Некоја добра крема против брчки(во последно веме забележав дека ми се значајно видливи на челото, и околу очи) имам 34 години и нормална/сува кожа, понекогаш мрсна на т-зоната. За цена нека е до кај 800ден
Разгледајте ги и кремите на Алверде во ДМ. Јас имам убаво искуство со нив. Имаат колекции за сите типови на кожа.
Може грешам, ама колку што сум гледала освен на Алверде во Мк нема да најдеш друга органска козметика толку евтино. Сите што сум ги гледала по аптеки се над 500, па и над 1000. Пробај ја за почеток колекцијата на Алверде соодветна за твојот тип кожа ако веќе сакаш органска.
Здраво драга, за таа цена секако како што рече @kjukli ги имаш кремите на алверде. Видов денес нешто ново, па ако не брзаш утре или задутре ќе проверам па ќе ти кажам. Друга крема органска за до таа цена не знам, меѓутоа може да ти препорачам на пример арганово масло до 500 денари или маслото од рози на Алверде кое е одлично за ова време. Има една крема на Логона мислам дека беше 400 мкд ќе проверам ја видов во Зегин кај мене со алое па да ја видам и да ти кажам. Деновиве планирав и да одам малку во мисија, па доколку не брзаш ќе разгледам и други опции или евентуално попусти. Поздрав.
@Biodevojka мислев до кај 500 ден да бидат двете креме, заборавив тоа да ги пишам. може на алверде, ама незнам која да ја купам, дали имаат и ноќни креми? од нив што можеш да ми препорачаш?
Ах, ок не те сфатив јас добро. Ок на алверде има за две креми до 500 мкд. Ај да разгледам па да ти кажам. Треба деновиве да си земам нешто за мене па ќе ти пишам. Поздрав.
Јас користам нивеа Q 10, дневна и ноќна, во Зегин секоја е по 600 денари, кога имаат попуст како пред една недела, беа по 400 и нешто денари. Мене ми одговараат и затоа не ги менувам се уште. Имам сува кожа, убаво хидрираат, а не се мрсни. Лицето ми е чисто. Спојлер: Кремите
Ги прочитав погорниве препораки за креми, и јас барам многу хидратантна крема, но да е најлесна што може. Мислам дека тие се како на база на вода? Навистина не знам, но ми треба да е многу лесна и немрсна, а убаво да ја навлажнува кожата зошто 5 минути надвор и ми се затегнува толку многу лицето што мислам ќе ми распука кожата... Мислам дека еднаш користев таква од Vichy, баба ми ми ја даде зошто нејзе не и одговарала, ама не памтам која и каква беше. Спремна сум да дадам до кај 1500 денари, само да е таква ко што барам.
Скоро три месеци ја користам Бекутан бадемовата детска крема и презадоволна сум со ефектите. Морам да напоменам дека ги имам пробано сите креми, серуми, скапи и ефтини, природни дома произведени, но конечно ми се погоди најдоброто а и ефтино. Ако може @Biodevojka да каже мислење??
Драга ќе те замолам да ми постираш декларација. Благодарам. Драга пробај ја линијата со хијалуронска на Гамард. Има еден крем fluid legere наменет за комбинирана кожа кој е многу лесен а одлично хидрира. Моментално е на промоција во Еурофарм ГТЦ (кај катната гаража) плаќаш еден крем а добиваш два (цената е околу 1000 мкд за двата). Според мене е она што го бараш. Поздрав.
Масна крема е, но на мојата сува кожа лесно се впива и ми дава убав сјај..Ефтина а толку многу убаво ми делува..Арно рекле луѓето, лекот е пет пари ама тешко е да го најдеш Нема врска со кремата ама после толку скапи колекции, лосиони, и др. глупости( а имам чисто убаво лице) сега една ефтина бебешка крема ми е фаворит. Пробај, ако не ти одговара ќе ја користиш за раце, за пети, супер е
@Biodevojka дали имаш да ми кажеш искуство за флуидот за лице на Гамард подолу од линкот? http://www.biohabit.mk/product.jsp?id=53 Имам комбинирана кожа, периодот на челото имам понекогаш црвенило, понудата е примамлива и чекам потврда од тебе дали да нарачувам.
Здраво драга, оваа колекција е многу убава, природна и органска. Доколку имаш комбинирана кожа на која сакаш да и дадеш и хидратација кремов е одличен. Како ќе делува на твојата кожа не би знаела да ти кажам затоа што сите сме различни , ама повторувам како производ е супер, а и промоцијата е екстра. Поздрав.
Моментално ја користам ноќната крема на Гарниер и сега за сега сум задоволна. Најважно ми е што кремата одма се впива, ми ја хидрира кожата и сабајлето кога ќе станам лицето ми е свежо и одморено. Имам нормална кожа, а на кутјата од кремета пишува дека е за сите типови на кожа, ама не знам ова колку е точно.