Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. loreddie

    loreddie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    67
    @Biodevojka Ја користам Гамард со спф30 меѓутоа кога ке ставам ми делува мрсно и малку
    “тешко“ на лицето.Дали таа на Еко е со полесна формула,не толку масна? Имам комбинирана/мрсна кожа.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми каже зошто од мрсна т-зона ми стана сува т-зоната? :?:
    Лом ми е носот и челото, ќе употребам крема против сувост( ми ја дадоа во аптека) и сега деновиве изложена на сонце повторно истиот проблем. :|
    Некоја препорака за крема и објаснување за проблемов. Фала.
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    На еко ја немам пробано, ама според декларацијата би требало брзо да се впива без бела трага. Ти советувам да пробаш тестерче доколку имаат по аптеките. Поздрав.
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Можно е од користење на агресивни средства за миење, креми со силикони (кои ја сушат кожата а даваат лажен ефект на мазна кожа), нафтени деривати и.т.н. Неправилни козметики производи или несоодветна нега. Причините се многу. Зошто не земеш нешто поприродно без силикони за почеток за да ја исчистиш а истовремено да го подобриш и проблемот?

    Според мене одговара. Има два вида фактор 30 и 50. Јас ја имам користено 50 затоа што сум светла и ми треба голема заштита. Ти сама процени кој фактор ти треба во зависност од тенот и дали брзо гориш. Поздрав.
     
    На BellaS, buba4e89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka кои се цените на кремите со заштитен фактор?
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, од она што ми текнува сега најевтина е Алверде околу 300 мкд остава малку бела трага (и онаа за лице и онаа за тело) ама ако ставиш пудра врз неа не се гледа. Малку е помасна како производ. Потоа Лавеера мислам дека беа од 600 до 800 мкд (ги гледав во Космо), не ги имам пробано ама според составот не би требало да оставаат бела трага (мислам дека се микронизирани цнк оксидот и титаниум диоксидот). Имаш разни видови за бебе за возрасни, јрем, лосион и.т.н. Потоа Еко козетикс на која и се спремам да ја пробам, (имам сега една фантастична па после неа може да ја земам) цената и беше од 600 до 1000 во зависност од грамажата и заштитниот фактор. Како декларација ми изгледаат одлични сите. И на крај Гамард е најскапа 1570 и 1540 или така нешто не ми текнува. Ја имам користено онаа 50 убава е веднаш се впива ама зависи од типот на кожата како ќе одговара. Мене ми беше ок, ама еве читам на некои девојки им е масна. Се е индивидуално. Поздрав.

    п.с. јас моментално ја користам оваа од Fitocose lipogel solare protezione alta
    IMG02170-20170405-2246.jpg

    безмасна структура со висок заштитен фактор. Го земав од Италија се нарачува на нивниот сајт. За жал не испорачуваат до Мк. па кога одам во Рим си го земам. Нема нешти подобро. Оваа колекција ми е омилена и последниов пат си земав 5 производи за нега кои ќе ви ги претставам, затоа што знам дека има девојки овде на форумов кои живеат во Италија.

    Поздрав
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  7. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    3.151
    Пол:
    Женски
    Девојки препорака за дневен и ноќен крем? Моментално користам Зиаја од краставица и како дневна и како ноќна крема. Ок е кремата, но сакам да сменам. Имам комбинирана кожа, мрсно чело :wasntme:
    Поздрав
    @Biodevojka
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Во последно време само со вода ја миев. Да не е од топла вода?
    Што би ми препорачала од природна козметика?
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, колку години имаш и до која цена да ти препорачам?

    Никако со топла вода. Кожата на лицето најдобро е да се мие со поладна вода, заради свежина а и циркулација. Инаку само вода не е доволно. Мора да ја миеш со некое благо средство, затоа то само водата не може да ја отрстрани нечистотијата што се собира во текот на денот, а знаеме колку ни е загаден воздухот. Каков тип на кожа имаш, колку години и до која цена да ти препорачам непто за миење и евентуално и крем ако сакаш?
    Поздрав
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ох, знам дека сум виновна од немање време да си се посветам себе си. Не се ни шминкам како порано толку.Ја мијам со гел за миење лице од Балеа со краставица, едно време додека го користев супер ми беше, потоа престанав. Имам и маска од таа линија ја нанесувам еднаш неделно. Вчера почнав пак да го користам гелот и денес ставив пудра и немам таков проблем како вчера. Прво си мислев да не сум изгорела од Санторини цел ден на сонце, бидејќи и во лето горам на носот и ми се лупи. Имам 27 години, не е важна цената, имам комбинирана со мрсна т-зона која сега стана сува, од зимово ми е ваква инаку воопшто не беше. Може нешто за миење, од крема користам нивеа софт до сега се покажала најдобра.
     
  11. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    3.151
    Пол:
    Женски
    24 години сум, а цената може 600-700 ден. Исто и нешто за секојдневно чистење лице, гел, пена нешто .
     
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Препорака за двете за миење земете ја пената на балеа. Јас ја користам моментално и се вљубив. Исто така коритсаки и мишела ја пофалија (благодарение на нив и ја открив). Прекрасна е за комбинирана до масна кожа одлично мие а не суши.

    Лина, освен пенава за тебе може и кремот од балеа за масна кожа. Јас го користам веќе 3/4 дена додуше денес е 5 ден и многу сум задоволна затоа што одлично ја матира кожата. Ако имаш чело што свето со кремов нема веќе воопшто да двети, верувај. Поздрав

    Еве ви слики да знаете што да барате.
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На EMoonlight, LollySky, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Фала многу Биодевојка, ќе сменам, ќе ја земам па ќе пишам дали има подобрување.
    Поздрав
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    3.151
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу драга, само што кај нас нема ДМ, па незнам дали ќе можам да ги најдам.
    А за ноќен крем?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Уф леле не знаев дека нема ДМ кај тебе. Драга во тој случај во зегин барај го Флоранс матирачкиот крем мислам дека некаде околу 600 мкд беше. Ако сакаш универзален производ за наутро и навечер земи масло од јојоба. Му нема рамно за масна и комбинирана кожа. Поздрав.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Лала крема, дневна и ноќна. По 100 денари е една. За пеги и флеки е и лицето го прави стакло. А, и општо за нега на лице е.
     
  17. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka здраво!дали би сакала да ми препорачаш некоја крема за млада кожа, прилично имам чисто лице, со по некоја бубуличка пред циклус и ситни флеки од стискање мозолчиња, кожата ми е комбинирана со масна Т-зона.Инаку користам пудра скоро секој ден(ако тоа менува нешто) и имам 17 години^_^и ако може некоја попристапна цена :P
     
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, кажи ми ти до која цена да гледам? Поздрав.
     
  19. soffce

    soffce Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Не повеќе од 500 денари:wasntme::wasntme:
     
  20. Adriana.O

    Adriana.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам препорачајте ми добра крема значи да не го суши лицето, а и да не го мрси многу значи убаво да хидратира влажност да има. Многу креми имам пробано но џабе и да е со приступачна цена, не многу скап.