И мене ова ми се случува, или ако сум уморна, ми се јавуваат како црвени лишаи на лицето, како да се лупи кожата на тој дел.Баш прашав и з апрепорака за добра крема за сува кожа против први брчкиИмам 29г.
Од она што можев давидам иста е декларацијата, можеби пакувањето е сменето (во последно време ДМ сменија повеќе пакувања на кремите алверде). Инаку според мене кремов може за 25 години. Нема некои специфични анти ејџ состојки. Поздрав
Се мислам да ја купам кремата гел од Балеа аква, како сте задоволни? Би ја користела и под Катрис новата пудра.
Јас ја имам и кремата и серумот. Прво ја купив кремата, и многу ми се допаѓа по структура, ми се чини дури и поубава и похидрантна е од серумот. За жал јас не можев да ја користам затоа што содржи алкохол а мене тој ми пречи во козметиката и веднаш ми реагираше кожата. Ако не ти пречи тебе верувам дека ќе бидеш презадоволна. Како подлога за шминка и кремата и серумот се одлични.
Девојки ми излезе алергија на лице. После ставање на ампула витамин Ц, треба заштитна крема, лицево на мојата не реагираше добро. Ми кажаа да ставам крема за лице со спф 30. Но Ама не можам да најдам таква. Сакам да продолжам да ги користам ампулите, но со соодветна крема. Па ми треба препорака за крема за лице со спф 30. Имам комбинирана кожа со не многу мрсна т-зона.
Неодамна ја зедов кремава бидејќи знам дека на страните наназад беше фалена од повеќе членки И само можам да потврдам дека е прекрасна. Ќе видиме како ќе се покаже на постудено, инаку супер хидрира засега и се впива во кожата без да остава светлечки ефекти или чувство на тежок масен слој на површината на лицето како што е случај со некои други креми. Ми се среди и црвенилото на одредени делови. Прекрасниот мирис е само плус .
Здраво јас би ти препорачала или лавера или еко козметикс. лавера е некаде околу 700/800 мкд, а еко козметикс 900/1000 мкд. Поздрав.
Дечки, ги има ли некој користено производиве? Ги видов во локален маркет и ми падна во очи ниската цена. А, гледам и составот не им е лош. Само не ми се ризикува на непробано, се плашам да не се многу агресивни, кожата ми се нормализира периодов.
@senza.parole Здраве се бугарски чинам. Едно време, па и тука на форумот беше популарна кремата со цинк против мозолчиња. Сега гледам имаат нова и подобрена амбалажа. Имаат ли широка палета производи? Не е лошо да се проба и ова. Ова е во Здравец?
Да, во Здравец ги видов. Сè си мислам ќе купам нешто, па нека се погоди, гарант ќе ги земам после сите.
Девојки ај препорачајте ми ноќен крем. Имам нормална кожа. Досега го користев ноќниот крем од планет спа со екстракт од црн кавијар, а повремено и крем од anew со заштитен фактор и сега се мислам да земам ноќен крем од колекцијата на Афродита. Мислење?
го користам долго прекрасен крем едневен и ноќен е и релаксирачки толку убаво се впива на кожата ја измазнува предобра е не свети ништо а лицето премеко *The best после кратко користење се гледа разликата ..