Имав комбинирана кожа, после некое време почна да ми се суше и сега ми е чат пат комбинирана чат пат суваа! Нереално звучи знам.... некаде до 500 ден.
Дали некоја од вас ги има користено сетовите на Nova Age од Oriflame? Дали се навистина добри? Сакам да нарачам, но претходно барам мислење, бидејќи не се баш евтини.
Мислам дека би ти одговарале овие. Дневната е многу лесна и е супер за под шминка, а ноќната дава добра хидратација. Цената поединечно не им е повеќе од 350 ден. Ги има во сите маркети. За миење на лицето ти го препорачувам гелот за миење од истата линија или синиот на Балеа.
Ако не ти е проблем уште 100 денари плус (600 мкд) во тој случај земи ја на Флоранс матирачката крема за комбинирана до масна кожа. Ја има во Зегин. Инаку ди таа цена не најдов ништо друго за твоја возраст. На алверде и балеа имаат хијалуронска а на 17 години немаш потреба. Идеална би била од мелиса на Хаушка ама 1200 мкд е. Пробај ја онаа на флоранс. Поздрав.
Девојки препорачајте ми некоја хидратантна крема за лице...имам сува кожа, до сега сум користела Бекутан ама не ми одговара очигледно...се мислам некоја на Еуцерин па ми треба и ваше мислење.Поздрав
Девојки не најдов соодветна тема, па тука ми беше најлогично да го поставам прашањево.... Дали некоја од вас користела/користи Витамин Е на кожата?!?! Се изначитав колку е здраво особено за намалување на брчки и одржување младешки изглед... Вчера купив една лента капсули па искрено се мислам дали да ги пијам или да се мачкам директно на лице место ноќна крема?!? @Biodevojka мислење?!?!
Доколку е чист токоферол (кој се сомневам дека е затоа што ретко се наоѓа) може во комбинација со некое полесно масло на пример арган (ова само е многу тешко за нанесување) во соодветни пропорции. Ако има и други состојки треба да знаеш што содржи пред да го ставиш на лице. Јас имам користено чист токоферол како крем околу очи само. Ама за жал како што реков кај нас тешко се наоѓа во чиста форма. Поздрав.
Ок прочитај ги убаво состојките мора да ги пишува. Не сум ги користела никогаш и не ги познавам. Поздрав.
Обично кремите за возрасна кожа се сите помасни поради тоа што треба интензивно да ја нахранат. Оние кои мислев да ти ги препорачам се малку поскапи. Остави ми два три дена да ти најдам нешто до таа цена на природна база ок? Поздрав.
Не е проблем и да е малку поскапа. Знам дека обично се потешки тие креми, сепак некоjа полесна би била идеална. Благодарам, поздрав