Долго време ја користам Бекутан, бидејќи ми е мрсна и влажна, ми одговара на кожата, но забележав дека веќе почна да не ми одговара. Ми треба некоја нова, за комбинирана кожа, а зимно време сува кожа. Неможам да и го одредам типот на мојава кожа. Знае да биде претерано сува да и треба длабинска хидратација, понекогаш е пак мрсна, обично во лето... Затоа ја сврстувам во комбинирана на периоди, не на области Незнам која крема да ја пробам? Што би ми предложиле? Афродита, Еуцерин, Грин Лајн? Се мислам... И уште нешто... Дали после 25-тата година почнавте да користите креми против брчки како што препорачуваат по списанијата? Или сепак не? Јас уште не сум , знам дека не треба да се чека да се појават па да се пеглаат, туку да се спречат да се појават, но некако не ми дава срце да ставам крема против брчки. Дали можеби доволно хидратантна крема која ќе ја влажни мкожата е доволна? хммм До вчера што се вика сме се лечеле од пубертетски акнии, сега брчки... Тоа ти е...
Јас користам Dove крема за лице и супер ми е ама сакам да почнам да користам некоја против брчки ( како превентива ) на челото брчка почна малку да ми се познава дали можете да ми преротачате некоја за +2о
Дали некој ја има користено колекцијата на нивеа,со гел,лосион и крема.Во последно време многу се врти рекламата. Како е задоволен и за каква кожа е?!
Имам комбинирана кожа, масна Т зона и многу сува на образите. Користам Vichy Aqualia Thermal Riche поголемиот дел од годината, освен во зима кога повеке ми се суши кожата па користам Vichy Nutrilogie 2.
А, понекогаш знам и да ја сменам со мултивитаминскава коа ќе ми се здосади од другата но битно да е хемел
За Хемел потврдувам, навистина се квалитетни кремите. Виши исто така, ја користев порано Аквалиа и задоволна бев. Лилит не знам на која колекција точно мислиш. Од Нивеа сум задоволна од сите што сум ги пробала (како подобра ќе ја издвојам Нивеа Oxygen, за нормална кожа е), освен таа со светките Nivea Natural Beauty - e од неа поужасна нема.
ви последно време многу ми е сива кожата на образите и на брадата, дури и пудрата ми се собира кога ја анненсувам како лушпи се прави, ја порачав оваа крема од авон за сува кожа, претоа ја користев за комбинирана. како сте задоволни од оваа за сува кожа што е, страв ми е да не ми се појават црнки баш на образите http://www.bella-cosmetik.ru/shop/filestore/1678.jpg
да си кажам јас дека имаат и декоративна козметика цените се горе-доле нормални, пудрата им е најубава ама во последно време ја нема затоа што немале некој производ со кој се правела таа, бидејќи и таа е на природна база како и кремите и шампоните
Јас ги користам овие од авон и дневната и ноќната и да кажам задоволна сум од нив. Му ја даваат потребната хидратација на лицето. Мене ми е многу сува кожата, јас еден ден да не ставам крема си ја чуствувам кожата собрана, исушена. На мене добро делуваат кремите, па сега за друг незнам сепак нели од кожата зависи.
Јас користам Еуцерин. Лани ми се појави црвенило на лицето и носот па дерматологот ми препорача крема на еуцерин. Од тогаш не сум ја сменила.