Здраво драга, откако ги разгледав декларациите на сите три креми за лице, според мене најидеална за комбинирана кожа е онаа на Еко Козметикс заштитен фактор 50 или 30 (по твој избор). Органските креми се за нијанса побогати од останатите со оглед на тоа што физичките филтри имаат потреба од специјални формули. Инаку ако ставиш помала количина и убаво ја размачкаш нема да имаш проблем. Ти советувам претходно да пробаш тестерче за да видиш како ќе ти одговара пред да купиш крема која сепак е поскапа од обичното. Поздрав.
Ги пробала некоја новата крема и серум на Балеа за мрсна кожа и помалку видливи пори? Пишува дека може да се користат и како подлога за шминка, па затоа ме заинтересираа.
И мене ме интересира, деновиве немам време да поминам до ДМ да видам дали ги донеле. Ги има? Сакам да ги пробам и серумот и кремата, не се воопшто скапи, а сега за топлово време би биле супер.
@Mishela Пламирам да ја земам и јас кремава па ќе пишам овде баш каква е дали имаат и гел за миење лице?
Нема гел за миење лице од оваа линија, барем засега. Јас стандард си ги користам зелениот Балеа гел со гранули во пролет и лето, а плавиот во периодот есен-зима. Радо би купила и гел за миење, вака по описите фино звучат производиве, само се надевам дека се ефикасни.
Дечки ако ги земете ај сликајте декларација или постирајте слика овде за кои производи станува збор па да ја барам јас декларацијата на ДМ германскиот сајт. Ме заинтересиравте и мене
Ова е колекцијата за која зборуваме. Не верувам дека составот е сосема природен, ама да не типувам ништо пред време.
Здраво драга Мишела, благодарам што ги постираше производите. Отидов на германскот ДМ за да ги најдам состојките и еве што најдов: Првиот производ односно крем гел ја има следнава декларација AQUA | GLYCERIN | ALCOHOL DENAT. | TAPIOCA STARCH | SODIUM CARBOMER | ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE | PISTACIA LENTISCUS GUM | SODIUM HYALURONATE | ZINC PCA | PANTHENOL | GLYCOLIC ACID | MALIC ACID | CITRIC ACID | LECITHIN | XANTHAN GUM | ALCOHOL | CAPRYLYL GLYCOL | PHENOXYETHANOL | PARFUM. Може да кажам дека иако не е природен формулата е многу добра. Производов навистина би требало да матира, а благодарение на глицеринот истовремено и да навлажнува. Алкохолот на трета позиција нека не ве плаши не е во голем процент, затоа што прво доаѓа по аглицеринот кој повеќе од 3% не е сигурно, а второ алкохолот не е единствен конзерванс во производов, потпомогнат е од феноксиетанолот. Инаку тапиока старч ќе се погрижи за мат ефект со оглед на тоа што го собира вишокот на маснотија, а ми се допаѓаат и останатите состојки односно комбинацијата од пантенол, хијалуронкса кислеина, гликолна киселина и лецитин. Според мене производов е доста добар. Мислам дека ќе го земам за да го рецензирам и јас. Вториот производ односно серумот ја има следнава декларација AQUA | ALCOHOL DENAT. | GLYCERIN | SODIUM ACRYLATES/C10-30 ALKYL ACRYLATE CROSSPOLYMER | ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE | PISTACIA LENTISCUS GUM | SODIUM HYALURONATE | ZINC PCA | ALCOHOL | MALIC ACID | CITRIC ACID | GLYCOLIC ACID | LECITHIN | XANTHAN GUM | POLYGLYCERYL-4 CAPRATE | LEVULINIC ACID | SODIUM LEVULINATE | PARFUM. Овде алкохолот е на втора позиција што значи дека е повеќе присутен (процентот не би знаела со сигурност да го кажам). Има само една состојка која мене лично не ми се допаѓа а тоа е акрилатот Ц 10/30, кој се добива од нафтата. .Другото во формулата е ок. Јас лично мислам дека ова повеќе ќе суши како производ така да ставајте го само на делот на Т зоната или онаму каде треба да матирате, не на цело лице. Поздрав.
@Biodevojka те молам кажи ми кој крем е подобар за мрсна,чуствителна кожа и да можам да го користам како подлога под пудра....не е битна цената-Гамарде или Флеуранс или некој трет,гледам нив ги препорачуваш.Инаку го користев Виши нормадерм ама овие другиве мислам се органски и подобри.
Драга и двата се убави треба само да видиш кој тебе ќе ти одговара, Моментално тестирам еден на Балеа за матирање на кожата и денес го ставив со одлични резултати, кожава не ми светна ни еднаш. Ајде да видам барем недела дена да го користам па да ви пишам. Поздрав.
Го купив серумот на Балеа и ок е, али ништо посебно. Има леплива структура што мене не ми се допаѓа и не ми ја намалува видливоста на порите, додека пак на челото каде што имам мали брчки убаво изгледа, како да го измазнува. Ми се допаѓа што е доста течен и мала количина се распоредува на цело лице. Јас користам мат пудри, така што не можам да приметам некоја голема разлика. Ќе ми врши работа и ќе го користам додека не го потрошам, али не верувам дека би го купила пак.
Јас ја користам кремата на Балеа без масло веќе 3 дена, немам сеуште некое посебно мислење , само ќе кажам дека структурата е навистина геласта , ни пре течна ни пре густа , мирисот е многу нежен , брзо се упива на лицето , од кога ќе се упие при допир некако е малку лепливо лицето, но тоа поминува , и навистина го прави мат лицето. Сега за сега гледам дека е ок , не дава спротивен ефект да го мрси лицето и слично , сепак само 3 дена ја користам. Ако нешто меѓувреме се промени ќе пишам овде , сега засега се покажа многу добра за таа цена од 100 и нешто денари. Ја интересираше мое мислење и @maggy95 ша еве ја тагнувам
Вчера ја немаше во Сити Мол, имаше останато само две кутивчиња од серумот. Или се троши многу брзо, или бавно надополнуваат залихи. Апел - да полнат залихи побрзо, зашто ептен сакам да ја земам, дневната крема ситно ми брои до крај.
@M.laDy јас досега од сите креми што сум ги користела , нај мат ми беше од Гамарде себо контрол , досега два пати ја имам користено , малку е по густа од оваа погоре на Балеа ама навистина лицето е мат. Плус природна е , ако ти е важно Сега ја тестирам кремата на Балеа ама се уште не можам да кажувам дека ја препорачувам , треба уште некое време да ја тестирам ( ме интересира нели како ќе биде издржлива и на потопло време)
@koritsaki Очекував некоја поинтересна цена Цената е ок кога ќе споредиш со ла роше, авен, итн. Фала ти многу
Може ли да ми кажете Гамард дали одговара за комбинирана кон сува кожа 25+ возраст и ако има повеќе видови која да ја земам?