Здраво, сакав да побарам мислење од вас. Дали ноќна обновувачка крема со следниве состојки би била штетна доколку ја користам ? Имам 24 години, инаку пишува дека е наменета за сите возрасти, но тука некаде од вас читнав дека хијалуронска киселина се користи над 30 годишна возраст, а во оваа крема ја содржи.
Девојки ми треба предлог крема.. Моментално ја користам биотен од дуња но сакам да сменам..Образите ми се скроз суви ми се прават лушпи и кожата на тој дел ми е рапава, а т- зоната ми е многу мрсна..Незнам каква крема да земам
@ivanchos @Biodevojka ќе ја тагнам , ќе помогне при изборот на крема сепак мое мислење е дека кремата од дуња на Др.Хаушка ќе ти одговара. Имаат и една со роза лајт верзија , но не знам за таа колку ќе ти одговара бидејќи е повеќе за сува кожа
Јас користам од Young derm крем за мрсна и проблематична кожа, мислам дека има и за сува кожа.За цената си е супер , имам пробано и поефективни ама се доста поскапи.
Каде можам да ја најдам таа на Др Хаушка? Јас размислував и за Fleurance од алое вера..Дали имаш искуство со неа?
Драга јас овде повеќе би се секирала за силиконот, и нафтените деривати. Многу е хемиска кремава, може подобро да најдеш. Инаку јас лично препорачувам хијалуронска од 30 па нагоре, е сега некој ако има 27 ок е. Ова не дека е штетно, туку нема потреба пред време да се користат некои состојки. Поздрав. Се согласувам со koritsaki може да ја пробаш на Хаушка од дуња. Одлична хидратација дава и ја заштитува кожата од студот и загаденоста. Пробај ја навистина е одлична. Онаа на Флеуранце како декларација е убава ама како ефект нека каже некој што ја користел. Поздрав. Фала ти мила што ме тагна инаку немаше да видам. Поздрав.
Дали може да ми препорачате некоја крема за сува кожа, ми се лупи во делот на носот и под очите и немам дел од лицето што ми е мрсно. Цената ако може негде до 500-600 денари. Ви благодарам.
Ве молам предложете дневна крема за лице кое е многу проблематично и има многу акни? @Biodevojka Совет?
Ова е тоа - флуид? http://www.biohabit.mk/product.jsp?id=25 После колку време отприлика имаше подобрување?
Јас немав многу акни на лицето, но ми помагаше премногу со маснотијата ако имаш и мрсно лице ќе ти помогне , а акни користејќи ја кремава не ми се појавуваа нови