Јас ја користев до пред некој ден Intensive cream (со ретинол и витамин Е) - увава е и е за многу сува кожа. На потопло време не би ја користела бидејќи многу е мрсна. Буквално како да ставаш маслиново масло на лицето. Пријатна е, брзо се впива, но мислам дека е подобра за во зима. Денеска купив исто Долива (Gesichtspflege) -за сува и чувствителна кожа и од неа сум задоволна. Наредна ќе ми биде Hydro Care (со уреа и витамини).
Скоро ја купив на Гарниер , розевата заедно со тоникот за вадење шминка. Ама од кремата на образите ме пецка некако кога ке ставам... Не знам дали треба да ја сменам, зашто вака задоволна сум и кога ке го измијам лицето не ми како кора суво, туку стварно ја хидрира кожата. Прочитав негде дека може да пецка ако прави благ пилинг...му се има ли случено на некој?
Јас имам една таква крема се вика OMBIA bodycare soft значи софт е, а имам од истава што пишува долу normal scin е сега не знам за што е оваа soft, но ме пецка од неа лицето. Види и ти да не пишува и кај тебе soft.
Моментално го користам ESSENTIALS од Oriflame за мрсна кожа, ама пак некако тешка ми е. Сум пробала воопшто да не користам крем, ама не бива. Од кои креми за мрсна кожа сте задоволни?
Lea ! 225 ден по аптеки подолго време кожата е хидратизирана, а и откако ке користиш течна пудра, подолго време трае, и Т-зоната не ми станува мрсна (што многу ме нервираше порано)
После долго трагање и менување на разноразни креми,ја открив Нивеа софт сосема случајно ,и за чудо многу ми е пријатна на лицево...
Тетин ми е дерматолог и знам има многу пати кажано дека до 30 година не треба да се употребува крема,затоа што со неа полесно излегувале брчки и кремата го прави мрсно лицето и е повеќе склоно на мозолчиња,црнки и такви ствари,затоа подобро е некоја пудра да се става,квалитетна или само лосион и толку.
Nivea Soft е многу добра. Во последно време јас на лице почнав да ставам од млекото на Becutan. Задоволна сум и од двете, не го мрсат лицето и не прават многу да свети
Кремата не го прави лицето мрсно - кремата го храни лицето. Тоа повеќе ќе лачи мрснотија ако го пресушуваш со миење а после тоа не го негуваш. Кога сме веќе кај мрсењето, напротив - на сува кожа побрзо се појавуваат брчки, а на мрсна не. Како тоа пудрата е добра за лицето а кремата не? Лосионот содржи алкохол и го суши лицето, ако само така го третираш дефинитивно ќе се појават брчки. ... не знам, тетин ти веројатно е единствениот дерматолог што не препорачува крема до 30 година И што точно се случува во 30тата за тогаш да ставиш крема, кога со ненегување дотогаш веќе ќе си збрчкана и со оштетена кожа?
Моментално ја користам кремата од линијата Avon Care. Сега за сега сум задоволна од таа крема. Би сакала да ја пробам Нивеа софт, ми ја препорачаа, а како што гледам ја фалите
Можете ли да ми препорачате некој добар лосион за миење на лицето, тоник за чистење и крема некоја? Немам проблеми со лицето, но сакам да му посветам поголема нега..Иначе користам крема Cera di Cupra и е добра, ама нема од истиот бренд и тоник и лосион за миење...
Јас од неодамна ја користам оваа крема од Авон Ми се допаѓа, од камилица е и ми ја смирува кожата. Малку е помрсна, ама за мене е идеална бидејќи се мачкам со неа пред да ставам менхетен пудра која е малку повеќе густа. Па така полесно ја размачкувам, а пудрата ми дава мат изглед
Јас сум многу задоволна од козметиката на Афродита, посебно од производите за чистење на лицето. Има пена за миење, млеко и тоник за мрсна или сува кожа соодветно. Сум користела Лореал и Гарние, овие се многу подобри. Гош имаат исто убаво млеко за бришење шминка. Имаат и тоник, ама тој не сум го пробала.
Јас да си прашам.. Ми се ближи 30-тата, лицево сега за сега ми е добро, немам некои си брчки освен кај очите, се познаваат кога се смеам...Користам Кливен лосион и бекутан помада...Која крема за лице да јжа користам против стареење на кожата...Нивеа Q10, Eucerin...или некоја друга..Прашав во аптека ми ја препорачаа Еуцерин колекцијата ама прво сакам да слушнам ваше искуство. Однапред Ви благодарам.
Еуцерин е одлична линија, сум ја испробала на мене (добро не таа за кожа над 30, но сеедно - козметиката си е со висок квалитет). За Нивеа Q10 имам слушано само позитивни мислења, а е и најпродавана крема во светот од тој вид. Сепак меѓу овие две би ја одбрала Еуцерин. Штом досега си користела Бекутан верувај, веднаш ќе забележиш разлика.