@Biodevojka Дали може да го погледниш составот на кремата и да ми кажиш 2-3 збора. Се работи за виши нормадерм анти импрфекшн и ако некој има искуство со неа да ми каже дали има ефект. Ми треба за флеките од акни. Sastojci AQUA / WATER - DIMETHICONE - GLYCERIN - HYDROGENATED POLYISOBUTENE - ALCOHOL DENAT. - BUTYLENE GLYCOL - GLYCERYL STEARATE - SALICYLIC ACID - AMMONIUM POLYACRYLDIMETHYLTAURAMIDE / AMMONIUM POLYACRYLOYLDIMETHYL TAURATE - ISOPROPYL LAUROYL SARCOSINATE - OCTYLDODECANOL - PEG-100 STEARATE - CI 42090 / BLUE 1 - STEARYL ALCOHOL - DIMETHICONE/VINYL DIMETHICONE CROSSPOLYMER - SILICA SILYLATE - SODIUM HYDROXIDE - SILICA - SODIUM POLYACRYLATE - PERLITE - PHENYLETHYL RESORCINOL - POLOXAMER 338 - DISODIUM EDTA - CAPRYLOYL SALICYLIC ACID - CAPRYLOYL GLYCINE - XANTHAN GUM - ACRYLONITRILE/METHYL METHACRYLATE/VINYLIDENE CHLORIDE COPOLYMER - PARFUM / FRAGRANCE
Здраво драга, од аспект на декларација не е органска во смисла содржи диметикон (силикон) и ПЕГ (нафтен дериват), меѓутоа за дејството и ефектот не коментирам затоа што ја немам пробано. Можеби некоја друга феминка што ја пробала ќе знае да ти каже повеќе околку ефектот. Сепак изборот го оставам на тебе.
@@Biodevojka Дали можеш да го погледнеш составот на оваа крема.Jа купи како органска и без парабени и ПЕГ.
Јас ја имам користено ноќната први резултати за околу 4 недели, одлична е малку е мрсна а за цената на попуст ос зегин околу 700 ден позз
После испробувањето на секакви препарати за чисто лице на кожата ништо не ставам освен нивеа крема, порано си користев бекутан.
Сакам убава крема до 500,600 ден за комбинирана кожа накај сува со фактор! Моментално ја имам еуцерин пх5, не е лоша, претходно ја користев Гамарде -француска органска козметика , ама ми смета мирисот многу е јак, инаку е солидна. Нека биде нешто од Еуцерин или Авен ..
Од срце ти ја препорачувам Еуцерин Аквапорин. Јас имам комбинирана-мрсна кожа, па кремава ми е идеална подлога веќе години наназад. Има light-верзија која мислам дека е без фактор, а стандардната си има ЗФ15.
Koja цена е ? Денес купив биотен чисто онака дека ја фалеа, некои 160 ден беше во Космо, ама катастрофа е леплива и не хидрира, само има убав мирис.
Супер е Гамарде, лесна, јас ја имам Гамарде Лежер таа е за комбинирана кожа и ја купив од Еурофарм на акција 2 за околу 1000 ден. Едното го потрошив, многу јак мирис ми има , сакам да сменам. Инаку и како за подлога е супер.
Не се сеќавам колку точно беше кога ја купив последен пат, ама цената и се движи слично како и на останатите креми од линиите на Еуцерин, на акции се обично 600 и некој денар, а редовната цена им е околу 700-800 денари.
Која крема за лице би ми ја препорачале за нега после сунчање? Мислам за поактивно изложување на сонце, на одмор
Марама во Космо 160 денари е долу забуткана на рафт јас имам комбинирана кожа и ич не ми прија ми го масти многу лицето
Моментално, на утро ја користам кремата на Avon care со алое вера. А навечер, пред легнување и чистење на лицето користам Anew hydro advance со заштитен фактор 15, исто така на Авон.
Bioten Cotton Skin Moisture Денес купив трето паковање по ред. Имам огромен проблем со наоѓање крема за моето проблематично лице бидејќи скоро повеќето креми ми прават акни и црвенило, и исто така поради тоа што имам сува кожа многу од кремите не ми ја даваат потребната хидратација.. Ја земав оваа на Биотен случајно, има убава структура и прекрасен мирис (се вљубив) мириса нежно и чисто.. Хидратацијата е солидна ма да мојата мојата сува кожа очигледно е незаситна, но поради проблеите што ми се јавуваат не се осудувам да експериментирам премногу па затоа откако ја најдов оваа и видов дека не ми се јавува негативна реакција на кожата, продолжив да ја користам.. За цената 179 ден. е повеќе од добра, на оние кои немаат толку проблематична кожа како мојата ќе им биде совршена.
Дневна и ноќна,не планирам да ги менувам иако имам комбинирана кожа ми одговараат,ноќната користам веќе втора тубичка,дневната ја користам и како подлога за пудра. П.С Колешка користи од истава колекција за зрела кожа со Q10 и е задоволна.