Благодарам повторно. Неделава сум дома и сакам да ја одморам кожата од секакви препарати па да видам после како ќе се однесува и која крема ќе ја "побара"
па да не се многу скапи бидејќи изнакупувава се и сешто и се ми стои во шакф само неколку пати пробано
До модератори: @Mishela @koritsaki Може ли посебна тема да се отвори каде што ќе се поставуваат прашања до Биодевојка? Многу стана непрегледна и напорна темава.
Воопшто нема потреба за нова тема, сепак прашањата за препорака не се оф топик, се зборува за крема за лице за што е и темава патем. Не гледам причина зошто би била потребна нова тема, кога за дополнителни прашања веќе ја имаме темата за анализа на декларации. Таму може да се постават секакви прашања упатени кон неа.
Ок, дај ми барем граница на пример до 1000 мкд за двата производи или до 2000 мкд за двата. За да знам да се ориентирам. Благодарам.
Сакам да го пробам шеа путерот од La Soy, па доколку некоја од вас го има користено би сакала да слушнам какви искуства имате. Патем, гледам на нивната страна дека всушност има три видови. Кој би бил најадекватен за многу сува кожа склона кон создавање на акни и црнки? Спојлер: La Soy шеа путер http://www.lasoy.com.mk/index.php?o...=shop.browse&category_id=53&Itemid=71&lang=mk
Крем околу очи земи го тој на Алверде со гоџи бобинки. Пишува од 30 па нагоре ама имаш 29 ок е. За крем за флеки нема евтина варијанта, може евентуално шеа путер во комбинација со рицинусово масло на местата каде имаш флеки. Поздрав.
Здраво. Ве молам за помош, имам 22 години и имам комбинирана кожа (мрсна на Т-зоната и нормална на останатите делови). Меѓутоа за време на зимата, поради големиот студ кожата ми е мнооогу сува и дехидрирана (посебно челото и делот под усните ). Барам некој крем со пристојна цена.
Советов е малку надвор од темава, ама освен од студот кожата ти е сува и од греењето. Затоа гледај да пиеш повеќе вода и во просториите кај што спиеш и поминуваш најголем дел од времето стави некој метален или керамички сад со вода за да се навлажнува воздухот.
Здраво драга, кажи ми до која цена на пр. до 500мкд или до 1000 мкд за да знам да се ориентирам. Поздрав.
Со оглед на тоа што имаш 22 години до таа цена може да ти препорачам масло од јојоба. Одлично ги храни сувите делови на кожата, а го нормализира вишокот на себум на Т зоната. Цената е околу 315 мкд и може да го најдеш во биокосмос продавниците. Други креми па дури и оние поевтините на алверде за твојот тип на кожа содржат хијалуронска, така да не би ти препорачала. Единствено ако не ти е проблем уште 100 мкд да додадеш па да го земеш кремот на Флеуранс со алое вера. Мислам дека беше околу 600 мкд ако не се лажам. Другите убави креми се поскапи. Поздрав.
Здраво драга, од Ла Сој го имам пробано оној бабу..еве повели рецензија http://biodevojka.blogspot.it/2015/04/la-soy_21.html исто така и овој на Институт органика https://biodevojka.blogspot.it/2017/07/blog-post_27.html Еве и видео за употребата За било што слободно прашај. Поздрав.
@shining_star јас го имам пробано шеа путерот на lasoy, мислам дека беше беби шеа путерот и бев задоволна, јас го купив првично за околу очи но бидејќи многу бавно се троши,а рокот му истекуваше бидејќи му е пократок, го ставав и на цело лице. Е сега е мрсен и тежок ама јас бев многу задоволна, би ти го препорачала за овој период, ептен ја регенерира кожата.