Пробај на еуцерин пх5 или еуцерин со 5% уреа. И јас имав многу суво лице и само ова ме донесе до нормала а и добра подлога за пудра е. Сеа малце поскапо е околу 500 600 ама вреди.
Добрар за сува кожа е Бугарскиот на "AROMA" од краставица. во зелена амбалажа е. Може звучи смешно, дека е доста евтин, но ја хидрира кожата, и е со лесна текстура. Нели има разни на "AROMA" креми за лице, во зависност од што е кремата, таква е и бојата на амбалажата. Портокаловиот е од невен. Ги има во ZEGIN, на пазарче на тезгите за козметика.
Оваа крема од Балеа не е наменета за сува кожа воопшто. Има матирачки ефект и колку и да не е јак, пак не е добро за и така сувата кожа... Подобра е сината крема во туба, онаа со екстракт од лотус, ама и таа повеќе е за нормална кожа. За сува кожа само Алверде кремата со роза - најдобра е за конкретниов тип на кожа.
Козметиката на Etre Belle ја има во Пзу Skin Solution во Скопје. Случајно одејќи на третмани ги имам видено производите и истите ги продаваат. Јас ја користам оваа крема за лице и сум задоволна, зашто ми ја матира кожата и е со лесна текстура. Инаку малку скапи се ама после гледав и на интернет отприлика исти се цените.
Здраво, дечки. Дознав за производите на мелем и гледам дека многу ги фалат. Дали е за дневна употреба кремот за лице или само по потреба? Сите коментари што ги прочитав се однесуваа за некој проблем со кожата што им го решил кремот, ама никој немаше кажано дали го користи како обичен крем.
Јас го користам пред спиење каде што имам суви делови, на носот и околу, на и околу устата и брадата. Сабајлето кожата ми е многу мека. Ако имаш сува кожа можеш да го користиш и преку ден.
Веќе со години ја користам Nivea Soft и сум презадоволна. Од сите креми што ги имам користено најдобро се покажала, брзо се впива и кожата потоа ми е многу нежна. Не ја менувам за ништо
Може некој да ми препорача креми за мрсна кожа склона на акни имам и флеки на лицето..чуствувам потреба дека треба да коростам дневна и ноќна крема ако може да се од иста фирма
dali nekoj ima koristeno yang and pure od afrodita i hydra termal isto od afrodita?me interesira iskustvo i kako se dvizat cenite
Јас подолг период веќе ја користам оваа, предобра е ја има во сите аптеки не е поскапа од 100 денари.
Здраво девојки, да ми препорачате некоја добра секојдневна крема за осетливо лице, по некоја акна во одредени периоди, комбинирана кожа, Т зоната брзо ми се масти, а овој период ми се појавија и суви делови околу устата. Имам 21 година, цената да биде до 1000-1500. Благодарам @Biodevojka би ти била благодарна за препорака
Ти ја препорачувам кремата на Гамарде себо контрол. За мрсно лице е и мене најмногу ми помага околу акните , секогаш кога имам акни и ја користам неа лицето ми се смирува веднаш. Околу 850 денари е во Еурофарм
Ти благодарам, дали ја имаш користено и како подлога за шминка? Ме интересира дали нема да светнам во Т зоната за брзо
Да напоменам , кремава е органска од природни состојки , ја имам користено само со органски пудри и ми беше ок , незнам како е со другите пудри што содржат силикони , дали стои убаво пудрата со кремава како подлога баш некоја ако има пробано нека пише. А лицето не ми светеше , баш ја прави мат кожата , поготово ти што имаш комбинирана кожа ќе ти се погоди @Biodevojka нека каже дали кремава можат да ја користат и 21 годишни