Здраво драга, колекцијава ја разгледав на сајтот на ДМ (германскиот) не е за избалување на дамки и флеки, туку ги прикрива нешто како ЦЦ или ББ. Во смисла го изедначува тенот. Серумот според составот ја омекнува кожата, има хијалуронска киселина, ама не избелува дамки (нема некои специфични состојки како екстракт од мечкино грозје или други) меѓутоа го подобрува тенот. Дневниот крем кој не е ББ или ЦЦ има дејство да ја спречи појавата на флеки (меѓутоа не избелува) со оглед на тоа што има минерали во прав кои ги рефлектираат сончевите зраци (на германскиот сајт вели дека има SPF 6). Поздрав.
Јас ја користев одамна. Ја купив заради лузните од акни што ги имав. На мојата кожа многу убаво делуваше, мислам дека ми траеше 3 месеци, ја купив 900 денари мислам.
@Biodevojka те молам извести ме кога ќе ја донесат кремава на Флоранс и јас сум заинтересирана да ја пробам.
Ајде и овде ќе прашам @koritsaki видов дека ти ја имаш користено кремата LA Roche posay...имам мрсна и проблематична кожа,па сега кажи дали вреди да ја земам,дали е убава и како подлога за пудра?И дали има неколку типа на крема да знам оти многу не знаат да кажат во аптека,да не ја утнам фала
нескафе25 , да , двапати ја купував кремата на la roche posay effaclar duo, супер е за подлога , и како гел е одма се впива во кожата, јас ја сменив бидејќи содрѓи силикони, сакав нешто поприродно. Ти го препорачлувам и гелов од истата линија за миење лице , прекрасен е за тие за мрсна кожа
@koritsaki И јас сакам да ја земам оваа крема Effaclar Duo...но се двоумам, лицето ми е склоно кон нафлрување кон акни..ќе има ли некаков ефект кремата, што и да ставам лицето ми се нафрлува.Може да пишеш колку пари е ? А дали најде природна крема без силикони? Ја има ли некој користено Сакам да ја земам но после лошото искуство со Алверде гелот страв ми е. Ако не предложете некоја крема за мрсно-комбинирано лице, и да има бар спф15, секојдневна крема..
Оваа според мене е најубава и долго време ја користам и сум задоволна. Најмногу ми се допаѓа што одма се впива и не останува ништо мрсно на лицето а сепак ја хидрира кожата И воопшто не е скапа
@mariahe и јас имам лице проблематично ,но кремсва не ми правеше никаков проблем да сега моментално ја користам кремата на the body shop vitamin c таа е без силикони , но ја нема во мк јас живеам во гр и овде најдов пред некое време уште една крема без силикони и е 99 посто органски производ , марката е natura siberica руски производ и со доста приступачни цени но за жал и оваа не е достапна во мк. Во мк без силикон креми се на Др Хаушка ги имаш во зегин во гтц и цените им се околу 2000 денари но искрено ја нема прпбано за да ти кажам дали е добра или не. Можеш д прашаш дали имаат некој тестер да ти дадат да ја пробаш , а цената на таа од La roche posay effaclar duo e 916 denari
Порано користев од нивеа за масна кожа хидратантната но на попуст ја видов афтодита од невен дневна + ноќна за 240 ден и земав ми се погоди подобра и од нивеата одлична е и за под шминка нокната е помасна но иако кожата ми е масна сепак одлично ми делуваше , а дневната е прлично лесна и брзо впивлива исто така сум задоцолна и од биотен од дуња , а имав коритено и многу поскапи креми но заклучив не е секогаш до цената ако несакак кожата да ти ја прими
И сега искрено не знам што да правам.....ме замисли заради тоа што има силикони.Да си го земам пак Vichy normaderm кремот или и тој има силикон.... или сите креми имаат Или препорачајте некоја друга крема независно од парите
Скoрo сите креми имaaт силикoни , имa пoдетaлнo пишувaнo @Biodevojka вo врскa сo силикoни , нaфтени деривaти вo сooдветнa темa нa фoрумoв и oвaa нa виши имa. Кремa без тaкви сoстoјки е нa Др. Хaушкa , имa зa сувo и мрснo лице јa имaш вo зегин вo гтц oкoлу 2000 ден е нo не сум јa прoбaлa зa дa ти кaжaм мислење. Јaс кoристaм еднa кремa без тaкви сoстoјки нo џaбе ќе ти пишувaм вo мк јa немa
Pure natural na nivea kavi kremi se po sostav,neli se bez silikoni i tie raboti ?bi trebalo da se poprirodni?
@Biodevojka можеш ли да ми предложеш крема за 18 годишна возраст. Имам мрсно-комбинирано лице склоно кон исфлување, мали лузни, каква крема би ми препорачала без силикони до 1000 ден засекојдневна употреба? Сум пробувала свашта и се зафржувало во канта, не знам повеќе што и како да користам. Дали на Nivea Aqua зелената линијa би бил добар избор? Што ќе кажеш за пудрата Cover me Aura дали има силикони?
Драга дај ми ден два ќе ти предложам повеќе производи. За овие другиве не знам какви се ги немам никогаш видено ни пробано. Можеш и самата да видиш дали има силикони доколку видиш состојки кои завршуваат со оне на пр. dimethicone, cyclopenasiloxane, amodimethicone и.т.н. Поздрав. Ако не се лажам веќе ме прашаа за овој крем во темата за декларации и мислам дека нема силикони. Поздрав.
Здраво, еве ти неколку предлози за крем за лице почнувајќи од најевтините Alverde Aqua balance 24 200 до 300 денари регенеративниот крем на Olival околу 380 денари кремот за масна кожа на Gamarde sebo control околу 980 денари Dr. Hauschka масло за лице за масна кожа нешто повеќе од 1000 не ми текнува колку Dr. Hauschka крем од мелиса околу 1180 или така нешто Одбери сама. Поздрав