Дали има некоја да сподели искуство за кремите на Taiva? Конкретно за дневната и ноќната крема за мрсна(комбинирана)кожа?
@Biodevojka препорака за ноќна крема за сува кожа на девојка на 18годишна возраст? Ми треба нешто за секој ден што ќе ми ја хидратира кожата после чистење на лицето. Ја користам пената на Балеа за сува и осетлива кожа, како на сликата постирана од членката над мене, ама не сум воодушевена. Солидна е. Па ми треба нешто што ќе ја надополнува во комбинација.
@Biodevojka јас имам 27 години и смешна кожа значи образите ми се кристал дамка немам, ниту пора ми се познава ама челото и носот црнка до црнка плус откако ке ги извадам дупки мали ми остануват. Ми треба крем за брчки Лореал не ми се допаѓа, на Нивеа сум алергична, сега земав Флорена ама сакам некој стварно што има ефект за брчки. Смеам ли да користам некој со колаген? хијалуронска киселина? предлог?
Јас мислам дека рано ти е да користиш такви креми.. јас имам 28 години па не ми паѓа на памет да користам креми за брчки Ако сакаш за почетни брчки тогаш земи ја на Алверде со алги и плус хијалуронска киселина.. но наменета е за наша возраст и плус е природна
Има ли на некоја друга фирма од алги, алверде се ефтини па дали и воопшто има некој ефект. А да барам крем во кој има хијалуронска киселина или?
@Responsible Иако се ефтини , барем состојките се многу подобри за разлика од други креми на што ги плаќаме дупло. За оваа крема сум сигурна дека има х.киселина. има уште една со гоџи бобинки исто од Алверде - таа ја немам користено ама знам дека е за над 30 год возраст баш нека ти каже и @Biodevojka мислам она ја има користено. Друга крема што ха имам користено е на Natura siberica Sophora japonica исто поради хијалуронот се препорачува над 27 год возраст , за цената незнам колку е , јас ја купував 12 евра , ја имаш во Космо Тинекс
Започнав да ја користам дневната и ноќната крема од дива роза на Алверде и во моментот сум презадоволна. Имам нормална кожа која периодов поради ладното чуствувам дека ми е некако по сува од вообичаено и можам да кажам дека кремиве одлично ми ја освежија и хидрираа.
gledam pretezno za dnevni kremi se pisuva tuka. dali ima nekoj sto koristi nojkna krema? razmisluvam da si vovedam i takva krema vo negata na lice pa da cujam mislenja
Едно прашање девојки..Имам 17 години и дали ќе може да ја користам кремава на Алверде? Пишува дека се препорачува за лица над 25 год. ама сепак е природна..кажете ми мислење
Драга сноу, на таа возраст воопшто немаш потреба од ноќни креми. Кожата е сама способна да се регенерира навечер. Најважно е убаво да ја чистиш и тонизираш со некој добар тоник. Пената доколку не ти е баш најпогодена, може да купиш други средство. на пример од Хаушка пастата со бадеми за чистење на лице која е одлична и ја остава кожата мека. Како крем за таа возраст за секојдневна заштита може да ја пробаш на алверде со камилица или на пример бадемово масло чисто на лице или маслиново, аграново масло. Нема потреба од многу состојки. Верувај ми. Поздрав. Хијалуронска јас лично ја препорачувам од 30 па нагоре, ама имаш 27 така да ок.Колагени и останати работи не, сеуште е рано. Молим те користи креми кои се без силикони, на пример алверде со хијалуронска што ти ја препорача коритсаки, или гамард со хијалуронска (зависи од твојот буџет). Цел живот ќе имаш понатаму колаген да мачкаш не се секирај. Поздрав. Драга евтино не значи неефикасно. Баш напротив. Скоро сѐ што имам пробано од алверде се покажало одлично. Понекогаш лекот е пет пари што би рекле старите. Верувај ми еден куп креми кои се скапи имаат силикони, нафтени деривати и што се не, па луѓето мислат дека се супер, само поради цената. Не биди скептик, дај и шанса на козметиката. Ако не ти се допаѓа, секако може да одбереш друго. Поздрав. За гоџи бери на алверде тврдам дека е феноменална, особено ампулите за лице. Се препораќува од 30 години па нагоре. На натура сиберика баш оваа ја немам пробано, ама ќе ја разгледам и ако е ок ќе ја пробам. Поздрав. За колку години и до која цена? Сигурно ми имаш стопати кажано колку години имаш, ама многу сте не можам да ве памтам сите
До која цена? На пример има еден на Балеа многу убав без алкохол во розева опаковка околу 130 мкд. потоа доколку може да одвоиш до 400 мкд имаш ружина вода на Баре Ориџин која е феноменална. Поздрав.