Предложете ми крема за сува кожа? Си имам доста проблеми со сувата кожа на лицето, сеа почнав да ставам од млекото за тело на Нивеа и веќе не ми е сува кожата, ама сепак не сакам да останам да користам млеко за тело сакам крема посебна за лице..
Dove moisturizing cream, има и баш мали пакувања од околу 50-60 ден., па во случај да не ти се погоди тебе ништо страшно, ќе си ја користиш за раце пр. Новите на Биотен се со спф15, а од нив има и за сува кожа. Ги има поназад спомнато.
Koritsaki не прашав, бидејќи и лани дерматологот ми го препорача овај истиот,ваљда нема да згрешам,а го проверив и во Зегин и истото го пишува за факторот. Сега си го порачав па ќе пишам дали сум задоволна
Мене ми ги донесоа овие две. Гарниер е за сува кожа. Имав премногу сува кожа, ми се лупеше целото лице,во пределот кај образите, носот и челото. А Клерасилот е за акни, црнки и слично. Секоја вечер пред легнување се трие целото лице, се остава да отстои на лицето околу 2-3 минути потоа се плакне со вода. Задоволна сум и од двете креми.
Фала ви многу. Ми одговара што имам повеќе предлози, таман ќе експериментирам па ваљда една ќе ми се погоди
Здраво драга, сеуште не ми се јавија, ама имаш право треба да проверам. Ќе одам од понеделник па ќе ти пишам. Поздрав.
Имам многу, многу сува кожа на лицето, понекогаш кога заборавав да ставам крема навечер сабајлето кога ќе се разбудев имав дури како ситни лушпи кожа. Користев бекутан и dove ама не бев задоволна. Од dove ми излегуваа многу акни и ситни брунчиња на образите. Пред месец дена купив bioten крема за сува и осетлива кожа и многу сум задоволна. Кожата на лицето никогаш не ми била помазна, воопшто немам мозолчиња или многу ретко, само на носот, лицето ми изгледа многу подобро, не знам како да ја опишам оваа среќа. Исто така, многу добра подлога за пудра е, не е мрсна како други креми за сува кожа, одма се впива ама лицето не е суво туку си е баш убаво. Друга работа е што кога ќе ставам само крема и ќе излезам лицето не ми се поти како со останатите креми. Препорачувам на сите со сува и осетлива кожа. Мислам дека старосната граница беше од 20 до 35 години. Еве за која крема зборувам поточно.
Во Рамстор (и мислам единствено таму), продавницата се вика Тесори Ди Маре. Повели и фејсбук линк https://www.facebook.com/tesori.di.mare.mk/
Погоре прочитав повеќе предлози за креми за сува кожа, но ме интересира кои креми можат да се користат за сува кожа склона на акни и црнки, имам сува кожа и ако ставам крема која е мрсна страв ми е да не ја влошам состојбата со акните
Не,ми е јасно на сува кожа не искачаат акни,тебе ти е мрсно лицето,само што ти е дехидрирано,веројатно на тоа мислиш.така да ќе си земеш крем за мрсна кожа.
Imam kombinirana koza i ne mozam da si najdam krema soodvetna na moeto lice. Se dvoumam pomegu ovie dve kremi. Za nivea visage imam slusnato deka sodrzela nekoja kancerogena supstancija, me isplasija zatoa i drugava ja zedov kako opcija. Dokolku ste gi koristele, koja vie bi mi ja preporacale