Дали некоја користела сребрена крема? Има две врсти, едната е чиста, другата е со масла. Ме интересира дали помага за акни.
@Biodevojka Здраво дали ќе може да ми препорачаш лесна хидратантна крема за нормална накај сува кожа до кај 300 денари. До сега ги користам нивеа кремите за нормална кожа но сакам да сменам. Инаку сум бремена и лицето во пределот кај челото за 1 недела ми се нафрли со акни, а имам многу чисто лице и ретко проблем со некоја акна тук таму. Ако може и некоја друга феминка слободно нека пише совет.
@Biodevojka @Mishela или можеби некој друг кој има информација. Денес бев на козметичар поради влошената состојба на кожата во изминатава недела. Ми направи третман кои ми ја смири кожата и ми препорача серум од витамин б. Имам дерматит и воспалување на лојни жлезди... Имам тон креми за осетлива кожа ни не знам што е најсоодветно за овој момент, оваа состојба. Планирам да одам на дерматилог после еден месец, кај мојот дома. Препорака за уље, серум, крема... додека сум тука?
Мислам дека си користиш Хаушка козметика, нели Дани? Не знам зошто така сум запаметила, ама мислам дека имаше некои производи кои ги користиш. Можеш да продолжиш со нив да ја негуваш кожата, во спротивно и во случај да не си задоволна, како дневна крема можам да ти ја препорачам Лавера Сензитив. Плава тубичка е, нема да ја промашиш во никој случај и ја има во ДМ. Не сум сигурна колку пари беше, ама секако е над 600 денари. Има фин состав, орагнска крема и е многу фина на лице. Мислам дека од колекцијава треба да има и гелче за миење лице ама го немам пробано него. Верувам дека Биодевојка би имала повеќе предлози, еве од мене предлог ти е да разгледаш какви други производи нуди Лавера. Производите имаат многу фин состав и мислам дека нема никаква штета покрај состојбава на лицето. За оваа крема која ја спомнав, тврдам дека е прекрасна, ја пробав во текот на зимскиот период затоа што имав проблеми со сувост и лишаи и ми се допадна каков ефект му дава на лицето. Како масло можеш да набавиш арганово органско масло. Мислам дека и Биодевојка го препорачува.
Оф, се имам и редовни користам и пак кожава преку ноќ, писледнава недела, ми дојде во очајна состојба. Ги имам двете од Др. Хашка, и розе и лајт, плус уште неколку кои се баш сензитив, ама ништо не помогна. Е едино го дотрошив аргановото, ми остана само бадемово, кое во оваа состојба не даде ефект. Прв пат слушнав за ива со витамин б, таква терапија или серум. Јас користев еден од Артемис, баш за осетлива и раздразнета кожа, ама ни тој не ми помага веќе. Баш очајна сум. Инаку ја знам лавера. Имам и неколку продукти од нив, што за мене што за мајка ми што сум набавила, ај погледни на која линија мислиш. Не знам што би ја смирило кожава во вакво стање. Се што имам не е од голема корист.
Оф, леле, најверојатно кожата е пресензитивна во моментов па затоа ништо не одговара. Единствено ако можеш да најдеш некоја крема на база а невен, невенот многу ја смирува кожата. Или ако ти прија арганово, да продолжиш со него да ја негуваш дури ти трае тој период на терапија. Ајде причекај да видиш што ќе предложи Биодевојка, верувам дека решение секако ќе најдеме. Инаку, баш на оваа плава колекција од Лавера мислев, а кремата е оваа, најдов сликичка.
Здраво драга, до таа цена само од Алверде може да ти препорачам. Aqua 24 иако вели од нормална до комбинирана може да ти ја препорачам затоа што одлично хидрира како производ, потоа Alverde MED кремата која е и за чувствителна кожа. Јас би ти препорачала природна козметика без парабени и други работи баш затоа што и си бремена. Поздрав. Драга многу ми е жал што го читам ова, ама не ја знам причината поради која ти се влошила состојбата на кожата. Да не е од храна, или нешто што си ставила. Јас би ти препорачала масло од Ему. Според мене за дерматитот многу ќе ти помогне. Јас го користам навечер за масажа на лицето и како ноќен третман и забележувам големо подобрување на квалитетот на кожата. Пробај според мене ќе ти ја смири. Како структура е многу блиску до нашата кожа и лесно се впива. Имаш две едното е сино а другото црвено на Ему Дерм се. Црвенотот е полесно и без мирис, а синото јако мириса. Јас за овие две ти гарантирам оти ги имам и двете дома и сум ги пробала. Земи и кажи каква е состојбата. Може и трипати дневно да ги нанесуваш на почеток за да ја смириш. Поздрав и пиши како си.
Предлог за ноќна крема до кај 350 ден., по можност од дм маркет. За комбинирана кожа и многу битно да е лесна хидратантна од тие брзо што впиваат? (за ~ 30 год.) И да не е нивеа, сакам да пробам друга
Јас моментално не ставам никаква крема за лице , лицево ми се исфрли со акни (дека пред добивање) сега ставам само за преку ден од спрејот (крема) со 50 спф на La roche posay , и супер ми го држи лицето мат плус 50 е висок спф фактор. Летово планирам со ова да поминам. За преку ноќ не ставам ништо , ама имам во глава две креми што ќе сакам да ги пробам
Многу сум задоволна од сетот, веќе го користам второто пакување. Мајка ми исто така користи од оваа линија на производи само со Q10 и е презадоволна. Дефинитивно вреди за цената
Девојки препорачајте некоја крема за секојдневна употреба за летниот период, не сакам сега во летниот да користам пудро малку да ја одморам кожата сакам само крема. Имав многу чисто лице, но во последно време ми се појавија акни и како на моменти да ми е суво,и затоа сакам летниот период да одморам од пудра.
@Amelia Спрејов е за секојдневна употреба и тоа повеќе пати во денот види дали ја имаат донесено во Зегин , во ГТЦ има повеќе избор на производиве Ла роше. Јас спрејов го земав од Грција
@koritsaki i jas mnogu tesko si pogoduvam dobri kremi. Pa se mislam za sprejot, mozes da mi kazes dali ja susi kozata i kolku cini?
@beautu17 Тешко е навистина ова го користам моментално преку лето само , пред шминкање исто така , моето лице е мрсно , и спрејов не ми го прави дополнително мрсно , ниту ми го суши. Јас мислам дека може да го користат сите и тие што имаат сува и масна кожа. Ти каква кожа имаш? Само прашај во Мк дали го има , прашај низ зегин зашто е нов производ кај нас во Грција пред месец го донесоа низ аптеките. Јас го земав 9 евра со попуст
Девојки препорачајте некоја крема за секојдневна употреба за летниот период, не сакам сега во летниот да користам пудро малку да ја одморам кожата сакам само крема. Имав многу чисто лице, но во последно време ми се појавија акни и како на моменти да ми е суво,и затоа сакам летниот период да одморам од пудра.