Дали некој ја има користено кремава? Кожата ми е некако сува на ладново, па ми треба добра крема што ќе ја хидрира, но да не биде мрсна. Ја гледав и таа од дуња, но не знам. Некој да ме советува?
Девојки некој предлог за крема за комбинирана кожа со акни која преминува во сува? Моментално користам од Dr. Hauschka - clarifying day oil во комбинација со ноќниот серум, и супер се за лето и есен, ама ми треба промена. Кожата ми е некако сува, ама проблем се акните, затоа и не можам да користам креми наменети за сува кожа. При крај сум со маслото, ми треба предлог за органска крема или крема со океј состав, @Biodevojka ќе те тагнам тебе, отворена сум за предлози, цената не е битна. Ја имам користено таа на Alverde со алги, ама не ми одговара. Читав рецензии за кремите на Gamarde, ама не сум сигурна која е најсоодветна за мојот тип на кожа.
Здраво драга, етерично масло од смиљ немам видено во Скопје. Провери во Ла Сој дали има, можно е само таму. Поздрав. Од гамарде има една многу убава за кожа со акни, меѓутоа не осговара за кожа која оди накај сува. Мој предлог ти е да ја пробаш кремата на Хаушка со дуња, не е за акни меѓутоа одлично матира а истовремено хидрира и заштитува од ладното. Во спротивно себо контрол од Гамард ама не хидрира, само матира и помага кај акни. Може да ти препорачам наместо крем да земеш масло од јојоба кое е фантастично, одлично против акни затоа што го нормализира себумот, а истовремено и храни и заштитува од ладно. Изборот е твој. Поздрав.
@Rebecca_R , јас ја користев таа на Гамарде себо контрол , но да знаеш матира многу добро така да незнам колку ќе ти одговара на сувите делови на лицето. Инаку и мене таа на Алверде со алги не ми се допаѓаше , иако имам масна кожа не ми одговараше.
Најверојатно нема да ми одговара бидејќи матира, ќе ги разгледам другите на Dr.Hauschka па ако не најдам ништо соодветно ќе ја купам онаа на Lavera - basis sensitiv. Сега ми текна дека ја користев летово (имаше акција со заштитен фактор), ми беше малку тешка ама за овој период мислам дека ќе е совршена. Да едитирам, Alverde од алги ми ги вцрвенува образите, веројатно некоја состојка не ми одговара. П.С. Каде можам да ја најдам кремава, освен во Космо Зебра?
За комбинирана кон сува кожа моја другарка ја користи оваа крема од Лавера и ми има кажано дека не е матирачка како што пишува , и ја хидрира кожата на сувите места. Ако ја најдеш во Мк можеш и неа да ја пробаш кај мене во Гр е околу 8 евра. Или па ако пробаш од Др.Хаушка пиши и мене ме интересира
А додека уште не сум купила, случајно ја видов таа на Алведере кремата со роза, за сува кожа мислам дека е, ќе може да сподели некој искуство доколку ја има користено? Благодарам однапред.
@Luminary јас сега скоро ја земав, немам премногу сува кожа, повеќе накај нормална е, и не ми одговара. Во зима имам суви делови околу носот и образите па затоа ја земав да ја пробам. Во моментот кога ја мачкам делува таман, но само после неколку минути е веќе упиена и почнува да ме затега лицето како ништо да немам намачкано. И понатаму сум во потрага по кремче за сува кожа.
Исто и мене ми е премногу сува кожата на вакво време и ептен ми треба некаква крема да ми го среди лицето. Користев на Гарниер, ништо, како да не сум ставила. Dove ми е премногу тешка за лицево, кожата одма ми реагира, како да се поти. Се мислев за оваа со розава или пак на Биотен да ја земам таа со памук, за сува и осетлива кожа мислам беше.. Не знам
Тогаш, мислам дека нема да ти одговара. Со оваа Биотен за сува немам искуство, од Биотен имам користено од другите за комбинирана кожа (таква ми е кожата преку лето) и убаво се покажале. Ако ја земеш пиши мислење да знам дали ја бива за сува кожа
Во меѓувреме читав по темава и видов дека се спомнуваат и Алверде авокадо, MED , камилица, И уште толку се збунив Исто така ќе ја означам @Biodevojka ако може да не советува. Исто да напоменам дека мене ми треба за помлада кожа, под 25, која многу ми се суши од ладното, дури и ми се лупи на образите. Биотен/Алверде, која? @Kitten јас секако ќе купам некаква деновиве па ќе пишам.
Кремава за сува кожа на Клиник. Вреди, предобра е! Едит: @Luminary пробај ја оваа, ја продаваат и како тестер (15 мл за околу 600 денари во Космо). Јас имам исто така премногу сува кожа во зима, кремава e спас.
Малку помош ќе ве молам.. Ми се појавија флеки на лицето,на челото и образите.Пробав со неколку креми да го тоа исчистам но без успех,баш грозно изгледа. Последно го пробав Серумот на Ив Роше,и наместо да се исчисте ми се проширија. Има ли нешто друго што би можела да пробам? Оваа последно ја користев
Доста позитивни искуства со кремот (или гел беше) за флеки на Неострата има моја познаничка. Не знам само да ти кажам дали би ти одговарала, бидејќи може да зависи третманот од причините поради кои се појавуваат флеките. Мислам дека можеш да го најдеш лесно таму во аптеките.