А какви креми пробуваше што Бекутан после нив беше толку добра? И каква кожа имаш што ја препорачуваш на секаква кожа од утро до вечер? Во што забележа разлика, каков ефект даде оваа после кремите што ги употребуваше?
Имaм мнoгу oсетливa кoжa сум кoристелa рaзни креми нaвистинa не се ни сеќaвaм Нивеa,кремa oд крaстaвички oд кaмилицa експериментирaв сo чaј oд кaмилицa нa пoчетoк се пoкaжувaa дoбрo резултaти нo пoсле некoлку денa пoвеќе се нaфрлaв бекутaн ти ги oтстрaнувa црнките нa лицетo ти јa прaви пoнежнa пoсветлa бебешкa јaс не кoристaм ни пудрa блaгoдaрение нa бекутaн
Здраво драга, декларацијава која ми ја порстираше за среќа нема силикони или нафтени деривати. Како заштитен филтер од сончевите зраци е употребен PHENYLBENZIMIDAZOLE SULFONIC ACID кој е хемиски филтер растворлив во вода па најчесто се вметнува во производите на немасна база особено наменети за масна кожа (потврди ми дали на кремава пишува за комбинирана или масна кожа, затоа што според декларацијата така ми изгледа). Е сега, имам прочитано дека доколку се кориси овој вид на филтер финалната пх вредност на целокупниот производ мора да биде 7 затоа што во спротивно ќе се кристализира. А пх 7 на крема за лице и не е баш во согласност со пх вредноста на кожата (имам намера да пишувам за пх вредноста на кремите за лице) доколку ја имаш опаковката кажи ми дали некаде пишува која е пх вредноста на оваа крема. Уште ќе истражувам на оваа тема па ќе ти потврдам дали оваа информација за хемискиот филтер и пх вредноста е 100 посто точна (јас ти кажувам она што досега го имам прочитано, ама ќе истражувам уште на темава затоа што ме интересира многу). Кремава исто така содржи DMDM HYDANTOIN кој испушта формалдехид и јас лично не би го мачкала на лицето со оглед на тоа што носот е баш тука и лесно може да го вдишеш. Ова е мое мислење. Здраво оваа крема е микс од скоро сите можни нафтени деривати Paraffinum Liquidum, Cera Microcrystallina и Paraffin. Благодарам многу
@Biodevojka Кремава е за чувствителна и сува кожа а ph не можам да најдам, опаковката ми е фрлена, на кремава не пишува, на нет побарав набрзина и таму не најдов. Ме исплаши со формалдехидот, ќе умрам ли за брзо? Се шалам, ќе барам друга крема. Која состојка уствари треба да ја избегнувам, оти не пишува никаде формалдехид Ниту ова го видов -PHENYLBENZIMIDAZOLE SULFONIC ACID
Леле мила нема да умреш скраја да е!!! Состојката која испушта формалдехид е DMDM HYDANTOIN. А ова за пх како што реков треба уште да го истражувам. Ќе ти кажам. Доврши ја кремата нема проблем, следната ќе ја избереме со подобар состав.
@Biodevojka ќе може ли да ми кажеш некоја крема/ масло за сува кожа за возраст до 25 години? и нешто за почетни брчки ?
Здраво драга еве ти повеќе креми со различни цени па ти избери си што ти е најдобро: Од масла: 1. Алверде масло за нега на лице со роза го имам пробано и мене премногу ми се допадна, убав мирис убав состав и кожата убаво го впива. Цената не ми текнува точно околу 250 денари за 15 мл. 2. Чисто арганово масло од биокосмос без мирис органско и најекономично на нашиот пазар 399 ден за 50 мл. 3. Други масла за сува кожа се авокадо, макадамија, пченични никулци (доколку ги сакаш органски оди во биокулт) Од креми: 1.Алоедермал крема за хидратација ја имам користено порано и убава крема е. Ја имам моментално и спремам рецензија за неа ама следниот месец ќе ја објавам за убаво уште еднаш да ја истестирам. 2. Гамард интензивна крема за лице со арган цената е доста поскапа 2100 денари ама вреди затоа што е спас за сува кожа. 3. Виво Олео оваа ја имам рецензирано на блогот и одлична е за сува кожа. Цената е 1280 денари . Доколку сакаш ќе разгледам и некои креми на алверде или пак на друга марка ти само кажи Поздрав
Biodevojka ke moze li da mi kazes za ovaa krema,ja stavam na sin,a ponekogas i jas znam da stavam od nea
Здраво драга кремава е ок. Нема штетни состојки и може слободно да ја користиш за син ти. Е сега што се однесува до тебе каква кожа на лицето имаш? Доколку имаш сува слободно користи ја, доколку имаш комбинирана со црнки или акнеична не би ти препорачала затоа што isopropyl palmitate е многу масна состојка односно масло кое се користи како емулгатор во кремите. Во оваа крема има и други растителни масла па да не биде многу тешка за твојата кожа. Поздрав.
Да @poenta, ја имам користено. Ми се допадна затоа што има лесна и хидратантна формула, фина е за комбинирана и мрсна кожа, одлична е како подлога за пудра. Мислам дека ја користев како подлога со Seventeen Natural Velvet, Seventeen Matt+, Bourjois 123 Perfect, Bourjois CC-кремата и најверојатно има уште некоја друга, ама не ми текнува во моментов. Ова и не е толку битно, но ако по некој сплет на околности користиш некоја од овие пудри, да имаш предвид околу тоа. Единствено нешто што не ми се допадна е тоа што формулата е премногу лесна, па мојата кожа ја впиваше кремата како сунѓер и кога ја нанесував самостојно во текот на денот или навечер, како да ми „испаруваше“ од лице и не ми даваше таква хидратација каква што ми беше потребна. Мислам дека ќе ти се допадне, но навистина е лесна крема и ако бараш нешто побогато, не знам колку би ти завршила работа. Јас ти ја препорачувам дневната крема од невен на Афродита. Мислам дека таа ќе ти биде баш погодена. Или пак, ако ти се нарачува од каталозите на Авон, тогаш ѕирни ја Нутра Ефектс со сината лента. Оваа крема ми е совршена за овој студен период, пишував и порано за оваа крема, но морав да спомнам пак.
Доколку ја користи некој од афродита од бадем би ви била благодарна доколку го сликате составот. Неможам да најдам на интернет, а опаковката ја имам фрлено.
Imam mnogu suva koza,pa zatoa koga mi e premnogu suva ponekogas ke si stavam,bidejki ubavo mi ja omeknuva kozata.Ti blagodaram mnogu sto odvoi vreme za mene
Горе лево во полето ,,Барај...'' напиши сува кожа и штиклирај Пребарај ја само оваа тема, ќе ти излезат милион коментари.
А за каква кожа се кремите Афродита невен, се мислам и јас да си земам? Инаку имам доста проблематично лице, долго време ја користев кремата против акни на Алкалоид, ок беше ама ми се презасити кожата. Потоа ми се појавија првите линии на челото и околу очите, па ја земам кремата на Doctors со колаген, од неа па почна многу да ми се мрси лицето и да ми се јавуваат бубулици. Потоа земав Doctors против акни, е сега ми се исчисти лицето, ама ми стана многу суво, почна да ми се лупи и чеша. Не знам до што е, ама можам да кажам дека не ги препорачувам кремите на Doctors, еве го и составот на Doctors против акни: Aqua, Chamomile oil, Glyceryl stearate/PEG-100 Stearate, Cetyl Alcohol, Isopopyl Myristate, Glycerol, Panthenol, Sulfur, Urea, Salicylic Acid, Tocopheryl Acetate, Trietnolamine, Carbomer,Retinyl Pamitate, Tricolasan,Methylparaben, Prophylparaben, BHT, Parfum. Прашањето ми беше, дали мислите дека ќе ми одговараат кремите од невен на Афродита за мојот тип на кожа?
Biodevojka izvini malku sum dosadnaama ako mozes da mi kazes nesto poveke za ovaa krema,denes ja zemav,pa dali ima nekoi stetni sostojki?