Решив да седнам и да напишам една рецензија за кремите за лице што моментално ги користам - La roche posay effaclar mat и Frezyderm matte effect. Кремава на Ла роше ефаклар мат ја земав пред околу 2 недели и почнав да ја користам ден и ноќ. Трипати по ред ја купував другата верзија на Ла роше ефаклар дуо и можам да кажам помеѓу овие две креми нема никаква голема разлика , единствено приметив дека мат верзијава ми го масти дополнително лицето. Малку се разочарав морам да признаам , сега гледам да ја потрошам , ја користам како ноќна крема. Кремава ја земав од аптека околу 8 евра. Истиот ден ми дадоа мало тестерче од кремата на Фрејзидерм мат ефект , а претходно моја другарка ја имаше користено кремата од истата фирма , но за хидратација на лицето и ми кажа дека не и се допаднала воопшто. Јас кога ја пробав мојата верзија , се воодушевив , лицето го прави толку многу МАТ , кадифено , секако кремата е на база на силикон како и останатите традиционални креми , но бидејќи си имам масно лице и си барам креми што ќе ми помогнат околу себумот , се воодушевив , тестерот го потрошив до последна капка , и си ја земав кремата во големо пакување. Кремата е во вид на гел , опаковката е интересна , изгледа како шпиц , количината е 50 мл за околу 24 евра (јас на попуст 14 ја земав). Ја користам секое сабајле - иако на кремата пишува дека може да се користи и сабајле и навечер , мене за вечер не ми треба до толку лицето да ми биде мат , па ја користам пред шминкање зашто е од-ли-чна и како прајмер , лицето не ми се масти воопшто во текот на денот како што се мастеше претходно , одлично помага ов регулирање на себумот без да го суши лицето. На кутијата пишува дека лицето останува мат до 8 часа што потполно се согласувам со напишаното. Во животов немам користено ваква крема, не верував дека постои вакво нешто. Ако некоја може да ја проба да знае дека никако не се препорачува за сува-нормална-комбинирана кожа , кремата е исклучиво за масна кожа во спротивно може да се јават проблеми. Единствена маана е тоа што кремата не содржи никаков спф , но тоа мене воопшто не ми смета. Производи на Фрејзидерм сум видела во Зегин , но незнам дали ја имаат во продажба и оваа крема..
Ова е стариот серум со (сега веќе) сменета амбалажа? Многу бев задоволна од него и јас, најверојатно ќе го пробам и овој.
@koritsaki знам дека и ти имаш масна кожа и имаш искуство со креми, како што читам, би можела ли да ми препорачаш крема со спф под 50ка само не на Авене, зашто и тој ми ја масти..
Здраво драга, маслото од рози на алверде и е омилено и го имам користено. Може да го земеш како ноќна нега и да го нанесеш на благо навлажнета кожа за подобро да се впие и да ги искористиш максимално ефектите. Што се однесува за дневна крема денес ќе поминам до ДМ да разгледам некоја похидратантна а да биде ок за твојата кожа (иако не знам што би можело да ти одговара, затоа што не те познавам ама ќе се обидам, барем според состојките). Не знам колку години имаш (може си ми кажала ама не ми текнува) ама за вадење на шминка од алвере според мене е најдобар двофазниот маслен производ со гоџи бобинки. Наменет е од 30-та година. За мене е најдобар до сега барем од алверде. за миење на лицето го имам пробано само оној детергент со морска кал кој мене ми се допаѓа и не суши, ама еве ќе разгледам и тоа денес па ќе ти пишам. Поздрав.
Mila7 , еве што пишав погоре за kремава на Frezyderm matte effect се вика кремава провери во зегин да видиш дали ја имаат. Ако не , исто и Гамарде себум контрол е добра , работата е што овие две немаат воопшто спф. Од сите креми што сум ги користела со спф е кремата на Клиник супердефенс 20 спф но е малку поскапа од другиве што ти ги пишав
@koritsaki фала ти ќе ги разгледам..Ако некој друг има искуство со некоја добра крема со спф нека ми пиши
Ги земав вчера пак горе споменатите бидејќи неможев да најдам по соодветни,едните за мн сува,др за комбинирана и морав пак овие,ама ако најдеш ти некоја слободно пиши ми па ќе купам да си имам на залиха,инаку 25 години имам.Фала
За маслото од роза и јас гарантирам. Имам комбинирана кожа, но лани на крајот од зимата (бев многу болна) лицето ми беше многу дехидрирано, ми се лупеше, посебно под очите каде ми се појавија и брчки. Од маслово кожата ми се предороди. Летово паузирав, а од пред една недела почнав пак да го користам ( само навечер) во комбинација со Е- витамин околу очите. Мислам дека и целата колекција на Алверде е на попуст деновиве, ама и онака не е скапо (околу 220 ден).
Да, тоа е. Просто прекрасно е маслово. Еве гледам дека и на други им одговара. Чудно што го нема во ГТЦ обично се супер снабдени. Пробај Веро/Џамбо или Сити Мол, а мислам дека и Капитол би требало да го има (ама те рашетав низ Скопје ) Поздрав п.с. оваа крема многу ми се допаѓа. Еве ја декларацијата. Aqua, Persea Gratissima Oil*, Glycine Soja Oil*, Alcohol*, Glycerin*, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Cera Alba, Polyglyceryl-3 Diisostearate, Betaine, Oenothera Biennis Oil, Olea Europaea Fruit Oil*, Prunus Amygdalus Dulcis Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Chamomilla Recutita Flower Extract*, Tocopherol, Glycerin, Parfum**, Helianthus Annuus Seed Oil, Zinc Stearate, Magnesium Sulfate, Limonene**, Linalool**, Citral** *ingredients from certified organic agriculture **from natural essential oils од она што може да го заклучам од декларацијава, формулата е вода во масло (значи е малку помасна), така да дава огромна хидратација и истовремено ја храни кожата. Авокадото е одлично и во спречување на брчки или ситни линии кои се јавуваат како резултат на смеењето. Не гледам некои специфични анти ејџ состојки (освен моќта на маслото од авокадо). доколку сметаш дека е премногу масна за твоето лице (спомена дека лицето ти свети) ставај ја само на сувите делови, а за челото користи ја онаа што ја имаш дневната alverde tagescreme vertrauen. Поздрав.
Здраво драга, на германскиот сајт на ДМ ја најдов оваа провери дали ја има овде. Доколку ја нема пробај ја оваа оваа е за нормална до комбинирана кожа, ама е високо хидратантна. Иако јас најискрено би ти рекла да земеш некоја похранлива со оглед на тоа што се наближува зимски период како на пример една од овие две без разлика на тоа што се за сува кожа може слободно да ги користиш затоа што зимно време од студот кожата додатно се суши. Моментално ти се на попуст сите производи на алверде (не знам до кога). За до 500 денари само овие би ти ги препорачала. Изборот е сепак твој.
Оваа последнава ја нема кај нас,баш убаво ги разгледав сите пред некој ден,има една со авокадо ама со виолетово капаче мислам дека беше.До денеска се на попуст
@Biodevojka, дали си ја користела кремата на Алверде со дива роза? Многу сакам да ја земам, затоа што сега овој период имам потреба од некоја побогата нега (особено навечер по длабинското чистење на кожата), а мислам дека сè уште ми е рано за ноќни креми, па се двоумам дали да се ослонам на оваа крема, со оглед на тоа што имам комбинирана кожа.
Ако не ти пречи, ќе ти кажам мое искуство со кремата. Како што пишав погоре имам нормална до комбинирана кожа која во еден период лани ми беше многу сува. Ја земав кремата заедно со маслото. Веќе трошам трето кутивче од маслото, а кремата ми стои така. Прво, многу е густа и многу тешко се размачкува. Друго, не е воопшто хидрантна. Не знам како да го објасна чувството што го добивав на лицето... Тешко, но не нахраното. Единствено пробав неколку пати да ја нанесам на навлажно лице, па така беше нешто подобро, но далеку бев од задоволна. Од друга страна, од маслото сум презадоволна и би ти го препорачала наместо кремата.