мазно, меко, ама еве сега забележувам зголемена мрснотија, а и тук-таму некои ситни акнички, оние ситни кои само на допир се забележуваат или пак на јака дневна светлина, мислам дека знаете на кои мислам. И знам дека тоа ми е од гелот, зашто е за сува кожа и поттикнува лачење на мрснотии. Од креми, сега користам крема на Нивеа со синото капаче, онаа за нормална и комбинирана кожа, а од време на време, поретко и розевата на Нивеа ја имам па и од неа ставам кога ќе почувствувам дека ми треба поголема хидратација. Ја имам и кремата од Алверде од истата линија како гелот, мислам дека од морски алги беше, исто за нормална и комбинирана кожа ама не ми ја хидрира доволно кожата и пак на делови суво лицето, па ја баталив, ете ја стои така. Обично навечер ставам кокосово масло само околу очите, барем за таму немам проблем, ама страв ми е да ставам постојано од кокосовото на цело лице, секоја вечер, па и од тоа да не ми се мрси премногу. Со други зборови, нит се води, нит се тера моево лице, јас навистина не знам што да правам. Кажувајте каде грешам, што да поправам, што да земам. Спојлер Спојлер
@Daydream, мислам дека мешаш премногу производи за различен тип на кожа, па не и даваш воопшто прилика да се прилагоди и да тера како што треба. Ако не ти одговара ништо од домашната збирка продукти, пробај со плавата колекција на Балеа, таа е за нормална и комбинирана кожа, мислам дека има и гел за миење покрај тоникот или лосион, што и да беше она. Јас сум презадоволна од пената за миење лице од оваа колекција, многу е нежна и фино чисти. А кремите за лице комбинирај ги според состојбата, но сведи ја употребата на две креми барем. Доколку сè уште приметуваш зголемено лачење на себум во одредени зони, земи го матирачкиот лосион на Нивеа, во зелено шишенце е, можеби во ДМ е и на акција во моментов, не приметив денес за да ти кажам со сигурност, ама во неговата ефикасност не се сомневај. Мене ми е спас кога приметувам дека лицето ми лачи премногу себум.
Мoжеби јaс oд штo сaкaм дa јa средaм рaбoтaтa, уште пoвеќе јa влoшувaм. Инaку јaс не ги кoристaм сите oвие прoизвoди oдеднaш, aмa мнoгу брзo ги сменив, пa лицевo пo се изгледa не знaе нa штo пoпрвo дa се прилaгoди. Ајде дa прoбaм сo пенaтa oд Бaлеa и ќе терaм сo неa пoдoлг периoд, зaеднo сo синaтa кремa нa Нивеa и ништo другo не стaвaм. Пa ќе видиме штo ќе биде. Ти блaгoдaрaм.
Препорачајте ми крема за под подлогата за шминка Јанг Дерм. Моментално користам гарниер за нормална/комбинирана кожа која ми е идеална за под пудра, ама не и за под подлогава..
Мишела те читам пишуваш дека користиш кокосово масло... нели ги отвара порите или сум грешка? Јас вечна мака имам со лицето... сува кожа, пеги, за среќа немам акни ама затоа влакна колку сакаш ужас.... дај препорачај некој крем за сува и со пеги кожа
Па да, кај некои типови на кожа може да ги затвори порите (не да ги отвори ) и да се појават митесери, но јас не истакнав дека го користам како околуочна крема веќе некое време и само на сувите делови од лицето, по потреба, кога чувствувам дека ми треба нешто „пожестоко“. Масните делови, односно т-зоната ја третирам со друга крема, тука не ми се ризикува зашто и онака имам кожа склона кон митесери. Меѓутоа, тоа најмногу зависи од самата кожа, знам девојки кои користат кокосово масло дури и како подлога за пудра, а мене на пример тоа ми е незамисливо, кожата не ми реагира добро кога го нанесувам маслото по целото лице. Треба да си пробаш за да видиш дали ќе ти одговара или не, вака навистина не би знаела да ти кажам со сигурност да или не. Со креми за сува кожа немам некое големо искуство, но претпоставувам дека постои можност да ти одговара кремата со роза на Алверде или пак Еуцерин аквапорин. Со оваа подлога се сеќавам дека ја користев онаа кремата на Гарние во зелена тубичка. Мене ми беше супер, ептен ми одговараше, па ако уште постои, еве ти предлог да ја пробаш.
Прости ми мишела тоа е дело на ненаспаност. И јас мислев на затвори Кажи ми од аптека го купуваш? И цена кажи ми. До сега користев само бекутан со 30/50 фактор или со цинк. Мора да почнам со некој за позрела кожа
http://www.aveneusa.com/cleanance-cleansing-gel-for-face-and-body Во комбинација со нивни производи, емулзија/крема за третирање на проблематична кожа. Во зависност од тоа во каква состојба ми е кожата периодот.
Во сите подобро снабдени аптеки, јас обично ги земам од Еурофарм. Еве тука можеш да ги разгледаш производите http://apteka.com.mk/index.php?route=product/search&filter_name=avene
La roche posay effaclar duo , ја користам лицето ми стана чисто , порите намалени , прекрасна крема , исто го прави лицето мат и е прекрасна подлога за под пудра. Феминки пишуваа дека ги има во некоја аптека во Капитол , пробај нема да зажалиш