знам дека и по пазарите ја има баба ми купува, а иначе мислам дека има и дневна и ноќна ама не сум сигурна
За мојата проблематична ,комбинирана и чувствителна кожа оваа крема е совршена и најефикасна е од сите кои досега сум ги користела.
Обично користам бебешки креми кои се адаптираат и на мојата кожа, затоа секогаш се консултирам со аптекарката. Не можам да користам други бидејќи ми е чувствително лицето на некои креми. Моментално користам Биби Сан, претходно користев Нивеа Софт Бејби, па Бекутан, но аптекарката ми рече дека Бекутанот не е добар за возрасна кожа. Задоволна сум од Биби Сан засега, имам и крема од Авон со мед и бадеми, но не можам секојдневно да ја користам, обично откако ќе го исчистам лицето со ист таков пилинг ставам од неа и лицето ми е преубаво, нежно и чисто.
После сите гом*а што помина низ мојата кожа ,а ги имаше доста 100 врсти на Лореал Нивеа Виши Авон Еуцерин Клиник Ланком ....абе ви викам многу ги имаше И од сите ,иако чиста кожа имам,само се исфрлував,или па недела дена супер ќе ми беше и после ми се презаситуваше кожата... Ама сеа коа бев болна ми се појави мало црвенило под очите од алергија на антибиотици И докторката ми кажа да ставам павловичева ,ама оргиналната, за да ми се повлече.. И јас со неверување и тешко срце почнав да ја мачкам ,си мислам она антибиотикот ми го утнала ми дала некој што сум алергична на него,па сега уште совети за помади ќе ми дели а и нели многу е мрсна павловичевата мислев ќе се исфрлувам од неа,ама за дивно чудо ми го повлече не само осипот него и тоа малкуте бубуљички што ги имав А имам комбинирана кожа иначе,на Т-зоната ми е мрсна па знае некое ситна бубуљичка да ми излезе,а еве од тогаш ништо чисто лицето како солза Само значи оргиналната павловичева,а не таа во розева кутија што е на алкaлоид мислам, Е оваа
^Па јас од Зегин ја купив,незнам во другите аптеки дали има,ама кога ќе ја бараш ќе им нагласиш дека оргинална павловичева сакаш.А за цена незнам точно негде од 100 до 150 денари не е повеќе
Ај јас една анти-реклама да направам. Ми заврши Нивеа Бејби, во сино пакување, па си купив друга, надевајќи се дека иста ке биде. Арно ама, не била. И составот и е различен и лицево ко на пубертетлија ми го направи. Уште побетер, не можам нигде да ја најдам старава. Можно ли е да не се произведува?
Крема eucerin Q10.700 денара ја земав ама вреди за парите.Прв пат ја користам сега.Пред тоа користев nivea oksigen power,таа некаде околу 500-600 денара беше,ама викам ај да променам малсе,и garnier исто така ја користев.Кога ќе ми заврши оваа планирам пак да купам еуцерин.
Од Афродита хидратна крема од бадем.Портокаловата....Има и дневна и ноќна,јас зборам за дневната.Едноставно совршенство е оваа крема..чини околу 370 ден..и не би ја менувала за ниедна друга.Сум ги пробала и другите од Афродита , ама немаат врска со оваа..магична е..колку и да ми е суво лицето..колку и да изглеам преморено..откако ја ставам сум како нова..им ја препорачувам на сите дефинитивно!!!
Јас ја користам на dr.scheller од германско произвотство е , и многу ми се допаѓа зошто нема силикони и конзерванси и е на база на растенија а е изработена според принципите на Nano Solves , цената е пристојна како на нивеа околу 600 ден. со оглед на кавалитетот не е скапа и тоникот им е добар.
Ок, веројатно досега забележавте дека се поднавлеков на производите на Рефан Вака: си ја зедов кремава вчера: Со екстракт од роза, за чувствителна кожа. Нема никакви вештачки бои и мириси, и кожава убаво ми ја поднесе првиот пат (што ретко се случува кај мене). Ќе ја комплетирам и со органска розина вода наскоро, па ќе ви кажам резултати на подолг рок. Вака од прв пат презадоволна сум, ја омекнува и хидратира кожата. Само мирисот не ми се допаѓа. Природен мирис на ружа, ко бапски парфем, и се чувствува на кожата, ама не ми пречи многу, сепак решив да ја пробам и гледам дека е квалитетна.
Нивеа софт си користам,бидејќи немам проблематична кожа..но во последно време ,ми се појавуваат бубулици па користам од Green line , на база на јаболко што е. И ми се повлекоја , па кај и да е ќе се вратам на ниеа софт.