Ако мислиш на таа најнова колекција денес ја видов во Космо и имаше само за сува кожа. А онаа претходната јас ја користев до денес (имам нормална - Т масна зона) и несум баш задоволна и затоа денес си зедов Гарниер. Некако Нивеа не е баш таа Нивеа од порано - јас последни 5-6 год. само тоа користев.
Да ве прашам....што мислите вие дали е добро да се става крема пред спиење. Имам читано дека убаво било да се остави кожата ноќта да "дише", со крема се затварале порите. Ама од друга страна кога ставам крема сабајле лицето ми е многу помазно и свежо се осеќам. Онака пошо иам многу сува кожа, ако не ставам крема се осеќам ко да ми се собира И ме интересира дали поради нанесување постојано крема се појавуваат црнки, или неизбежни се?
мислам дека е убаво да ставаш и навечер посебно ако имаш сува кожа и има посебни креми за таа намена можеш да земеш некој ноќен крем.
Може некој да ми препорача дневна и ноќна крема за комбинирана кожа? Имам масна т-зона, челово не може да ми куртули од мали бубуљички и црвени точки.
Јас цел живот ја користам Nivea Soft, пред некој ден ја земав Nivea Aqua па ќе видиме како ќе се покаже. Многу свежно ми е лицето од кога ќе ставам. Ја користи некоја од вас, задоволна е?
Ееепа вака.Крема верувале или не.. не користам.Никаква.Едноствано не можам да поднесам кога лицето ми е мрсно, а за мене секој крем е мрсен! ...Задоволна сум од мекоста на моето лице и немам проблеми освен тоа што на носот кожата ми се лупи! Се е во ред само на ностот незнам што му е финтата.Се нервирам тоа многу.Ми изгледа како што изгледаат рамента или грбот кога се во фаза на лупење после прекумерено сончање!Пробав да го мачкам лицето со бекутан крема и павловичева но ништо.Пудра да ставам не иде во обзир уште повеќе ми се лупи!Навистина незнам како да го спречам лупењето на кожата на тој дел од лицето.Некој совет ?
Ти се лупи затоа што ти е мн сува кожата,пробај барем само на носот да мачкаш со павловичева ,но секој ден...пред да ставиш пудра мора да ставиш крема и тогаш нема да ти изгледа како излупена кожата,тоа е затоа што ти е сува и не ја негуваш...треба само да најдеш соодветен крем кој ќе се впие во лицето штом го нанесеш.
И јас мислам дека ти се лупи баш затоа што не нанесуваш никаква крема. Си има различни нели, во зависност од кожата. Мене обично летно време од сонцето коа ми се лупи носот го мачкам со павловичева и ептен ми помага, за 2 дена ми поминува. Сега не ни оставам да почне да се лупи, а има сонце одма мачкам Најди си некоја крема, не толку мрска и ако неможеш да поднесуваш мрсно, мачакај се барем еднаш дневно по дома. Значи мој совет, мачкај го само носот со павловичева, пошо за цело лице стврано е многу мрсна, ама носот мачкај го редовно 3-4 дена и ќе видиш резултати
Исто кожата ми е пресува без нив не можам, ма да сакам да почнам некоја за околу очите само немам претстава која..
Па баш поради тоа ти се лупи носот, зашто на никој начин не ја негуваш кожата. Со што го миеш лицето? Мора од време на време да правиш и пилинг за да ги отстраниш тие мртви клетки. Млада си и затоа ти е убава кожата, но верувај ако не ја негуваш (и покрај тоа што ти е мека и немаш проблеми), за некоја година ќе ти се врати како бумеранг. Надворешните влијанија се премногу силни. Секојдневно го изложуваш лицето на сонце, ветер, прашина, чад и загадување, и затоа наутро мораш да ја подготвиш кожата за да го издржи тоа, а навечер да ја отстраниш нечистотијата. Земи си некоја блага колекција за млада кожа на база на краставици или камилица, па ќе забележиш ефекти веднаш.
Nivea Baby Soft Cream, најдобра се покажала до сега. Не е многу мрсна, а истовремено ми го прави меко лицето. Користев и Dove, ама некако без ефект.