Моментално ја користам Дав класичната и сум задоволна. Одлична ми е и за под Катрис хд и Боржуа еар мат пудрата кои за периодов ми се малце суви, а со оваа комбинација не ми ги истакнуваат сувите делови и плус остануваат мат.
@DaniDivine Судокрем воопшто не е за лице, туку за бебиња кои што имаат осип од пелени. Инаку јас кремот го заменив со глицерин, мешам глицерин со вода со памук нанесувам на лице, ако е за преку ден оставам половина час и мијам лице а навечер оставам да стои па мијам утредента. Лекот бил пет пари, бај бај суво лице
И на крај, после се, може само да заклучам дека пробувај ова, она, ваму таму, Бекутанот ми е најубав, особено во зима....
@girl1985 Ми се чини дека ти ја имаше земено ноќната крема од рози на Алверде? Ме интересира дали е мн мрсна?
Слична структура имаат, мрснички се да, ама впиваат, јас барем не светам со нив, убаво ми се онака хранливи.
Јас ја имам дневната од дива роза, мислам дека е наменета за сува кожа . Но сепак е многу лесна и многу брзо се впива во кожата.
Сакам да си земам некоја крема за лице, но искрено не знам каква кожа имам. Лицето ми е чисто и меко, многу ретко имам мозолчиња, освен неизбежните црнки на носот, може да ми биде сува и да ми се лупи малку на некои места кога е мноогу ладно, или после бањање. Користев една крема што ми се најде по дома од Ziaja ама таа е за многу сува и иритирана кожа, и не ми одговара зошто по некое време носот страшно ми се мрси, односно Т-зоната. Според ова, најверојатно имам нормална кон комбинирана кожа, а зошто одамна немам излезено по ДМ или Космо, разгледував некои креми за лице од Орифлејм, загледав една за нормална кожа со екстракт од малина, но не знам колку се добри, си реков подобро да си земам од Алверде или Балеа. Ваша сугестија?
Дневна крема за машко (20-30год). Некоја квалитетна, лесна, баш она за нега на лице. Да не имате некоја препорака?
@blueeparadise јас би ти препорачала да си земеш крема без силикони и др штетни состојки. Мене биодевојка ми ја препорача оваа од Алверде , но ако си под 27 години земи ја оваа со лимета и јаболко Јас од ваков тип на креми имам користено на Гамарде Себо контрол и убава ми беше , таа ја имаш во Зегин и Еурофарм чини околу 900 денари а до 15.01 имаш некој 20% попуст на неа. Ако сакаш помалку пари да дадеш еве и овие на Алверде се добри.
SudoKrem ne e pogodna za koristenje na lice, ima cink I e nameneta za susenje na kozata, osobeno pri vlazni dermatozi
Gi imam koristeno jas I na pocetok mi ja hidriraa kozata no posle kako da mi se navikna I povtorno ja cuvstvuvav dehidrirano. Sepak nie so suva koza treba da vnesuvame I povekje tecnosti bidejki ne sekogas kremite mozat da ni go resat problemot
Zavisi od tipot na koza, dokolku ti e suva ti ja preporacuvam Sebamed Moisturizing cream ph 5.5. Golemo pakuvanje a I nema visoka cena, mislam deka pokraj vo apteki ja ima I vo DM marketite
Штo тип нa кoжa е oвa? Кaкo гo негувaш, пудрa и крем кaкви кoристиш, пиши ми ЛП или некoј друг aкo сaкa дa пишувa. Јaс имaм вaкoв прoблем.
Лелее, чувството кога по вадење на шминката и темелното чистење на лицето, ќе нанесеш од дневната крема со роза на Алверде...feels like heaven. Деновиве ќе ја пробам и под пудра, па мислам дека конечно ќе и` кажам на @koritsaki како и дали ми се погодила и вака како подлога. Прв впечаток - ми ја препороди кожата, похидрирано не сум го почувствувала лицево не памтам од кога.