@koritsaki а која е разликата меѓу Авен мат кремата и овој флуидот? И може ли да ми кажеш колку пари е? Страв ми е да не се нафрли лицето...
Ги имам пробано и двете креми, таа во портокалова туба на тестер , разликата е што флуидот е полесен како гел додека оваа ми изгледа по густа но и двете се мат поготово оваа флуидот полесно и брзо се впива , барем за мојата кожа зборувам. Еднава има фактор 50 другава нема. И разликата е што флуидот се нанесува и ден и ноќ а другава заради високиот фактор само преку ден. Јас ја користам 2,5 недели ден и ноќ и досега ми нема направено проблем на лицево , напротив баш некако почисто ми делува. За колку пари е јас ја купувам од Грција овде ја земав 11 евра , во Мк незнам да ти кажам колку е , јас во зимата ја имав земено cleance matte кремата на Авен таа беше 815 денари од Зегин. И флуидот плус минус толку би требало да е цената.
Оваа во зегин беше 815 денари ја земав зимата но не ми се допадна , некако повеќе ми го мрсеше лицето оваа во портокалова туба исто ми беше добра но заради факторот не ја земав зашто сакав и пред спиење да ја користам. Размисли си , или па побарај тестер за флуидот ако имаат да пробаш и да знаеш дали ќе ти одговара тебе или не.
@koritsaki а дали тој флуид мат, може да користи есенско-зимен период, или кремата е наменета повеќе за летен период?
Кога ја купував ми рекоа дека секогаш можам да ја користам и лето и зима , бидејќи е лесна крема во лето е супер за мрсно лице ,а и во зима не ја суши кожата така бар аптекарката ми кажа , па ќе видиме
Дали некоја го има користено овај крем Avene Cleanance solaire- http://24apteka.mk/product/cleanance-solaire-spf-50/, сакам да си го порачам, за 1050 ден. добиваш и подарок,а исто толку е и во аптеките.Оваа мислам дека ќе биди најприкладна за моево лице, имам мрсна, проблематична кожа.@koritskai гледам дека ти имаш користено од овие креми, дали оваа ја имас пробано?А и ме буни зошто првин пишува дека е Емулзија со SPF 30 за масна проблематична, чуствителна и кожа склона кон акни, а на кремата пишува дека е со SPF50......мене ми треба SPF50
@NESKAFE25 јaс јa имaм прoбaнo тaa сo спф 50 тестерче ми имaa дaденo и се мислев пoмеѓу oвaa и тoј флуидoт нo гo земaв флуидoт зaштo плaнирaв дa јa кoристaм и нaвечер. Инaку убaвa е мaт плус сегa зa oвa време мoжеш дa јa нoсиш сaмo кремaтa aкo не сaкaш дa стaвaш пудри , a нaвистинa и мене ме буни зaштo пoд неa пишувa спф 30..инaку пoстoјaт 2 типa сo 30 и 50 спф. Ти јaви им се прaшaј ги зaптo тaкa пишувa пoд кремaтa дa не им е некoјa грешкa
Јас моментално ја користам оваа крема од VICHY премногу сум задоволна резултати видов по 10 дена и ја препорачувам на сите што имаат сува или нормална кожа.
@koritsaki, знам дека ти ја користеше кремата на Ла Роше за мрсна кожа и се сеќавам дека беше задоволна. Сакам да ја купам па ме интересира дали има заштитен фактор?
@cloud да , одлична е кремата за комбинирана-мрсна кожа , само што нема заштитен фактор. Ти бараш крема со заштитен фактор , за комбинирано мрсно лице?
Јас моментално ја користам на Авен флуидот со матирачки ефект но е без заштитен фактор. Инаку и оваа погоре на сликата ја имав пробано на тестер , мат е ми се допаѓаше многу и се мислев помеѓу оваа и флуидот и ја избрав втората варијанта зашто ја користам и навечер. Ти пробај ја оваа во портокаловата туба ако можеш тестер да најдеш да видиш како ќе е на твоето лице