Ве молам препорачајте ми ноќен крем, серум, масло и крем за околу очи до кај 1000 денари за двата призвода. Имам 31 година, суво/чувствително лице. Немам акни, само нееднаков тен и појава на првите брчки.
Овој крем го има во Зегин и е за секој тип на кожа. Цената му е 400 денари но јас кога го земав беше на акција 320 денари. Кремот е на природна база и е најпрекрасното нешто што му се случило на моето суво лице. Преубаво мириса и одлично ја хидрира кожата. Доста е пристапна за ваков состав и функција. Не е ноќен крем но мислам дека ќе ти заврши работа. Јас го земав по препорака на @Mishela и вечно ќе и бидам благодарна за овој предлог .
Да ми препорачате некој крем до 1000 денари, имам 24 години нормална кожа освен делот кај носот кој ми се масти. Никако да погодам соодветен крем, последно користев Биотен со екстракт од памук но воопшто не ми одговара.
Дали овој крем ја хидрира кожата? Зошто многумина ги поистоветуваат масна кожа со хидрирана (хидратирана, како и да е) кожа. Мојата на делови е масна, но ѝ недостасува влажност. Ако помага околу тоа, веднаш да ја земам.. зошто не ми е потребна за брчки како што и е потребна на другата членка.
Овој крем е наменет за хидратација за сите типови на кожа. Веднаш се впива и одлично ја хидрира кожата, така да мислам дека ќе ти биде добар .
Знам некои од вас го користеа кремот од роза на Алверде, ви се случило да ви се собира на кожата како сапуница изгледа? Не знам дали ми е заситена кожата или до кремот е нешто..
Јас го користев ноќниот крем. Слично како што велиш ти, по некое време како да не ми се впиваше во кожата, а на површината стоеше како масна бела трага. Лицето го чувствував како задушено, препотено... Зашто, како не знам... пресранав да ја користам
Здрaвo девoјки. Препoрaчaјте ми некoјa дoбрa дневнa кремa зa лице , дрoгерискa, зa нoрмaлнa дo мaснa кoжa. Пoследниoв периoд ми се пoјaвијa суви делoви нa лицетo и никaкo дa гo средaм. Некoјa кремa кoјa дoбрo хидрирa?
Јас чинам дека, не секогаш цената и брендот играат улога. И пазарските креми знаат да бидат добри. И нашите мајки и баби користеле незнам Еуцерин, Виши, и слични марки, па немале ни брчки ни ништо. Скептик бев кон пазарската козметика, но некои кремчиња се покажаа одлични.
Благодарам на одговорот. Бев во неколку аптеки и секаде беше распродаден. Нареден пат ќе го имам повторно во предвид Во меѓувреме ќе барам друга алтернатива или ќе трошам од многуте што ги имам (но не ми оддговараат).
Здраво, ќе ве замолам за совет. Која крема е подобра Bioderma Sebium Global или Bioderma Sebium AKN, во што е разликата?
Јас го користам кремот за лице здраве и мене многу ми помага за кожата и ми ја прави многу убава и сум прилицно задоволна и плус прекрасно мириса.
Да, и мене ми го изнафалија, Бугарски е, а е смешно ефтин а преубав по однос на цената. А, за што конкретно помага? Форумџиките тука што читам, го користат против акни. Помага ли како превентива против брчки, така нешто?
Не е за брчки, напротив. Многу ја суши кожата. И јас сум презадоволна од кремот меѓутоа не би го препорачала како секојдневна крема за цело лице туку само за смирување на акни и црвенило.
Здраво. Дали некој ги користи кремовите на Avene ? Имам нормална - сува кожа и размислувам да купам некој од кремовите, ги разгледував и мислам дека ми одговараатAvene Hydrance Optimale Riche како денски крем и Avene YsthéAL Crème за ноќен. Искуства, совети?
Против пеги и флеки, јас знам дека од времето била добра Лала кремата. Ефикасна била, ама резултатите биле видливи дури по три недели, ама лицето го правела стакло. Цената е смешна, 100 денари е една, има дневна и ноќна. Ја има по пазарите на тезгите за козметика. За некоја друга крема ако дознаам, ќе ти пишам. За Лала велат дека доста била ефикасна. Јес да е пазарска, ама понекогаш пазарските креми се покажале, како многу по ефикасни ок колку брендираните креми. Несакам ништо да наметнувам, само дадов предлог, по однос на твоето прашање. Поздрав.
Не наметнуваш мислење, и јас се имам уверено во истото. На пример Здраве кремата ми се покажа како најефикасна во справување со акните во пубертот. А каде можам да ја најдам Лала кремата? На Бит-пазар дали ја има?
Ja ima na site tezgi za kozmetika. Srpska e, ja proizveduva kozmetika "Мирјана" од Белград, и е до далечната 1945 година чинам на пазарот. Нашите баби и мајки ја користеле, па една брчка немаат. За кремата Здраве исто така само позитивни коментари имам слушано, иако е Бугарска. Смешно ефтина е, а се покажала како мн ефикасна при акни како што кажа ти. Тешко се размачкувала, таква и била текстурата, јас мислев дека помага и нешто како превентива против првите ситни бори, ама не, ми рекоа дека не е за таа намена, туку за акни.