Јас ја користев пред некое време. Ок е, ама ништо посебно, ниту пак посакав повторно да ја купам. Имам комбинирана кожа, реално кремов ми беше ок како подлога под пудра. А немаше некои посебни ефекти.
@Biodevojka сега кога времето станува се потопло толку повеќе ми станува мрсно лицево. Ама го воведувам у некој ред си правам маски од глина, користам фактор преку ден. И сега сакам да земам онака некоја хидрантна крема но да не ми го мрси лицето, може да биде и мат но да не го затегнува премногу.. Се мислам помеѓу оној зелениот серум на Балеа од дм, од кремата од полжав на Victoria и од алое вера кремата. Некој твој совет? Поздрав )
Девојки,дали некоја од вас ги има користено кремите на Revuele и ако може да сподели искуство? Ги видов на фб и имаат пристојна цена.
Мој предлог: матирачки крем на Флеуранс, аква баланс на алверде, од поскапите крем мелиса на Хаушка. Еден од овие три според мене ќе ти виде супер. Поздрав.
Update: Денес ја нарачав кремата, ќе стигне во понеделник, па ќе ви пишам искуства. Инаку, девојката на телефон беше многу љубезна и детално ми објасни се за производот.
Јас ја имам користено кремава за комбинирана кожа и мене искрено ми беше супер. Одлично ја хидратираше кожата, без притоа да дава чувство на мрсен изглед и сјај. Ја користев и под пудра. За парите колку што се сеќавам не беше скапа (одамна не сум ја користела), меѓутоа вреди.
Почнав да ја користам. Сега за сега добро ми е лицево, освен носот што ми светнува после 3-4 часа, но се на се задоволна сум.
Дали Алверде имаат крем за лице со заштитен фактор? Или некоја слична со добар состав да ми препорачате?
Таа за масна кожа може ли да ми кажеш која е разликата помеѓу таа и таа на Гамарде себо контрол. Која го остава по мат лицето? Таа на Гамарде е супер и како подлога и не ми го масти воопшто лицето. Баш ме заинтересира и таа на Флеуранс
Мат кремот го немам пробано ама според состојките ми изгледа многу ок. Јас го користев оној анти ејџ со матичен млеч, ноќниот серум (кој е фантастичен за комбинирана до масна кожа) и маската за кожа. Овој треба да го пробаш па види како ќе ти одговара. Мислам дека понекогаш во Зегин имаат и тестерчиња. By the way само што забележав дека си модератор. Честитки.
@Biodevojka Би те замолила да ми препорачаш некоја дневна крема (по можност со заштитен фактор). Имам бело лице,и сега маки мачам со црвенило,веднаш ме "фаќа"сонцето и поцрвенувам,а замисли каква ќе бидам цело лето,со страв ќе излегувам од дома од минатата година ми се случува вака,претходно сум немала ваков проблем Фала ти
Здраво драга, од органска козметика со заштитен фактор може да ти ја препорачам Еко Козметикс, Лавера и Гамард. Лавера е најпристапна, па Еко и Гамард е најскапа. Одбери една од нивните креми со заштита која накмногу ти одговара. Поздрав.
@Biodevojka која е кремата на Лавера со заштитен фактор? Ако може слика и колку чини? И која од овие три е најдобра за комбинирана кожа?