Го проба серумот во зелено пакување од Балеа? Мене многу ми се допаѓаат и кремата и серумот. Ја хидрираат кожата, а не ми ја мастат Т-зоната кога ги носам како подлога за пудра. Кремата е околу 200 денари, а серумот мислам околу 270 денари.
@Mishela Има ли можност да се стави анкета во темава? Или некако во првото мислење да има на пример листа со креми поделени по тип на кожа кои што се покажале дека се најкористени/најдобри.
Анкета искрено не верувам дека би ни била многу корисна, но изготвуваме листи за креми, пудри и маскари, па во договор со админите, ќе бидете известени кога тоа ќе биде спроведено и како.
Го пробав тој за намалување на порите, али не ми помогна баш. Кога ќе го потрошам ќе го пробам тој зелениот.
Здраво насите. Би ве замолила да ми препорачате крема за 35 плус, по можност antiage и да е за нормална накај сува кожа. Порано имав претежно мрсна кожа но во бременост комплетно ми се смени во претежно сува. Важно ми е за периодов да има спф фактор. Бидејќи сум со 1 месечно бебе тешко ми е да разгледувам по дрогерииве, а вака со конкретни примери го праќам маж ми и он.ми носи што треба . @Biodevojka би те замолила и тебе за предлог. Ви благодарам на сите...
Здраво драга, јас знаеш можам само органско и природно да ти препорачам. За жал во органската козметика нема обични креми на кои се додадени заштитни филтри, освен ако не станува збор за крем за заштита од сонцето (тогаш секако имаат спф фактор). Јас ќе ти препорачам неколку креми за заштита од сонцето само со физички филтри кои имаат одличен микс на масла и може да ги користиш како дневен крем кој не само што ќе те заштитува, туку и ќе ја негува кожата. 1. Еко Козметикс крем за лице со заштитен фактор. Цена околу 800 до 900 мкд го има во аптеки; 2. Лавера крем за лице со заштитен фактор цена околу 650 до 900 мкд го има во Космо и Биокулт; 3. Гамарде крем за лице со заштитен фактор цена 1350 за спф 30 и 1570 за спф 50 го има во аптеки. Има еден и на алверде за лице цената е околу 300 мкд, малку остава бела трага, ама ако убаво го размачкаш не се познава. Земи нешто доколку ти одговара како цена. Поздрав.
@Biodevojka dali znaes nekoja krema, maslo, maska za namaluvanje na mali luznicki od akni ili edinstveno moze so tretmani kaj dermatolog ?
Здраво драга, како масло може да ти препорачам масло од шипка кое е одлично за оваа проблематика. Има едно на Bare Origin. Како крем или оној на Gamarde себо контрол, или ако почекаш ќе објавам статија следната недела за еден крем со слуз од полжав на Dr. Organic кој моментално го тестирам и е добар и за ова. Инаку те молам немој да ги стискаш акните за да не си направиш поголем проблем. Поздрав.
Ќе ве замолам за сугестија за крема или флуид или спреј (ја читав @koritsaki за laroche спрејот, но не сум наишла на него ) , не сакам кремасто во смисла да ми го гуши лицето, сакам лесна а убава заштита за секој ден. Цена небитна, користам за лице поскапи работи. Го гледам во зегин ова дали има некој искуство грчки производи се, БИ го пробала 400ден. е на промоција и е спреј за лице и за тело. Препорака @Biodevojka те молам . и да напоменам и лани и оваа година ми се направиа флеки под очите после подочниците и на носoт и малку над горната усна .
Драга, јас би можела да ти прпорачам само кремасти производи (затоа што користам само физички филтри). Ова што го бараш во вид на спреј за жал, барем кај природната и органска козметика го нема (барем во Мк). Не би си дозволила да ти препорачам нешто со хемиски филтри кога ни самата јас не ги користам. Поздрав.
@Biodevojka нека биде твој изборот, ти верувам, за хемиските само онака прашав, не ги разбирам тие работи . Може и кремасто само да не ми ја мрси кожата, т.е. Т-зона ми се масти носот најмногу друго ми е нормална кожа
@Biodevojka i jas gi vidov tie na dr. Organic imaat i maska i krema i gel , bas ke ja procitam tvojata statija na fb , ti blagodaram mnogu
Драга, со оглед на тоа што физичките филтри (цинк оксид и титаниум диоксид) за да функционираат имаат потреба од масла, овие производи имаат помасна структура од оние со хемиските. Е сега од производи кои убаво би требале да се впиваат може да ти препорачам на пример Еко Козметикс кои имаат посебен крем за лице. Лавера исто така има убави креми за сончање и тие имаат исто за лице. Алверде остава малку бела трага. Тука е и гамард кремот кој е нежно масен, и многу лесно се впива, убаво штити. Е сега кој од овие нема да ти ја масти кожата, не би знаела да ти кажам затоа што е индивидуално. Денес и утре во Сити Мол има попусти на сѐ (нешто како лате најт шопинг) па скоро сите овие марки во аптеките или во Космо ќе бидат на попуст. Јас за декоратива сакам нешто ако е на попуст и таа да си земам. Најдобро е да побараш тестерче за проба од некои од овие креми или од сите, па сама да одлучиш што најмногу ти одговара. Јас моментално користам една италијанска на Фитокозе, ама следна што сакам да ја пробам е на Еко Козметикс. Поздрав. п.с. ако кремот за сончање ти е малку масен нема проблем може лесно да го неутрализираш со минерална пудра во прав. Јас на пример по кремот за сончање ставам минерална пудра во прав на Алверде која моментално матира, а со оглед на тоа што содржи цинк оксид и титаниум диоксид, ја зголемува заштитата на кремот за сончање. Поздрав.