Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. noraaa

    noraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Kremava ja nanesuvas na celo lice ili strikno samo na mozolcina ?
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.554
    Допаѓања:
    106.274
    Пол:
    Женски
    На целото лице како и сите креми , исто и навечер пред спиење :)
     
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Imam 21godina i imam epten suvo i custvitelno lice...koristam samo bekutan taka mi e po mrsen i ubavo mirisa. Dali treba nesto da smenam i sto bi preporacale?
     
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @Youknow Детскиот крем бекутан е прилично масен, но тоа не значи дека ја обезбедува потребната хидратација на кожата особено во есенско - зимскиот период. Со оглед на тоа што имаш изразено сува и чувствителна кожа, најдобро е да посетиш дерматолог за правилна нега.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.238
    Пол:
    Женски
    Не мора @Youknow да посетува дерматолог доколку нема некои специфични кожни проблеми. За жал, нашите дерматолози под „нега“ подразбираат скапа козметика од која најчесто профитираат и тие како „промотери“.

    Доколку си користела препарати за нега на лице од други козметички брендови како Нивеа, Гарниер, Биотен, јас ти давам предлог за почеток да си одбереш некоја крема од таму.
    Имаат креми наменети за сува и осетлива кожа, лесно ќе ги пронајдеш и ги има дури и по маркетите.
    Мој предлог е Нивеа со розе линија на кутивчето, таа е наменета за твојот тип на кожа, но дали ќе ти се допадне не знам.
     
    На Youknow, naturally, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @Mishela Советот го дадов од лично искуство и не е на одмет да посети дерматолог. Тоа е мое мислење.
     
  7. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.199
    Пол:
    Женски
    јас сум задоволна од кремите на Гарние, многу брзо се впиваат и се далеку полесни од Бекутан. Исто и Зиаја со козјо млеко, таа е и обично на попуст во Космо.
     
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    3.478
    Исто и Алверде со роза што ја препорача предходно е многу добра. Штета немам ДМ овде, инаку пак би ја купила. Плус цената е одлична 140-150 денари.
    Јас моментално ја имам Nutra Effects, ми се допаѓа колку меко ми го прави лицето , супер хидрирa.
    [​IMG]
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Penkalce

    Penkalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    @Biodevojka а може ли да кажеш збор два за Dr.Scheller козметиката еве конкретно ме интересира за кремата со Bio Jasmin :)
     
    На blackstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, еве ја најдов декларацијата на кремата за која ме праша

    INGREDIENTS: AQUA (WATER), HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL*, MACADAMIA TERNIFOLIA SEED OIL*, GLYCERIN, COCO-CAPRYLATE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER*, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS (SWEET ALMOND) OIL*, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL*, CETEARYL ALCOHOL, BENZYL ALCOHOL, JASMINUM OFFICINALE (JASMINE) FLOWER EXTRACT*, FICUS CARICA (FIG) FRUIT EXTRACT*, PARFUM (FRAGRANCE)**, LINALOOL**, GERANIOL**, EUGENOL**, FARNESOL**, TOCOPHEROL, XANTHAN GUM, GELLAN GUM, CETEARYL GLUCOSIDE, POTASSIUM SORBATE, STEARIC ACID, PALMITIC ACID, PHENETHYL ALCOHOL * ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils

    Кремава е ок, убаво избалансирана, наменета е за сува кожа, меѓутоа според мене одлично се впива и не остава масна трага со оглед на тоа што маслата од сончоглед и макадамија кои се база на оваа крема се избалансирани со глицерин и коко каприлат, кои даваат сув ефект кога ќе се намачкаат на кожата, односно на некој начин и помагаат на кожата да ги апсорбира состојките без да се масти. Има и шеа путер кој исто така е од огромно значење кога станува збор за една крема каде се присутни повеќе видови на разни масла. Со еден збор тешките масла се избалансирани со полесните. Според мене ова е доста убава крема за сува кожа и за ладно време, ја регенерира, ја храни и омекнува кожата. Дел од состојките се од органско потекло, а можам да замислам колку е прекрасен мирисот на јасмин. Доколку ја пробаш пиши како си задоволна за и другите да знаат горе доле каков ефект има. Поздрав
     
  11. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Kade ja ima ovaa krema i kolku e pari,jas imam suva koza i nikako da pogodam krema sto mi odgovara,ili biodevojka neka predlozi nekoja
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво оваа колекција јас ја имам видено во Космо и во Биокулт. За кремава во случајов за која ме прашаа добра е за сува кожа, ама ја немам пробано така да не знам да ти кажам како делува на лицето. Што се однесува до креми за сува кожа кои ги имам пробано и според мене се одлични (јас имам комбинирана кожа, ама пробувам од сѐ по нешто за да ви олеснам во изборот) може да ги наведам следниве:

    1. Кремата од роза на Хаушка мислам дека е околу 1170ден. за 30 мл. (ја користев лани и ми се допадна, наменета е за многу сува кожа)
    2. Кремата за многу сува кожа на Виво Олео 1280ден. за 30 мл. (ја истестирав во рок од месец дена и во една од наредните статии ќе напишам детална рецензија за истата, наменета е за многу сува кожа)
    3. Кремата за сува и дехидрирана кожа на Гамард 1105ден. за 40 мл. (ја имам користено и навистина е одлична, освен што храни ја враќа и хидратацијата на кожата)
    4. Кремата за активна хидратација на Алоедермал 400ден. за 40 мл. (оваа ја користев додека живеев во Италија и ем е евтина ем убаво ја хидрира кожата, а може да ја користат и оние со нормална кожа затоа што не масти)
    5. Маслото од роза на Алверде околу 210 ден. за 10 или 20 мл. (го користев лани како ноќен серум и многу бев задоволна, прекрасно мириса и одлично ја омекнува кожата).

    Се надевам дека сте задоволни од предлозиве. Поздрав
     
    На honest girl, el3na, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Бекутанот е добар за бебиња и деца затоа што ним не им треба длабинска хидратација, нивната кожа сама си работи. За возразни никако не е соодветен затоа што само стои на површина и не го храни лицето. Исто ко што на стомакот му е потребно нешто повеќе од кашички кога ќе порасне, и на кожата и треба друга храна. И сум забележала дека сите што вечно употребуваат Бекутан имаат сува и неухранета кожа.

    Пробај со Corine de Farme за сува кожа. Другарка ми има ист тип на кожа како твојата и многу е задоволна од кремчево.
     
  14. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ако се одлучиш да промениш нешто, обиди се со крем од Ziaja од cocoa butter линијата. Или обичниот или light formula би ти одговарал. Ако ти е чувствително лицето можеш да почнеш со оној со light формула.
     
  15. Jasnicka_sk

    Jasnicka_sk Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Jas koristam 2/1 krema i piling i sum prezadovolna . Kremata e so crno seme i kolagen i e na prirodna baza.
     
  16. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    За навистина суво лице само Еуцерин крем со 5% уреа, хидрира,не мрси, плус прави трайни промени, мене ми се случуваше дури како лушпи да ми се прават кай носот, но после кремава заборавив што е тоа сува кожа
     
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Ја има некој пробано колекцијата на Фитофарм Леа со екстракт од чајно дрво за млада кожа?
     
  18. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Девојки имам 25 години, користам Лореал крема. Ми се појави мала брчка до устата, совет? Треба ли да користам крема некоја за брчки? При крај ми е веќе кремата, па не знам каква да купам.
     
  19. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    5.129
    Пол:
    Женски
    Девојки, во потрага сум по крема за лице за зимскиов период.
    Имам комбинирана кожа, ама зимно време некако доста ми се суши па не знам што да изберам... како шашава сум во продавница кога ќе влезам се сакам да пробам.
    Ми треба нешто хидратантно и што ќе ме штити од студот, само да не биде прескапо... докај 300-400 денари максимум.
    Фала однапред! :)
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ако досега ги немаш користено- пробај ги кремите со невен од Афродита.
    Моментално се на акција во Тинекс, дневна+ноќна за 240 денари.
     
    На Doozy, rainbowec и mimi**** им се допаѓа ова.