@Mishela и јас ја имам користено кремата од дива роза. Генерално бев задоволна. Ја купив лани кога почнаа студовите и доста ми помогна во предлот на образите којшто секогаш најмногу ми страда на пониски температури и ветрови. Не приметив никаков проблем со впивање се додека не почнав редовно да користам кокосово масло навечер пред спиење. Најверојатно кокосовото масло почна да ја потхранува кожата, па кремата наутро поспоро се впиваше и чекав некое време пред да нанесам пудра. Исто така и намалив со количината што ја користев па го решив и тој проблем. Инаку се согласувам со @Avery секогаш маслата и маслените продукти поубаво ми се впиваат на влажна кожа отколку на скроз сува кожа. Доколку имаш многу изразена т-зона мислам дека ќе ти биде тешка на лицето. Инаку вака кремата е генерално ок. Мене не ми засветуваше лицето, а од тоа ми беше најмногу страв со оглед на тоа што има доста масла во неа.
Здраво драга, јас лично оваа крема ја немам пробано, меѓутоа го имам пробано маслото кое е прекрасно. Гледајќи ја декларацијата на кремата Aqua, Helianthus Annuus Hybrid Oil*, Rosa Canina Fruit Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glyceryl Stearate, Glycerin, Persea Gratissima Oil, Sesamum Indicum Seed Oil*, Olea Europaea Fruit Oil*, Glyceryl Stearate Citrate, Alcohol*, Acacia Decurrens/Jojoba/Sunflower Seed Cera/Polyglyceryl-3 Esters, Cetearyl Alcohol, Saccharide Isomerate, Sodium Stearoyl Lactylate, Sodium Hyaluronate, Helianthus Annuus Seed Oil, Glyceryl Caprylate, Xanthan Gum, Tocopherol, Levulinic Acid, p-Anisic Acid, Phytic Acid, Sodium Levulinate, Sodium Citrate, Lavandula Angustifolia Oil*, Citronellol**, Linalool**, Geraniol**, Parfum** (* ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils) не би требало да биде премногу масна (доста е хранлива, меѓутоа би требало убаво да се впива) со оглед на тоа што како база има сончогледово масло, масло од семки на дива роза, масло од јојоба (кое е одлично за комбинирана кожа) и глицерин (кој според мене е некаде околу 4% максимум, можеби и се лажам ама со повеќе би била леплива кремата) па дури потоа следат потешки масла како авокадо, маслиново, сусамово. Сидржи хојалуронска коселина, витамин е, етерично масло од лаванда. Доколку во зимскиов период кожата ја чувствуваш позатегната во смисла имаш потреба од нешто похранливо како декларација кремов е супер, ама сепак пробај претходно (не можам со сигурност да ти тврдам дека ќе ти одговара , треба да пробаш). Ако ти е премногу масен а дома имаш алое вера гел, земи мала количина од кремот во раката и помешај го со исто толкава количина алое вера гела за да го направиш помалку масен. Се надевам ти помогнав. тоа е затоа што заштитниот слој на кожата (хидролипиден е составен од хидро - вода и липиди - масло) за една состојка добро да навлезе и да ја храни а и хидрира кожата мора да ги содржи двете компоненти и маслена и водена. Само маслото на сува кожа не успева убаво да навлезе во кожата и се задржува на површината без да ја нахрани комплетно самата кожа. Затоа секогаш препорачувам маслата да се нанесат на благо навлажнето лице за максимално да се искористи нивниот ефект и дејство,
Ја користеше дневната или ноќната крема? @Mishela Заборавив да напоменам дека зборував за НОЌНАТА крема од колекцијата со дива роза
@Avery за дневна зборувам јас. Ноќната колку што сум ја приметила нема некоја голема разлика во составот. Има плус уште 1-2 масла, кои веројатно ја прават помрсна и потешка за упивање.
Дали кога ќе ја нанесеш ја чувствуваш тешка или леплива на кожата? Доколку да, во тој случај претерале со глицеринот, кој доколку го ставиш повеќе од 5% во кремот го прави кремот многу полеплив за лицето. Инаку навистина од декларацијата не изгледа многу масна, меѓутоа е доста хранлива тоа да. Ама еве вие што сте ја користеле повеќе знаете затоа што секоја кожа е различна а и башка ефектот е важен. Баш ме заинтересиравте можеби понатаму и ќе ја земам за да го видам ефектот. Јас и онака за навечер користам помасни производи. Поздрав
Хмм сега ме натера да подразмислам, зошто во моментов користам една друга крема со маслиново масло. Но не верувам дека била леплива, зошто не би можела да поднесам такво нешто на лице. Лицето сакам да го осеќам свежо и потхрането и генерално се што користам преферирам да си легнува како да ми е втора кожа. Кремот престанав да го користам откако ја користам течната минерална пудра од Алверде, затоа што не беа компатибилни една со друга. Многу лошо се размачкуваше пудрата како струганици се правеа. Со оваа од маслиново масло што ја користам немам таков проблем. Но со други производи во комбинација ми била супер. Затоа јас си кажав на моја кожа како се однсуваше и го дадов примерот и со кокосовото масло и со пудрата. Зависи и од кожата и од другите производи што се користат за лице. Но би препорачала да си ја пробате затоа што е солидна крема и не е скапа дури и да не ви се погоди.
Можеби погрешно се изразив - ми треба дневната крема со дива роза, за да си ја користам самостојно, за подлабинска хидратација на лицето додека немам шминка на кожата, па аналогно на тоа, би ја користела и навечер како замена за ноќна крема. Единствено ме плашеше тоа да не ми ја масти кожата повеќе околу носот, затоа што во зима само овој предел ми се масти забележително, а остатокот од кожата ми е нормален-сув, во зависност од временските услови. Како подлога за пудра си имам веќе една докажана крема која не ја менувам. Ви благодарам многу на сите (тешко ми оди тагирање преку мобилен), бев и до ДМ да ја погледнам уште еднаш декларацијата и без сомнеж ќе ја земам откако ќе ја потрошам оваа која ја користам во моментов. Баш штета што го пропуштив попустот, ама и онака цената е супер, па и нема да ми смени нешто многу.
Имав еден страшно стресен период изминатава недела и мислам дека од тоа ми е се појавија лишаи на лицето, како груба кожа на одредени места. Ако имате некој совет за крема, фала
Веќе неколку месеци користам домашно направен крем за лице со невен и маслиново, кокосово или бадемово. Лицето ми е многу почисто, а и кожата ми е многу помека.
@Biodevojka кремата на алверде од камилица што е sensitive дали има анти ејџ состојки?? Исто и оваа од роза и авокадо? Може ли да се користат над 20 години бидејќи на сите скоро креми на алверде пишува над 25 години?
Да го споделам моето искуство со кремата од дива роза на Алверде Ја користам редовно, повеќе од една година сигурно (и ноќната и дневната) и не планирам да ја менувам во блиска иднина. Прво ја земав дневната сосема случајно,бев презадоволна од ефектот и подоцна ја купив и ноќната. Ова е буквално единствена крема која не ми ја масти Т зоната буквално во текот на целиот ден. Во овој период од годината ја користам само ноќната бидејќи е похидратантна и можам слободно да ти препорачам да ја земеш ноќната наместо дневната, бидејќи е похранлива а не остава масен слој на лицето.Вистина е дека не дава 100% чувство на хидратација но никогаш не ми се случило да ми се создадат лишаи на лицето, што ми се случило со други креми. Проблемот го решавам така што нанесувам и втор слој на областите на лицето на кои им треба поголема хидратација и готово И дневната и ноќната се впиваат во кожата веднаш по нанесување, разликата е во тоа што со ноќната ја чувствувам кожата помалку затегната, особено на ладново .Во меѓувреме имав неколку проби да ја сменам кремата, користев креми на Балеа или Афродита, меѓутоа после одредено време се враќам повторно на кремава, бидејќи најмногу ми одговара. Поздрав
Здраво драга 1. декларација на роза Aqua, Helianthus Annuus Hybrid Oil*, Rosa Canina Fruit Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Glyceryl Stearate, Glycerin, Persea Gratissima Oil, Sesamum Indicum Seed Oil*, Olea Europaea Fruit Oil*, Glyceryl Stearate Citrate, Alcohol*, Acacia Decurrens/Jojoba/Sunflower Seed Cera/Polyglyceryl-3 Esters, Cetearyl Alcohol, Saccharide Isomerate, Sodium Stearoyl Lactylate, Sodium Hyaluronate, Helianthus Annuus Seed Oil, Glyceryl Caprylate, Xanthan Gum, Tocopherol, Levulinic Acid, p-Anisic Acid, Phytic Acid, Sodium Levulinate, Sodium Citrate, Lavandula Angustifolia Oil*, Citronellol**, Linalool**, Geraniol**, Parfum** (* ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils) Оваа има хијалуронска киселина и јас лично не би ја препорачала за 20 години. Според мене (ова е мое мислење) хијалуронската одговара од 30 па нагоре. 2. декларација на авокадо Aqua, Persea Gratissima Oil*, Glycine Soja Oil*, Alcohol*, Glycerin*, Polyglyceryl-2 Dipolyhydroxystearate, Cera Alba, Polyglyceryl-3 Diisostearate, Betaine, Oenothera Biennis Oil, Olea Europaea Fruit Oil*, Prunus Amygdalus Dulcis Oil*, Simmondsia Chinensis Seed Oil*, Chamomilla Recutita Flower Extract*, Tocopherol, Glycerin, Parfum**, Helianthus Annuus Seed Oil, Zinc Stearate, Magnesium Sulfate, Limonene**, Linalool**, Citral** *ingredients from certified organic agriculture **from natural essential oils Оваа повеќе ми одговара како за тебе. Освен маслото од авокадо кое се смета за анти ајџ состојка, другите состојки се ок. Кога јас лично би бирала за себа доколку би имала 20 години (со овој памет секако ) би ја одбрала вторава. Поздрав Здраво драга, еве ја првата Aqua, Helianthus Annuus Seed Oil*, Aqua (Augusta Water), Caprylic/Capric Triglyceride, Glycerin, Glyceryl Stearate Citrate, Cetearyl Alcohol, Butyrospermum Parkii Butter*, Prunus Amygdalus Dulcis Oil*, Ribes Nigrum Seed Oil, Cardiospermum Halicacabumb Flower/Leaf/Vine Extract, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract, Octyldecanol, Helianthus Annuus Seed Oil Unsafonifiables, Xanthan Gum, Тоcopherol, Glyceryl Caprylate, Levulinic Acid, P-Anisic Acid, Sodium Levulinate, Sodium Hydroxide *ingredients from certified organic agriculture Оваа крема е доста ходратантна но и смирувачка за лицето. Најнапред затоа што содржи некој вид на термална или извирска вода, а не е масна затоа што базата е сончогледово масло во комбинација со каприлик каприк кој е доста лесно како масло и глицерин кој дава огромна ходраација на кожата. Според мене оваа крема е специјално изработена за многу чувствителна кожа. Не содржи алкохол и како конзерванс е употребен Glyceryl Caprylate. Би требало да намалува иритации на кожата или чувство на затегање. Мене лично ми се допаѓа, не знам дали ја има овде ама би ја пробала. Aqua | Glycerin | Helianthus Annuus Seed Oil** | Glycine Soja Oil** | Alcohol** | Polyglyceryl-3 Dicitrate/Stearate | Myristyl Myristate | Xanthan Gum | Butyrospermum Parkii Butter** | C10-18 Triglycerides | Olea Europaea Fruit Oil** | Tocopherol | Helianthus Annuus Seed Oil | Fucus Vesiculosus Extract | Hydrolyzed Algin | Maris Aqua | Chlorella Vulgaris Extrakt | Sodium Lactate | Citric Acid | Alcohol | Coco-Caprylate | Sodium Polyphosphate | Cetearyl Alcohol | Parfum*** | Linalool*** **ingredients from certified organic agriculture ***from natural essential oils Оваа крема според структурата не е масна, меѓутоа е доста хидратантна. Оваа не би ја препорачала за чувствителна кожа, меѓутоа за комбинирана со масна Т зона да. Дава хидратација а не масти. Поздрав.
@Biodevojka те молам за мислење уште за оваа од камилица? Дали може да се користи за од 20-25 години? Ingredients: Aqua, Glycerin, Helianthus Annuus Seed Oil*, Alcohol, Glyceryl Stearate Citrate, Isoamyl Laurate, Shorea Stenoptera Seed Butter, Cetearyl Alcohol, Olea Europaea Fruit Oil, Cetearyl Glucoside, Mangifera Indica Seed Butter, Xanthan Gum, Linoleic Acid, Levulinic Acid, Glyceryl Caprylate, Palmitic Acid, Stearic Acid, Tocopherol, p – Anisic Acid, Sodium Levulinate, Bisabolol, Sodium Hydroxide, Parfum**, Limonene**, Linalool**, Chamomilla Recutita Flower Extract, Hamamelis Virginiana Leaf Extract, Linolenic Acid, Citral**, Benzyl Alcohol**, Citric Acid * ingredients from certified organic agriculture ** from natural essential oils
И оваа, има некои плус состојки незнам во што е разликава, првава посеизгледа ја повлекоа од продажба , па како замена и е вторава.. како и да е би сакала да ми ги искоментираш двете доколку не ти е тешко Aqua, Glycerin, Helianthus Annuus Seed Oil*, Alcohol, Glyceryl Stearate Citrate, Isoamyl Laurate, Shorea Stenoptera Seed Butter, Cetearyl Alcohol, Olea Europaea Fruit Oil*, Cetearyl Glucoside, Mangifera Indica Seed Butter, Xanthan Gum, Linoleic Acid, Levulinic Acid, Glyceryl Caprylate, Palmitic Acid, Stearic Acid, Tocopherol, Sodium Levulinate, p-Anisic Acid, Chamomilla Recutita Flower Extract*, Bisabolol, Sodium Hydroxide, Parfum,** Limonene**, Linalool**, Hamamelis Virginiana Leaf Extract*, Linolenic Acid, Citral**, Benzyl Alcohol**, Citric Acid *ingredients from certified organic agriculture **from natural essential oils
Иако имам мрсна кожа периодов ја чувствувам како да немам доволно хидратација, делува уморно (не знам како поинаку би опишала). Користам и матирачки пудри што сигурно допринесуваат за тоа. Бидејќи имам 23 год. сакам да обрнам повеќе внимание, па би сакала предлог за крема, али да е баџет френдли. Мислев да го земам маслото од роза на Алверде, дали би ми одговарало?
Досадна сум може со маслово, ама јас сум презадоволна. Ставај го на благо навлажнета кожа. Јас го ставам навечер, имам комбинирана кожа и наутро кога ќе станам воопшто не ми е масно или светнато лицето. Многу брзо се упива ако ти е дехидрирана кожата. И 4-5 капки се доволно за цело лице, а јас го ставам и околу очите, не ми прави проблем ( солзење и црвенило).