А ја пробавте ли гел кремата на Балеа, од онаа сината колекција. Составот на кремата е approved од Биодевојка уште одамна, а да бидам искрена мене ми е фаворит за летово. Прекрасна е и како подлога за шминка и нанесена самостојно. Ниту масти, ниту ја суши кожата. Баш по мерка ми е мене.
@Mishela за оваа ли збориш? Оваа ја немам пробано, пената само , и ми се допадна многу Инаку ја имам пробано таа кремата што излезе негде април месец во продажба заедно со серумот , ама некако леплива ми беше на лицето и веќе не ја користам
Не, мислев на оваа ама прочитав дека не ти се допаднала. Кога ќе се впие немам таков проблем со неа, многу ми одговара и не би ја сменила засега. Вредеше што дадов шанса, лицето не ми се замастило цело лето, а некогаш не ставам многу камена пудра преку цело лице. Ептен е успех тоа за мене, со оглед на фактот што немаше утро да не се разбудам целата покриена со масло во Т-зоната. Вака со гел-креми преку ден и Алверде дневната крема од роза како ноќна ми е одлично. Едит: Оваа што си ја постирала ми е следна за купување, ги имам гелот и пената за миење лице па баш сакам да ја проверам и кремата. Не е воопшто скапа.
Да , ќе ја пробам и јас , ќе и дадам шанса , пената ми беше одлична а не знаев дека има и гел за миење лице
Мислам дека има силикони некои во составот, не е најприроден ама навистина е нежен, многу ми се допаѓа целата колекција. Баш утре ќе ја видам кремата, ќе се пофалам ако ја бидува.
Здраво драга ако не ти е проблем уште 100 мкд плус за 900 мкд ти ја препорачувам на Гамард Себо Контрол која е фантастична. И на Др. Хаушка со мелиса е преубава ама е околу 100 или 1100. Што се однесува до гелот еве ти декларација, ја најдов на интернет Ingredienti: AQUA ALOE BARBADENSIS (emolliente) ACRYLATES/C10-30 ALKYL ACRYLATE CROSSPOLYMER (filmante) TOCOPHERYL ACETATE (antiossidante) MELALEUCA ALTERNIFOLIA (antibatterico) DISODIUM EDTA (sequestrante / viscosizzante) SODIUM HYDROXIDE (agente tampone / denaturante) PHENOXYETHANOL (conservante) POTASSIUM SORBATE (conservante) BENZOIC ACID (conservante) LINALOOL (Allergene del profumo) LIMONENE (Allergene del profumo) Како згуснувач содржи акрилат (она со црвено топче) кој е синтетички, односно мал дел е нафтен дериват, а тетрасодиум ЕДТА не е штетен за нас, само за водниот свет. Другите состојки се горе долу ок. Штета да не ставеле ЕДТА и да ставеле ксантан гум како згуснувач производов ќе беше бомбона. Ама не е страшно, нема силикони, штом си го купила заврши го, па за следен пат некој подобар ќе земеш. Инаку благодарение на состојките би требало да нормализира а сепак да хидрира. Поздрав.
Драга мислам дека во Еурофарм ја има. За тестери не би знаела. Провери во аптеките на еурофарм сигурно има. Поздрав.
Оваа не е за масна кожа, особено не во лето. Јас ја користам, ама кожава ми е комбинирана, во лето т-зоната повеќе ми се масти. Кремов ми е супер за останатите годишни времиња, ама во лето не. Додуша, ова лето имав проблем со кожата поради хормоните, почна цело лице да ми се масти, дури и образите, што никогаш порано не беше случај, ама сега гледам дека ми е вратено во нормала откако ми се среди циклусот. Сакав да кажам, ја препорачувам кремава за нормална до комбинирана кожа, јас сум презадоволна од неа. Ептен убаво мириса, брзо се впива, ги хидрира сувите зони, ама т-зоната знае да светне брзо ако е потопло. И да, одлична е како подлога за пудра кога не е толку топло, ама јас во лето не ни користам пудра.
@Annath оо навистина ли Леле баш ми е криво , баш сакав да ја пробам ама штом е така ич да не ја купувам. @Avery јас ја користев таа на Гамард кремата себо контрол , одлично матира само често во последно време осеќав како затегнатост во делот на образите , јас би ја препорачала за тие што имаат претерано масна кожа
Нема да те чини многу, ама летово сигурно нема да ти одговара. Не знам за во зима како би ти била, на ладното, ама зависи од кожата. Мене во зима образите ми се суви, а т-зоната ми се лупи и се прават лишаи. Со овој крем тоа го нема веќе. Гел кремот е можеби подобра верзија, ама не сум го пробала.
Јас ја купив пред некој ден кремата од Балеа што ја зборите погоре. Ми се допаѓа како го хидрира лицето ама не знам како ќе се покаже како подлога за пудра, не сум стасала да ја пробам за таа намена. Засега мислам дека убедливо најдобра ми е гел-кремата (минт тубичка) од Балеа и не би ја менувала. Во зима Алверде кремата со роза, во лето оваа гел-кремата од Балеа. Плавата крема за нормална и комбинирана кожа е 170 денари, така нешто. Не е скапа и според мене океј е да и' се даде шанса ако не друго. Секако ако не е добра како подлога за пудра ќе и се најде намена како ноќна крема. Мене ми се допаѓа, навистина убаво го негува лицето и Т-зоната не ми е замастена наутро кога се будам.
@Mishela јас поради тоа што Аннатх ми кажа дека не е баш ок за масна кожа , ја земав таа кремата во минт опаковка што ја имав земено во април , што викав дека ми е леплива, а и ти ја користиш. Не знам , реков да и дадам втора шанса еве ја користам сега втор ден и мислам дека е ок , дали тогаш нанесував премногу поради што е геласта , не знам
Да, видов дека си ја купила, се прерадував ко за себе. Баш пиши апдејт за некое време, мене навистина ми се погодија многу и кремата и серумот.
@Mishela ти имаш масна кожа? Кремот со лотус ти одговара? Мене лично ми е супер затоа што имам комбинирана кожа, што особено доаѓа до израз во лето, ама многу брзо ми светнува т зоната кога го ставам како подлога под пудра. А дека не ми е толку масна, затоа мислев дека не би одговарала за тој тип кожа. Како и да е, свесна сум дека не сите креми исто делуваат кај сите. Јас се мислев за гел кремата, ама пак си ја зедов оваа со лотус. А како подлога под пудра, лично мене најубав ми е аква серумот на Балеа. Одамна не сум зела, ама летово и онака не користам пудра, ептен кога имам потреба.
@Annath кожата ми е многу понормализирана од некогаш, не ми е веќе масна туку комбинирана и тоа преку целата година. Конечно нема повеќе драстични промени од масна кон нормална/сува при премин од една во друга сезона. Моментално од целата Т-зона само носот ми прави проблем и тој ми е најмасната зона од цело лице, другото е океј. Кремата со лотус многу ми одговара, дури и јас се изненадив, фина ми е ептен. Да напоменам дека не ја користам како подлога за пудра. Само за хидратација, како дневна крема дури сум без шминка и како ноќна. Плавата колекција Балеа многу ми одговара за нега на лицето, подобра ми е и од зелената на која и' бев верна изминативе неколку години. Аква серумот и јас го користев, меѓутоа овој зелениов серум ми е многу многу подобар. Мислам дека конечно си најдов солидни креми за нега на кожата, па да видиме до кога ќе трае радоста.
@Mishela Серумот е овој така? ако ми се погоди кремава , може и него да го земам го нанесуваш на цело лице? И матира повеќе од кремата ?
Да @koritsaki тоа е серумот, чини од 250-270 денари, не сум сигурна, сум подзаборавила. Многу убаво ја матира кожата и ги измазнува порите, со Ревлон Колорстеј (неа продолжив да ја користам летово) ми е феноменална комбинација, лицето изгледа ко да е нашминкано со ептен некоја хај-енд козметика. Навистина бев изненадена од него, не можам ниту да опишам колку ми се допаѓа. Го нанесувам на цело лице, многу е хидтатантен, само мислам дека содржи алкохол во составот па не знам колку би бил добар за осетлива кожа и не толку масна Т-зона. Можеби некои ќе треба да ја нанесуваат само на Т-зоната, за да не ги исуши образите, но мислам дека вреди да се проба. Јас немав никаков проблем со дехидрирани делови од лицето, а имам нежна кожа.
Мене најубава на мирис ми е една не така позната од Авон, всушност сѐ со тој мирис користам - кремата, водата и маската. Мене ептен ме освежуваат