Почнав на третман за лицето чистње иам некои флеки таака и тек тук мозоличиња и веќе зеедов соодветни креми.Али фала советите
@Biodevojka dali mozes da mi preporacas nesto na Bales no I I da ima faktor? Site koi imaat iskustvo so dobra krema za mrsna koza so faktor moze da mi preporacat )
Здраво драга, за жал скоро сите неоргански марки на креми со заштитен фактор имаат хемиски филтри (или комбинација од хемиски со физички), а јас сум поборник за физичките филтри, така да не би можела да си дозволам да ти препорачам крем кој не е во склад со мојата филозофија. Поздрав.
Дали некој ги има пробано кремите на Taiva? Јас имам чувствителна кожа која ми е иритирана и ми црвенее од топло/студено, а пишува дека помагаат баш за тоа
Имам премногу сува кожа, особено зимно време. Ми се лупи кожата а често и ми е црвена цела и ме стега. Веќе неколку месеци го користам Olay 2 in 1 hydration and glow и сум презадоволна. Кремот е купен од Англија и мислам дека го нема во Македонија.
Здраво драга, составот на овој крем е ок за комбинирана кожа, во смисла не би требало да ја масти (иако е индивидуално од кожа до кожа), Не е природен во смисла содржи доста хемиски состојки, хемиски филтри за заштита од сонцето (иако на крај има и титаниум диоксид кој е физички), па дури и силикон - диметикон (кој иако е во мала количина, сепак е присутен). Има БХТ кој јас комплетно го избегнувам во козметиката, и парабен. Изборот е сепак твој. Поздрав.
Јас си ја користам оваа, ама не ми е доволно мрсна.. Имам многу суво лице па ако знаете да ми препорачате некоја мрсна крема
Jac ja земав 320 денари на попуст, мислам до 15ти март е попустот. Инаку природна е, органска, за сите типови кожа на коja и треба хидратациja.
Ја има ли оваа крема во Зегин? Можеби @Biodevojka знае (ако знаеш и цена би било одлично). Морам да се „збогувам“ со Алверде од роза затоа што ужасно многу ми го масти лицето кога надвор е потопло. Ми се допаѓа и дневниот серум од истата линија, би ги купила комплет. Флоренс (или како и да се чита брендов) имаат фини креми, мајка ми има една анти-ејџ која за жал не можам да ја тестирам па ме интересира оваа.
Ја има во Зегин Мишелке. На ум сум да ја земам и јас. Имам чувство дека Лореалот не ми дава доволно хидратација на сувите делови.
Здраво драга, јас ја имам пробано онаа анти ејџ со матичен млеч од оваа козметика, потоа ноќниот серум и маската за лице. Последно нешто што купив е млекото за вадење на шминка кое е преубаво. Овој матирачкиов крем го имам видено кај нас, цената не ми текнува, ама можно е да има уште 20% попуст во Зегин. Според составот може само да ти кажам дека би требало да си ја извршува задачата, односно да матира. Ефектот е кај секого различен, па доколку го пробаш пиши како ти се допаѓа. Поздрав.