Да, има ефект ама треба да ја користиш постојано. Јас ја користев цела колекција две креми и серум. Само од една крема не би знаела да ти кажам Јас користев серум и дневна и ноќна. За оваа другава од Флеуранс кога ќе стигне ќе ти кажам. Таа се става само на флеките не на цело лице, а оваа од Гамард на цело лице.
Само што ги видов на реклама, наменети се изгледа за младешка кожа. Дали сте ги користеле, каде ги има и која цена се отприлика?
Се вратив тука ја пофалам кремата што ја барав претходно, таа на Биотен за мрсна кожа, во портокалово. Се воодушевив колку е добра, ставам поголема количина, веднаш се впива и ми го држи лицето меко и мат со часови. Ја користам и под пудра и супер одговара, денес 4 часа бев излезена на сонце и иако целата се прпотив, пудрата ми остана како кога излегов, што за мене е топ. Ја купив во Жито маркет за 180 ден.
Пофалби и од мене за кремата на Биотен за нормална и комбинирана кожа, со екстракт од гоџи. Прв пат користам производ од Биотен и сум презадоволна. Имав потреба од хидратација, бидејќи т - зоната од сува, премина во мрсна, па да стигне до степен на лупење и дехидрираност. Кремата е 50мл., а е околу 185 денари. Многу лесна структура, дури и премногу течна за мене, со мирис на гоџи. И поголема количина да се стави, се впива веднаш. (Што знам, можеби е до мојата кожа само ) Предност да ја купам, беше и тоа што има СПФ 15. Иако во потрага сум на повисок фактор, ама моментално врши работа. Женски, попатно и да прашам повторно. Крема со повисок СПФ, за нормална до комбинирана кожа? ШТо би ми препорачале?
Сакам и овде да пишам во врска со кремите што моментално ги користам. Моментално дома ја имам на Natura siberica Sophora japonica spf 15, крема наменета за мрсна кожа, органска без силикони , нафтени деривати итн , ја земав и дневната и ноќната. Ја користам веќе 2-3 недели , на почеток многу ми се допадна лицето ми е чисто , акни не ми излегуваат , но сега приметив поготово за дневната , дека иако е наменета за мрсна кожа по саат-двба ако се фатам на лице , рацете мрсни. Приметив дека многу ми го мрси лицето , на почетокот имав чувство дека и матира но не е така , со кремата на La roche posay го немав овој проблем. Сите производи останати има се прекрасни поготово шампоните , пилинзите , но од производите за лице не сум баш задоволна.Баш и ја фалев во темата омилени производи на месецот Ептен се израдував што најдов крема без хемии внатре плус за добра цена , ама ние со мрсни лица сакаме нешто мат Веќе не планирам да ја користам , ќе ја поклонам на некоја другарка мислам дека и на тие со суво лице нема да им прави никаков проблем. Сакам нешто да ја прашам @DoktorkaOz или некоја друга да ми каже од вас дали ја има користено оваа на Avene fluide matifiant. Зимото ја земав на Avene cleance mat ама не бев задоволна од неа. Се мислам помеѓу овие две , што оваа во портокалова туба би била супер за летово со високо спф
Во последно време како дневна варијанта го користам серумот балеа аква ➕ цц крема, а како ноќна исто балеа серумот ➕ розовиот флуид од кој не сум нешто воодушевена, но сакам да го потрошам.
@koritsaki јас моментално го користам кремот на Авене со факор 50ка. Ми беше препорачан од дерматолог за осетлива и мрсна кожа склона кон акни. Го користам веќе две години не сум го менувала, мене ми е супер не ми се нафрлува лицето, не светнувам брзо. Прво кога го зедов беше со фактор 30ка, мене тоа подобро ми делуваше и по ми беше мат за разлика од овој сега со 50ка...дали има врска тоа појма немам. Во глобала јас сум задоволна од кремот.
@mila7 благодарам за одговорот , сепак ја земав оваа втората на Авен , fluide matifiant , супер е ја користам веќе скоро една недела , јас си имам мрсно лице и баш убаво ми го матира
Јас пак имам следен проблем, имам сува кожа на лицето, но кожата ми е подложна на појава на дамки во лето. На две три места лани баш ми се потенцираа, а после тоа со тек на време избледија до зимата. Затоа ова лето морам добро да се заштитам со поквалитетна крема (до сега летно време спф само од дневната, а најчесто со 15ка се, а на море од млекото за тело по малце на лице...). Сакам да земам нешто подобро, прво се фатив за есте лаудер и клиник, имаат креми спф 50, потоа познаничка ме премисли со тоа дека тие брендови се повеќе комерцијални и ми препорача Авен или Еуцерин...... не знам сега што е најпаметно искрено. Совет?
Ти благодарам кортисаки Тогаш да не истражувам понатака... најдобро би било веројатно авен да земам... јас искрено се мислам дали да си ја користам бекутан спф50 на ќерками, дали авен ми нуди нешто дополнително... инаку имам три места подложни за дамки на лицето, една на челото кај патецот, кај носот, и кај едниот образ..
Која од трите е најдобра и како сте задоволни особено од оние со заштитниот фактор 15ка? 1. Арганово масло + алое вера 2. Витамин е + spf 3. Не можам слика да најдам, беше арганово масло + spf (мислам дека беше со розево)
Зависи за каква кожа ти треба @Summerlover; розовата колекција обично е за сува кожа,плавата (втората наведена крема) иако е наменета за нормална кожа одговара и на комбинирана (јас ја користам одамна) и првата е најверојатно за тој тип за кој што е наменета, ја немам приметено до сега, можеби е некоја нова. Јас сакав да ја прашам @Elence93, дали портокаловата крема на Биотен премногу го матира и затега лицето? Јас имам проблем со прекумерното затегање од мат ефектот во деловите од лицето кои ми се да речам нормални, па затоа се двоумам дали да ја земам онаа за комбинирана или онаа за мрсна кожа. Сепак некако сè ме влече кон портокаловата; и онака температурите ќе се покачат, па ќе имам потреба од малку повеќе матирање.
@Mishela Да, да знам Мишелке дека е од нормална и комбинирана до за сува кожа, но од друга страна прашањето ми беше и оние што општо ги користите Нивеа кремите за лице како сте задоволни? Дали се добри, одлични или ептен просечни?
@Summerlover Па да ти кажам, со оглед на тоа што целото тинејџерство го поминав со Нивеа со зелено капаче (со некакви алги беше во составот мислам), па продолжив со стандард нега во зима со онаа која има плаво капаче за нормална кожа, мене многу ми одговараат нивните креми, очигледно сум немала некакви замерки. Зависи што преферираш и што очекуваш од кремата, јас сметам дека со Нивеа немаш утка. E сега, ако внимаваш на состав и „штетни“/непосакувани состојки, тогаш мислам дека не би ти ги задоволиле барањата, имаат парабени во составот, ама и покрај тоа, јас сметам дека важат за едни од подобрите креми за нега на лице на пазарот со попристапна цена. Пре би купила Нивеа, отколку Евелин, да речеме.
Не е до толку матирачка како подлогите за шминка и не затегнува воопшто. Јас дури и сакав таков ефект, но оваа може да се користи и за мрсна и за комбинирана кожа.
@pink95 во сите аптеки го има кремот? Може да ми кажеш колку чини и дали ти помага во врска со акните ?