Здраво драга една од подобрите креми со висок заштитен фактор со физички филтри е Еко Козметикс 50 спф. Обавезно пробај ја, ја има поаптеки и во Сити Мол на штандот на Биоорганика. За ноќна крема ќе ги разгледам неколку креми кои мислам дека ќе одговараат (да ги проверам уште еднаш состојките) па ќе ти пишам. Поздрав. п.с. За масло можеш пшенични никулци, авокадо, арган...она што сакаш... Драга за овие три не коментирам, не се органска козметика. Доколку сакаш нешто во склад со она што го работам, секако ќе ти препорачам. На пример Др. Хаушка кремот од роза за сува кожа е феноменален (за секоја годишна возраст), потоа на Флеурансе кремот со матичен млеч е многу убав (не ми пиша колку години имаш, па овој го ставам под знак прашање), на Алверде кремот со роза е преубав..имаш повеќе избор. Пиши ми само колку години имаш.
Скроз се согласувам со рецензијава, иако јас само околу 2 недели ја користам кремата, ама сум многу задоволна. Не видов дека има и масло во аптеката, но јас прво на сајтот на Dr.Hauschka си го најдов типот на мојата кожа (Combination Sensitive) и ми се појавија препораки за кои производи ми одговараат, па се решив за кремата Мелиса (1100 денари) и кремчето за околу очи (1300 денари). Како што рече, прекрасен мирис, лесна текстура и цел ден ми е меко лицето, посебно образите ми беа суви и кога ќе ги допрев како patches од сува кожа имаше, но веќе го нема тоа со користење на кремава. Едноставно, и самите состојки кога ќе ги прочитате јасно ви е дека е природен, нежен производ. Кремата околу очи исто е многу нежна, не предизвикува никаква реакција или иритација и убаво го хидрира местото, ама уште немам видено ефект врз првите брчки, дали ќе ги намали линиите. @koritsaki фала ти премногу за препораката, многу ми се допаѓа кремчево, чим видам дека има попуст ќе си земам пак!
@CinnamonBambi мило ми е што и тебе ти се допадна да и кремот за очи е одличен , немам зборови за оваа козметика и секако најголема благодарност до @Biodevojka што ни ги отвора очите кога се работи барем за нега на кожа
Благодарам драга. И јас сметам дека Хаушка е една од најдобрите марки на органска козметика, а можеби и прават воопшто. Таа не се појави за да го следи трендот на органското, туку според мене Хаушка ја измисли органската козметика. Ако не се лажам е прва компанија со оглед на тоа што се појави во 60-те години. Поздрав до сите!!!
Ја купив кремава по препорака на форумов. Дали е во ред на 27 годишна возраст да ја користам кремава? Содржи хијарулонска киселина, мислам дека служи за превенција од брчки. Мислење?
i mene biodevojka mi ja preporaca imam 28 godini. itaka ja kupi koja i bese cenata? da znam da pratam nekoj da mi kupi
Здраво @Biodevojka, однапред се извинувам за долгиот пост што ќе ти го упатам и се надевам на твоја помош. Имам кожа која не знам ни самата како да ја дефинирам. Би рекла дека е комбинирана бидејќи челото премногу ми се мрси, а истовремено го осеќам и како да е дехидрирано и му фали "малку свежина", додека пак кожата на образите ми е нормална/сува. Редовно го користев тоникот од Алверде со дива роза заедно во комбинација со кремата, но по краток период ми светнуваше кожата во пределот на челото и носот. Тоникот ми се допаѓаше и продолжив да го користам. Ја земав матирачкиот крем гел од Балеа (мислам дека беше зелен), но не ми се допадна како ми делува на лицето и прекинав да го користам. Потоа земав масло од јојоба кое најдобро ми беше за лицето, но имам чувство како кожата пребрзо да ми се заситува од секој производ и после тоа како да нејќе да го впие. Сега ја имам и матирачката крема од Алверде со лимета и јаболко ако не се лажам дека е и го земав и розевиот лосион од Балеа што е за чувствителна кожа, но челото повторно по час-два ми свети. Сето ова мислам дека пред се ми се случува бидејќи имам малку проширени пори на челото. Дали би можела да ми предложиш некој крем, лосион, нешто за миење на лицето, било што што би можело да има некаков ефект? Инаку имам 22 години. Убав ден
Здраво драга, дали си го пробала кремот на Флеуранс со матирачки ефект? Тој би можел да ти одговара, Цената не ми текнува ако не се лажам 600 мкд (не знам дали ти одговара како буџет). Поздрав.
@Biodevojka Благодарам за предлогот, се надевам во скоро време ќе го пробам. Буџетот не е проблем бидејќи сфатив дека цената не е некој голем предуслов за квалитет, некои многу поскапи креми и продукти што сум ги користела не вределе воопшто за парите и не дале некој wow ефект.
Во секое време драга. Има и упте еден крем од оваа марка со алое вера гел кој дава поголема хидратација. Едниот убаво ја матира кожата а овој со алое е специјален за хидратација. Може да ги земеш и двата ако не ти е проблем буџетот и на Т зоната да ставаш од матирачкиот а на сувите делови од алое. Види ти како најмногу ќе ти одговара. Кога и да треба слободно пиши. Поздрав.