Eucerin Dermo Purifyer за интензивна хидратација (кожата на образите ми беше како шмиргла, ова ме врати во нормала) - Зегин, на попуст ја земав околу 500 денари Sattwa Vitamin C крема за избелување на дамки, и реално ми помогна бидејќи имав црвенила на образите и откако ја користам во рок од 2-3 недели значително се смири и повлече црвенилото (но, не е целосно отстрането). Не знам колку пари е бидејќи на подарок ја добив, но ја има во сите аптеки на Зегин и не верувам да е повеќе од 500 денари.
Девојки препорачајте ми некоја добра крема ми се појавија ситни брчки на пределот околу очите, имам на места сува, на места мрсна кожа, ми се лупи на веѓите и на носот, инаку имам 23 год.
Колку пари е кремата, да не знаете? http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=a7e394ce-f239-45db-9bc6-013c23a25a7c
Мака мачам со моето проблематично мрсно лице.....Ве молам препорачајте ми некоја крема за мрсно лице воедно кое ќе има смирувачко дејство и нема да се изфлува на лицето. Дали на Авене мат ефект би бил добар избор?
Јaс oд Авене не бев вooпштo зaдoвoлнa лицетo мислaм пoмрснo ми беше oд неa дoдекa јa кoристев. Ти јa препoрaчувaм нa La roche posay effaclar duo кремaтa и ми пoмaгaше вo врскa сo aкните и гo регулирaше лaчењетo нa себум. 920 денaри чини вo Зегин вo гтц. Ти гo препoрaчувaм и гелoт зa миење нa лице oд истaтa линијa
А дали може преку ден да се користе? Затоа што прочитав си пишувала за кремата, и си пишала дека се става навечер. Иначе јас на Авене имам заштитен крем 50 ама некако почна многу и тој да ми се мрси лицето...навистина не знам веќе што да правам со моето лице..Иначе ќе го пробам кремот, и уште нешто да те прашам наменет е за младешка кожа? Затоа што прв пат дознавам за кремот...
Може и навечер и насабајле да се користи , колку и да ставаш лицето нема да се мрси. По неколку недели ќе почнеш да гледаш резултати , и да наменет е за младешка кожа имаш многу рецензии на нет од странски блогери можеш да прочиташ , а вака изгледа кремата
Имав прилично чисто лице ама нешто почна да ми се нафрла...Може ли некој да ми препорача крема за мрсна кожа сколна кон нафрлување, со заштитен фактор? Може да е медецинска, органска козметика, само не Нивеа, Гарниер, зашто се што имам купено од тие брендови лицето ми се нафрла. Најважно да има заштитен фактор, и да не ми се нафрлува лицето.. Дали оваа крема има заштитен фактор?
@Biodevojka, ми треба помош. Предложи ми некоја фина крема, со убав состав, да избелува, т.е да помага против флеки (лузни од акни). Да нема некои комедогени масла во составот, имам мрсна кожа. Ти благодарам однапред.
@Biodevojka I mene bi mi pomognal tvojot odgovor na prashanjevo Pa i predlogot da ti e so ubava cena.... za merak kje e D
Здраво на двете, единствена крема за иабелување која ја имам пробано е онаа на Гамард ама е доста скапа околу 2000 денари, а од она што сфатив сакате нешто попристапно. Дајте ми неколку дена да разгледам која друга крема според составот би можела да ја има истата функција по пристапна цена и ќе ви пишам. Поздрав. ЕДИТ: штотуку забележав на сајтот на Fleurance дека имаат крем за избелување на кожата. Ќе тркнам до Зегин да го видам и ќе ви кажам состав и цена. Доколку составот е убав и цената е поевтина во тој случај бинго!!! Се слушаме.
Пиши инфо и за таа на Гамард. Баш ме интересира. Јас ја купив пенливата вода за миење лице од Гамард и баш сум задоволна.
@Biodevojka може ли да ми помогнеш при избор на лесна секојдневна крема, но да содржи и заштитен факор? Да биде наменета мрсна-нормална кожа.
Здраво драга дневната на гамард за избелување е лесна како структура и може за масна кожа цената и е околу 1980 така нешто беше. Комплетна рецензија ќе најдеш кај мене на блог. Ноќната од истата линија е малку потешка и побогата па не ја препорачувам за масна кожа. Серумот е супер, лесен како структура и баш е за комбинирана до масна кожа. Не е на маслена база. Инаку отидов во Зегин да ги прашам за таа на Флоранс затоа што има многу сличен состав како Гамард има екстракт од мечкино грозје кое има голем избелувачки ефект. Цената е од 800 до 1000 денари (најмногу 1000 денари) во моментов Зегин ја нема, ама реков да прашаат дали ќе ја донесат или евентуално дали може да си ја нарачам со оглед на тоа што се генерални застапници. Ми рече дека ќе праша па за недела дена ќе ви пишам. И јас сум заинтересирана да ја пробам ако навистина е до 1000 денари и ако може да се нарача обавезно ќе си ја земам. NGREDIENTS: AQUA,COCO-CAPRYLATE/CAPRATE, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL*, ARCTOSTAPHYLOS UVA URSI, LEAF EXTRACT*, SUCROSE DISTEARATE, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*,GLYCERIN,SUCROSESTEARATE, CETEARYL ALCOHOL,GLYCYRRHIZA GLABRA ROOT EXTRACT*,GLYCERYL STEARATE CITRATE, GLYCINE SOJA OIL*,TRITICUM VULGARE GERM OIL, MALPIGHIA PUNICIFOLIA FRUIT EXTRACT*, MALTODEXTRIN*,TOCOPHEROL, BISABOLOL, CITRUS AURANTIUM, AMARA LEAF/TWIG OIL*, PELARGONIUM, GRAVEOLENS FLOWER OIL*, LAVANDULA HYBRIDA, OIL*, CYMBOPOGON MARTINI OIL*, ACHILLEA MILLEFOLIUM OIL*, CARUM PETROSELINUM SEED OIL, ANIBA ROSAEODORA WOOD OIL*, GAULTHERIA PROCUMBENS LEAF OIL*, DAUCUS CAROTA SATIVA SEED OIL, APIUM GRAVEOLENS SEED OIL, OCIMUM BASILICUM OIL*, XANTHAN GUM, CITRIC ACID, BENZYL ALCOHOL, DEHYDROACETIC ACID, CITRAL, CITRONELLOL, FARNESOL, GERANIOL, LIMONENE, LINALOOL. Друга информација веќе кога бев во Зегин (во Сити Мол бев) поминав и до штандот на Логона. Земав тестерче од една ЦЦ крема органска 8 во 1 која благо прикрива (не како пудра туку изедначува), според структурата што ја пробав на рака одлична е за комбинирана до масна кожа, храни, хидрира и погодете уште што.....има избелувачки ефект. Деновиве ќе ја пробам (земав тестерче) па ќе ви пишам каков ефект има. Цената беше 2100 денари, а ја имаше и на попуст во една кошничка (најверојатно со пократок рок). Поздрав. Здраво драга, колку години имаш? Да знам евентуално дали да избегнувам некои состојки, да не ти препорачам крема за повозрасна кожа од она што си ти. Поздрав.
@Biodevojka колку што разбрав и оваа крема е за избелување, всушност целата линија мислам дека за флеки од сонце . Цената на кремата не беше повеке од 200 ден. Составот на интернет не можам да го најдам, но би било добро да го разгледаш.
И јас на млади години добив линии во пределот околу очите, и се нервирам од каде наеднаш таква промена... Јас ја купив оваа крема и добра е, е доста хранлива... Ти ја препорачувам!
Здраво драга не те заборавив. Тешко ќе најдеш органска крема со заштитен фактор како посебен производ, ама затоа има одлични креми за заштита од сонцето кои слободно може да ги користиш како дневни. На пример Eco Cosmetics е одлична, баш пред некој ден ја разгледував на штандот на Логона и како состав многу ми се допаѓа. Не би требало воопшто да масти. ама има тестерчиња па ти пробај си. И алверде има убави креми за заштита од сонцето и имам една ама е малку помасна. Затоа пробај ја оваа што ти ја предложив од еко козметикс ќе ја најдеш во Сити Мол на штандот на Логона. Те праќам таму затоа што таму сигурно имаат тестери (мене ми дадоа две тестерчиња пред некој ден кога бев) а вака по аптеки ако те пратам не знам колку имаат тестери. Поздрав.