Ја има некој користено оваа крема? Белата Нивеа? Јас ја имам користено плавата, супер ми е, дека ми сува кожата. Ама некако како да ми се презасити лицето од неа, па да сменам. Добра е? Хидратира? За сува кожа е?
Јас имам сува кожа, ако не и премногу сува и воопшто не ми одговараше кремава. Ја земав чисто онака да ја пробам и за под пудра, ама не ми се погоди.
Јас моментално користам крема од докторс, против акни и искрено многу сум задоволна ептен ми се исчисти лицето..и девојки ако можи препорачајте ми некоја добра дневна крема, што е за мрсна кожа
Јас имам кажано дека цел живот ја користев нивеа софт белата, имам сува кожа. Ептен е хидратантна и освежува, ама не е мрсна, не ти свети лицето. За разлика од неа оваа нивеа бејби ја пробам и ми беше многу мрсна, дури и јас што имам сува кожа лицето ми светеше. Исто ко останатите бебешки креми ептен се мрсни, убави се да ставаш, ама ете јас на пример палвовичева ставам кога цел ден не излегувам од дома и има време да ми се упие убаво. Инака онака небива Многу, многу ја сакам нивеа софт. Сега земав друга за да сменам малку зашто ми здосади и пак на нивеа, не одустајем
^Исто. Сменив едно време на doctors, после земав една од авон, ама кога ќе ги ставев премногу беа мрсни и за 2-3 мин ништо. А мојата кожа е многу сува. Ако не ставам крема пред да се шминкам, или после бањање, ми се прават лишаи кај носот, над веѓите и од страните на устата. Таман ми е нивеата
Јас ја користам. Кожата ми е комбинирана и кремава супер ми се погоди. Ама мислам дека за ептен сува кожа не е доволно мрсна
Јас имам комбинирана кожа на лицето, односно мрсна Т-зона. Долго време неможев да си најдам креме која ми одговара на лицето, затоа што после 2-3 ставања од која било крема, мене лицето ми се нафрлаше. Сега ја купив кремата од камилица на Докторс против акни и е прекрасна. Веднаш се впива, ја користам секој ден и ми нема искочено ни една бубулица, дури ни пред да добијам
Па за бебиња е наменета, нема посебно нагласено за некој вид на кожа, пишува за 24 часовна хидратација и дека намалува ризик од алергии
Порано го користев овој крем од Dave ама сега го користам овој од Oriflame и многу сум задоволна од овој крем
Си користам бекутан од кога знам за себе, ама дефинитвно треба да ја сменам пошо некако во последно време имам некако многу мрсна кожа така да светнувам како елка. Спојлер Предложете ми крема за мрсна кожа на лице
Само што ја купив кремата на Верона со козјо млеко. Знам ја фалеа на форумов некои форумџики, па се решив да ја пробам. Убава ми се чини, ама читам колаген содржи Да не е кремава наменета за позрела кожа Не пишува на неа таква работа, ама штознам ова колагенов ме буни и се двоумам дали да ја користам. А нанесов сега, и првиот впечаток е добар.
Јас ти ја препорачувам Yound Derm, ефтина+ептен е ефикасна, барем на мене лицето ми го направи сон. И поради посувата кожа почнаа да ми се намалуваат митисерите.