Па не сум сигурна за против брчки дали помага но од нивната фирма има исти креми кој помагаат против брчки има три вида ако сакаш следен пат кога ќе одам во продавница ќе ги сликам и ќе постнам слика во темава .
Јас ги имам користено, мене ми беа одлични. Само мора да го погодиш вистинскиот крем за твојата кожа, бидејќи како што пишува така е, и ако утниш нема да си задоволна. Иначе имам користено повеќе продукти од Авене, претежно од сите сум задоволна, освен од термалната вода, не ми беше ништо посебна. Исто така имав еден крем за хидратација, а не ми ја правеше кожата ништо посебно (а, ја платив скапо), од другото сум презадоволна. Ноќе не користам крем, за да диши малку кожата..
Благодарам @Silver.E ќе пробам и се надевам дека ќе го погодам кремот според кожата бидејќи и не се многу ефтини.
Извинете ако прашањето не е баш за оваа тема, ама не најдов баш тема за креми за подуени/потечени очи. Дали може да ми предложите серум или крема која помага за намалување на подуени очи и подочњаци? Гледав на интернет предлози, имаше од Clinique all about eyes серум со рол-он нанесување, и ја најдов во космо како крема ааама 2800 за 15мл...too much. Слично такво од Garnier e овој рол-он серум, ама не успеав да го најдам. Дали некоја го видела? Ве молам за предлози до кај 1500 денари, за подарок ми е за 3-4 дена. Фала многу!
Јас овој го барав лани, во повеќето продавници ми рекоја го нема веќе.Исто го користев на Clinique all about eyes не сум задоволна воопшто. OLAY планирам да разгледам следно што имаат.
Дали Алверде имаат добра крема за масна кожа? Прашувам конкретно за овој бренд затоа што читам дека производите им имаат убави состојки.
Ја користам веќе околу еден месец и можам да кажам дека по хидратантна крема не сум користела ја препорачувам
Јас овој го зедов, демек хидратација. Како дневен крем но јас не го почитувам тоа. Што мислите, океј е за сува кожа?(мислам дека е сува или нормална)
Мојата е сува, е сега не знам нормална или осетлива или комбинирана. Ама поголем процент ми е сува и би рекла како иритирана, кога ќе си ставам од кремов ме пецка малку лицето.
Овој серум е за многу зрела кожа, некаде отприлика за 60+. Не сум сигурна дали го има кај нас, го немам приметено мислам. Ако бараш добар серум, ти го препорачувам оној со пипета од Есте Лаудер (Advanced Night Repair). Мене рано ми е да почнам со серуми, но мајка ми (50+) вели дека е одличен. И сама забележувам резултати кај неа, лицето значително се измазни по одреден период.
Ако те пецка, најверојатно некоја состојка не ти одговара. За зимскиот период ти е идеална кремата на Алверде со масло од дива роза, од природни состојки е, и не е скапа, до кај 200 денари е максимум.
Дали некој ги има користено овие креми? И како сте задоволни? Исто така сакам да ја прашам @Biodevojka дали во Скопје може да се најде етерично масло од смиљ? За истото да се додаде во кремата за лице...