Avene се смета за еден од најдобрите брендови во Македонија, и не може да се спореди со Алведере. Особено за проблематично лице се препорачува медицинска, не природна козметика.
@Panthera оваа ли е кремата? Ако да , незнма колку ќе ти одговара оваа крема за лице , оваа е наменета за сува кожа.. јас имам користено доста од производиве на Авен а имаме иста кожа , ако сакаш од Авен оваа подоле во портокаловата опаковка е за твојот тип на кожа. Ја прави кожата мат така да мислам ќе ти се допадне. Е сега ако сакаш без спф фактор можеш да ја пробаш и на Гамарде себо контрол која е од природни состојки составена
@Biodevojka @koritsaki fala vi I na dvete Ne znam dali da ja zimam zasto se plasam dopolnitelno mi ja masti. Periodov ja koristam na Avene50 SPF, pa barav nesto poprirodno. Da prasam uste nesto od Gamarde I Eco (mislam deka I ovaa e na prirodna baza) koja bi bila po idealna za mrsna koza? Pozdrav
Ви благодарам девојки Да, таа е кремата Баш ја тестирав овие денови, ја пробав и под пудра и за чудо не светнувам иако не е наменета специфично за комбинирана кожа. Убаво се впива и ја освежува кожата, не останува на површина. Следен пат ќе ја земам портокаловата да ја пробам, фала ти
Фина крема е, ама само кога температурите се повисоки. Во сезони кога владее сув воздух, хидратацијата која ја нуди кремата не ми беше доволна. Инаку е одлична како подлога за пудра и многу убаво мириса.
@Mishela @duffi Ги земавте флуидот или кремата од Флоранс? Ги меркам и јас, а и кремот за околу очи, па ако земавте споделете впечаток а и кои се цените. Фала однапред
Сè уште не, не можам да ја најдам кремата која ја сакав и не проверив во друга Зегин аптека. Ќе пишам ако ја земам.
За сите што се интересираа за Гамарде има огромни попусти на странава. Цел сет за масна кожа е 1900 денари http://www.biohabit.mk/products.jsp?tagId=13
Здраво со секоја почит, не би се согласила баш со тебе. Секоја козметичка линија е оригинална сама за себе и помага на свој начин, а за тоа која козметика е подобра, дали медицинска или природна е индивидуално. За среќа сите сме различни и едно нешто што кај некој дава резултати кај друг може и да не даде резултати. Поздрав Здраво драга Еко козметикс ја немам пробано, ама имам намера да го направам тоа со оглед на тоа што како декларација ми е одлична. Гамард со заштитен фактор ја имам пробано и одлична е. Мене премногу ми одговараше. Ти препорачувам најнапред да пробаш тестерче од двете за да видиш која структура тебе повеќе ти одговара. Сите сме различни па не би знаела што да ти кажам. Поздрав Здраво драга кремот со матичен млеч го имав јас и многу сум задоволна. И земав еден и на сестра ми и таа е презадоволна. Флуидот не знам за кој зборувавме ако е оној матирачкиот не сум го пробала, ама го имам пробано ноќниот серум, маската за лице и млекото за чистење. Според мене оваа колекција е навистина многу добра. Како соста и декларација. За ефект секако сите сме различни. Поздрав. п.с. што се однесува до цените не се многу високи, некоја средина би рекла. како за органска козметика има многу пристапни цени. Јас кремот што го земав го платив на попуст 290 (основна цена 589 МКД). Маската за лице е исто така околу 500 мкд, млекото 600 мкд. Мислам дека флуидот го гледав некаде околу 450 мкд е сега не знам дали беше со попустот или без.
Јас го зедов овај крем, со попустот цената му е 320 ден. Како што се затоплува така и т - зоната ми се мрси, овај период имам комбинирана кожа, неколку денови го користам за преку ден и супер е досега, не светнувам. А на вечер пред спиење чисто масло од јојоба клавам, истото е и дел од кремата.
Јас пренесувам тоа што мене ми го имаат кажано дерматолози и фармаколози, колку и да е индивидуално ова сепак не е хороскоп, за кожата ко за секој орган во телото си има медицина позади. Како што кога ќе се разболиме на било кој друг дел на телото, за нешто се лечиме со чајчиња и со лимони, а за друго земаме антибиотици и посериозни лекови, така и за кожата не може се да се излечи со природни благодети итн.
Majka ми не беше баш задоволна од кремава а сестра ми е презадоволна, веројатно зависи индивидуално како ќе ти се погоди Понудата е одлична во секој случај.
Баш фина понуда, ако купуваш провери си рок. Инаку јас сум користела Nivea moisturizing day cream и сум презадоволна. Моментално користам Алверде ама би се вратила на нивеa повторно. Спојлер
Ја користев кремата и ми беше супер. Таа е дневна крема, има и ноќна. Сега исто нивеа за сува кожа користам, ама појачана формула q10, нели годините ова она
Да не се рабереме погрешно. Јас само го изнесов своето мислење. Немам намера да те премислам во она што го мислиш. Ти веруваш дека медицинската е подобра, а јас пак обратно, се залагам за природното и органското. Тоа не значи дека моето или твоето е точно, тоа значи дека имаме различен поглед на нештата и различно искуство. Поздрав.
Имам сува кожа на лицето, дури и лиши ми се прават понекогаш и перутаве(не знам дали е соодветен зборот) ми се. Каква крема ќе ми препорачате за овој период? Користев нивеа, ама повеќе за во зима е таа.