Драга, станува збор за крем за синчање со претежно хемиски филтри (освен титаниум диоксид кој е физички аа во помал процент). Поздрав,
Предлог крема за сува кожа, нерамен тен и подочници? Накај 30-тите сум и мислам дека веќе ми е време за превентива. Цена еве докај 3000-3500
Пак јас. Си пробала со обичен алое-вера гел? Или пак оваа Fleurance што е околу 300, слична е, дури и цената им е тука некаде. П.С. Зелената Балеа онаа во обично кружно кутивче? Не е лоша за мрсно лице, ама пак можеби ќе ти се погоди.
@Mishela дур си тука да те прашам, зошто многу ти верувам во поглед на козметика Да ми препорачаш некоја крема за комбинирана кожа ама со хидрирачки ефект зошто Т-зоната ми е страшно мрсна, а само еден дел кај носот ми е сув и се лупи кожата тука дури И да не некоја на Балеа, зошто нема дм во Битола
Го имам алое вера гелот на ЕСИ и дневната и ноќната на Балеа со краставица за мрсна кожа. Гелот е ок, али при крај ми е, па мислев да купам регуларна крема. Таа крема на Fleurance каде ја има?
@YoungandBeautiful Истиот предлог останува и за тебе - види ја оваа крема на Fleurance, нивна козметика имаш во Зегин. Мислам дека беше околу 300 денари, ако си ограничена со цената. Се работи за природна козметика и мислам дека е доста пристапна за ваква фина крема и по состав и по функција. Spoiler: слика Друг предлог - Нивеа, онаа со зелена лентичка на амбалажата, која е наменета за комбинирана и мрсна кожа. Не ги суши нормалните делови и прекрасно матира, јас ја користев многу долг период, ама ми здосади и почнав да менувам почесто. Spoiler: слика Или пак, понежната варијанта од Нивеа, наменета за нормална до комбинирана кожа. Мене ми е премногу хидратантна, но не ми матира доволно за овој летен и топол период. Пак разгледај си сама, верувам дека добро си го познаваш лицето и ќе направиш добар избор. Spoiler: слика Трите креми одговараат на твојот тип на кожа, меѓутоа види си според тоа колку ти се масти Т-зоната и одлучи. @Elence93, ете пишав за кремата од Fleurance, па види дали ќе ти фати око. Има и друга верзија која мислам дека би била подобра опција за баш мрсна кожа. Таа е со поизразен матирачки ефект, ама мислам дека е нешто поскап од оваа другава крема. Мислам дека беше некаде над 500 денари, некои такви цени ми се вртат во глава. Spoiler: слика
Предлог за нокна крема за нормална/комбинирана кожа по можност на Алверде? Како дневна ја користам од Алверде онаа од јаболко и лимета и сум презадоволна.
Здраво драга, сите овие што ќе ти ги предложам се со физички филтри и креми за заштита од сонцето 1. Еко Козметикс крем за лице од 600 до 1000 не знам точно колку беше 2, Лавера крем за лице 740 *го видов пред некој ден во Космо) 3. Гамард спф 30 1380 мкд, спф 50 1570 4. Алверде (остава блага бела трага) 300 до 400 мкд. Поздрав Здраво драга, ухууу до таа цена еден куп предлози можам да ти дадам: 1. Крем од роза на Др. Хаушка 1200 мкд (кај мене на блог имаш рецензија) + крем за околу очи (кој според мене е најдобар со екстракт од ананас баш за подочници) 1500 мкд (или нешто слично 1700); 2. Крем за лице на Виво Олео ако не се лажам околу 1300 или 1400 мкд за сува кожа (кај мене на блог имаш рецензија); 3. Крем на Логона Age protection со хијалуронска киселина за спечување и намалување на брчките 1705 мкд плус крем за околу очи 1,430 мкд 4. гамард крем со хијалуронска Creme Riche 1200 мкд 5. Крем со слуз од полжав на Др. Органик (кај мене на блог баш денес објавив рецензија) 1750 плус крем за околу очи од истата линија (за кремот не ми текнува ама можно е околу 1200 да беше) 6. Логона линија со калинка и Q10 (цените се слични како онаа со хијалуронска) 7.Fleurance линијата за анти ејџ со матичен млеч цените беа околу 1000 мкд. Поздрав На алверде си пробала? Има една многу убава за масна кожа ама не успевам на интернет да најдам слика да ти ка покажам. Инаку и таа на Fleurance е убава со матирачки ефект ама е некаде околу 600 мкд ако не ти е проблем. Поздрав. Пробај ја аква 24 многу е убава хидрира а истовремено ја нормализира кожата. Може и навечер да се користи. Поздрав.
Веќе две години го користам дневниот крем на Балеа со екстракт од лотус Не е баш природна, ама засега ми одговара. Имам комбинирана кожа, масна т зона и нормална кон сува кожа на образите, ама постпородилно со второво дете и особено периодов, кожата цела ми стана масна. Најверојатно се должи на хормонскиот дисбаланс и очекувам дека ќе се врати како што беше кога ќе се регулира. За кремот можам да кажам дека е добар, брзо се впива, убаво хидрира, може да биде добра подлога за пудра ако немате многу мрсна кожа на лицето. Цената му е до кај 200 денари.
Беше на попуст тогаш кога јас прашував пред неколку месеци, па најверојатно ми ја споделиле таа цена. Ти благодарам на известувањето.
@YoungandBeautiful , aко ти е комбинирана кожата, комбинирај и ти две креми Најсериозно, јас на пример на челото и носот користам матирачка гел крема за масна кожа на Балеа, а на образите хидратантна крема од Алое вера на Fleurance. Пробај и ти некоја таква комбинација.
@LollySky Ни на крај памет не ми дојде ваква идеја Ама да знаеш дека и така ќе направам, само наместо таа на Балеа мислам дека ќе ја земам таа на Нивеа со зелена лента. Фала ти
@Biodevojka ja kupiv kremata na dr. Organic i maskata za lice i nemam zborovi za kolekcijata, ne sum koristela do sega poubava krema , ednostavno mn ubavo se vklopi na mojata koza, mn ti blagodaram za predlogot
Непланирано, вчера бев на сонце повеќе од планираното, па покрај кремите за лице и тело со заштитен фактор, малку изгорев. Лицето ми е суво, кожата затегната и малку рапава. Што можам да користам за да ја регенерирам и хидратирам кожата на лицето и телото? Ставив масло од роза и јојоба на лице, а афтерсан млеко на телото, но кожата ги впива за миг. Можеби алое вера би помогнала? @Biodevojka да не имаш некој совет? Фала