Ме стигаат годините 980 е ама секоја среда имаат 20 проценти попуст така да околу 780 излегува. Кога ќе ја пробаш пиши ми обавезно
Кремот за миење лице,го видов кај тебе на блогот,а видов и еден друг тоник незнам како се викаше,а да те прашам дали си слушнала за кремите на sixth sense природни биле?
Да, мене ми е одлична. Ја мачкам околу половина час пред да се шминкам и пудрата многу убаво „легнува“ и изгледа баш убаво. Кремата веднаш се впива и лицето ќе го чуствуваш меко и мазно како бебешко газе .
Видов дека во зегин од оваа фирма имаат и некои серуми, маски, пилинзи. Дали освен кремата ги имаш пробано другиве работи?
Од неодамна се префрлив на овие две.Биотенот ја користам за преку ден, лесна крема е, фино хидрира и не ја мрси кожата. Афродитата ја користам за навечер, помрсна е ама мене ми одговара за мојата нормална кожа.
Драга не сум слушнала ниту пак сум пробала, не можам ништо да ти кажам за sixth sense. Ах за кремот за миење фантастичен е. Преубав навистина, јас па помислив некој гел си видела, не те разбрав добро. Поздрав.
Јас мислам дека еднаш одамна имам прашано ама немам добиено соодветен одговор/мислење. Не знам колку е океј да прашам на темава, ама сепак - Според вас, дали е рано да се почне со користење на крема со Q10 на 27 години ?
Девојки крема за 27 годишна возраст? Моментално ја користам на Афродита од невен и ми светнува лицето. Вака ок е, пробав со две пудри и пак светнувам, па сигурно е од кремата. Имам комбинирана кожа, чисто лице.
Оваа од @koritsaki е добра, ама кремата на Балеа со екстракт од лотус уште подобра. Јас имам комбинирана кожа и чисто лице, кремот ептен ми одговара, дури и како подлога под пудра. Ама јас не користам секој ден пудра, само кога имам потреба, башка не е екстра покривна. Еве денес имам и крем и пудра, уште не сум светнала, а од 7:30 сум излезена.
Викаш ќе ми одговара и мене на маснава кожа или? треба да купам некоја крема, чекам во Ск да дојдам др понеделник, се мислам за Др.Хаушка или па некоја др да видам
Па не знам, јас имам комбинирана накај нормална, порано ми беше помрсна т-зоната, ама како стареам, не се масти толку. Мене ептен ми е погодена, пред недкој ден си купив ново пакување, не знам кое по ред.