@Biodevojka dali moze da mi preporacas nekoj serum za brcki so nekoja pristapna cena?I ako moze nekoj sovet za nega na vratot i nekoe resenie za brcki na vratot?
@Biodevojka те молам да ми препорачаш крема за лице до 1000 ден. Јас имам 15 години и комбинирана кожа.
Posle dolgo talkanje se odluciv za ovaa krema Od DM ja zemav,za suva koza e i odlicna e Ja zemav za proba vo pomala kramaza,ama nareden pat pogolemata ke ja zemam Ima i za normalna i mrsna koza
Imam normalna na kaj mrsna koza,od kremi koristam eucerin aguaporin za den i nivea visage nocna,za okolu ocite isto aguaporin od eucerin.Pocnav da primetuvam brcki okolu usnite zatoa sakav da probam so nekoj serum mi imaa kazuvano deka od balea imalo nekoj neka bide do 1000 den.A za vratot?Pocnav da go mackam so kokosovo maslo dali e toa vo red?I uste nesto dali e dobro kokosovo maslo za masna koza?Isto koristam piling od talog od kafe i kokosovo maslo i pravam maska od zelena glina.
За кокосовото масло е индивидуално. Јас имам комбинирана кожа и мене одлично ми одговара. Доколку сакаш да бидеш сигурна пробај јојоба која е поадекватна за масна кожа. Е сега за серумот супер цена ми даде може да ти најдам повеќе работи. Еве како на прво место би ти го препорачала на Флоранс овој го користам моментално и презадоволна сум. Кожата воопшто не светнува. Ноќен серум е ама јас и за преку ден го ставам затоа што пудрата фантастично стои врз него. Многу лесна структура, прекрасен мирис и одлично влијае врз кожата (барем врз мојата комбинирана кожа). Цената му е 900 денари или 990 го има во Зегин. Имам уште некој предлог ама заборавив да те прашам колку години имаш за да знам да не ти препорачам нешто грешно. Здраво драга за таа возраст дефинитивно земи ја на Гамард себо контрол. Одличен е за комбинирана до масна кожа ја нормализира и воопшто кожата не свети. Ќе го најдеш во аптеки и цената е 900 денари. Поздрав
Оваа е супер за 30 години јас имам 38 и ја користам и задоволна сум. Инаку масло од јојоба може да најдеш најчисто во биокосмос т.ц. Буњаковец или на излез од ГТЦ кога ќе ја поминеш катната гаража во блокот има продавница на Биокосмос. Поздрав.
Blagodaram mnogu!samo uste nesto se izvinuvam na tvojot blog go procitav serumot za trepki i vegi pa sakam da go pravam dali moze da stavam samo ricinusovo i maslinovo maslo ili mora i drugite
Здраво драга може само рицинусово и маслиново. Јас ставив и друго затоа што имав дома во тој момент. Овие две се фактички и најважни. Биди упорна секоја вечер и ќе забележиш разлика. Ако немаш празно кутивче од маскара стави ги во шишемце и нанеси ги со чиста четка од маскара или со прсти. Поздрав. п.с. кажи ми после како ти се допаѓа.
Препрезадоволна сум од серумот од гарденија и роза од REFAN за БРЧКИ и за затегање на лице, после едно потрошено пакување не ми беа толку длаболки брчкиве на чело.
Ај совет за сува кожа, сега се видов на зголемувачко огледало и не ме бендиса призорот. Имам лишави мали. Моментално од балеа користам крема за мн. сува кожа ама не ја бива изгледа.
Dove moisturising cream, ја има и во мало пакување, па ако случајно не ти се погоди да не ти е жал за 50тина ден. ☺
Јас ја користев и супер ми беше ама последен пат не можев да ја најдам ( инаку од Зегин ја зедов) и си зедов Bioderma ама за парите мислам дека не вреди,одма се впива и не го мрси лицето ама ако се изводениш или испотиш бело остава.Подобра ми беше Vichy
@Biodevojka ке те замолам да ми препорачаш крема за лице со заштитен фактор? Во раните 30 сум и веке ми се познаваат линиички по челото, што би можела да користат секојдневно за нега?Добро би ми дошле препораки за секојдневна нега зошто сум хопелесс, кожата ми е сува.Благодарам однапред p.s. цената е небитна