Не сум користела до сега алое, да не имаш некоја препорака кој гел, од каде, колку е и слично? Фала ти многу
Побарај го алое вера гелот од ESI. Го има во Зегин и мислам дека беше околу 300 денари. Можеш да го користиш и за лице и за тело. Ублажува нелагодности од изгореници и исто така од убоди од комарци.
Моментално ги користам овие 2: Втората кога излегувам надвор, првата кога ќе ми текне у меѓувреме. Убави се, не мрсат, брзо се впиваат.
Алое вера гел помешано со масло. Иста количина од двете или евентуално 2:1 две лажици алое вера гел една масло. Ќе ти ја хидрира и нахрани кожата. Пробај. Поздрав.
@Biodevojka ако може некој предлог за крема за флеќи? Не се од акни онака ми се појавија како пеѓи. Имам 2,3 на лицето во зима избедуваат, во лето се со по интензивна боја.
Здраво драга до таа цена можам да ти го препорачам само маслото од шипка на Баре Оригин. Другите креми кои ги знам се малку поскапи. Поздрав.
Ти благодарам за одговорот. Отприлика колку чинат? И 1000-2000 би дала не ми е проблем само да се ефикасни, бидејќи користев една крема (ја нема веќе во продажба) само ми ги избели малку во зима потоа пак исто. Сакам скроз да ги нема.
Драга, за овој проблем потребно е време, а и индивидуално е. Ова ти го кажувам од искуство затоа што и јас ги имам и сеупте се бориме со флеките!!! Инаку може да ја пробаш или на Гамард околу 2000 мкд, или евентуално на Др. Органик со слуз од полжав која е 1750. Првата ја користев пред две години и ок беше. Оваа вторава ја користам сеуште и ми се допаѓа.Освен избелувачко има и анти ејџ дејство. И двете се убави види ти која повеќе ќе ти се допадне. И двете креми ги рецензирав на блог така да провери ги статиите. Инаку пробај навечер да го правиш третманот со Ц витамин кој малку ќе ти помогне. Исто кај мене на блог има статија за ова. Како што реков треба да бидеш многу трпелива. Поздрав.
@Biodevojka разгледав од продуктите на еко козметикс и планирам да порачам крема за сончање спф 30, дали може да се користи и за лице? Поздрав
Знам дека имаат посебна за лице посебна за телo (или барем така мислам не ми текнува многу креми гледав), меѓутоа имаат толку убави декларации сите (цела колекција) што мислам дека може да ја користиш и за лице и за тело. Поздрав.
Здраво драга, доколку само Т зоната ти се масти и свети, а остатокот од кожата е нормална, па на моменти и затега, тогаш имаш комбинирана кожа. Поздрав.
Не, дури ми се лупеше деновиве носов.. А не ми е јасно како може да ми е сува, кога имам и акни чат- пат и црнки..
Нормално е да имаш црнки, порите се полнат со нечистотии и секако се создаваат. И акните се нормална појава кај сите типови на кожа, би рекла. Не е правило дека некој со сува кожа нема да има акни, нормално е да се појават во одредени периоди.
Кожата ми е претерано сува, препорачајте ми добара крема околу 500 денари шо би можела да е најдам во маркет или аптека. ДМ тука немам :'(