Здраво од Зегин ме известија дека воопшто не ја носеле до сега (не ја носат целата линија на флеуранс или флоранс не знам француски ) Меѓутоа ги прашав дали може да си ја нарачам преку нив, ми рекоа дека може ама утре, најдоцна до понеделник ќе ми потврдат дали е ок и колку чини. Ќе те информирам ако си заинтересирана, јас ептен сакам да си го пробам составот ми е екстра а се става само на дамките не на цело лице така да ќе ни трае 6 месеци кремот. Поздрав. п.с. кога сме веќе кај дамки најдов еден екстра серум на Др. Шелер во Космо го има околу 1300 денари за избелување на флеки со масло од роза москета и екстракт од марула. Ептен ме привлече како производ, ама ќе чекам одговор од Зегин затоа што повеќе ми се допаѓа.
Супер, и јас би ја нарачала ајде те чекам да ме известиш едвај чекам да ја добијам кремата... Поздрав.
Devojki moze li da prikacite slika od kremata na Gamard za izbeluvanje na fleki od akni. Bi bilo super edno potsetuvanje za efektite od kremava í cena. Bi vi bila mnogu blagodarna
Женски мене лицето почна со факултетов и неспиењето многу да ми старее , несоодветно со годините. Која крема да ја користам пошо сум мала за анти ејџ?
Ве молам кажете некоја крема за суво лице? Од секогаш сум имала суво лице ама сега е претерано, дури на одредени делови почнува да ми се лупи.
Денес бев во Зегин и за месец дена ќе ја донесат (со следната пратка). Едвај чекам. Во меѓувреме пробувам едно млеко за чистење шминка и ноќен серум од оваа линија па доколку ве интересира ќе пишам како се. Вака како состав и декларација се супер, а и цените им се одлични.
Здраво драга кај мене на блог имаш комплетна рецензија ако те интересира види. Инаку кремот е овој цената е околу 2000 денари.
Во согласност со правилата на форумов, ќе ставам линк во темата за блогови за козметика. Ќе те тагнам да знаеш дека тој е линкот за тебе. Поздрав и во секое време.
Незнам дали ми е за овде мислењево ама ќе пишам. Ако на некоја Кичевчанка и треба производ од ла роше гледав ги донесле во една аптека кај болницата.
Постојат креми и за мрсно лице тие креми не се тешки не се мрсни , постојат и мат и што помагаат во врска со регулирање на себумот.. грешка правиш што не користиш
Колку пари е ? Осеќаш пецкање на очите од неа или ? @Biodevojka Препорачај ми добра крема за флеки и лузни(дупчиња од акни) за 21 годишна возраст. Имам неколку дупчиња на едниот образ и ми смета.Исто и флеки имам.
Здраво драга за флеки единствено ја имам пробано онаа на Гамард цената и е 2000 денари (не знам до која цена бараш). Инаку за месец дена ќе ја донесат Флеуранс во Зегин за избелување на флеки па штом ја донесат ќе си ја купам и ќе ти пишам ако сакаш каков ефект има. Има и еден серум од Др. Шелер во Космо цената е околу 1300 за избелување на флеки со масло од роза москета. Поздрав. @elenkata20 се согласувам со Кортисаки. Постаојат разни креми за лице и не е убаво кожата да ја оставаш така незаштитена. Сепак добрата крема ја хидрира кожата, ја негува, ја заштитува од надворешните влијанија. Има лесни креми кои матираат. А тоа што се потиш нормално е, и јас се потам летно време и тоа многу, а сепак секогаш користам крема, а многу често и масла. Поздрав.